Аналогна електроника > Напојувања

UPS Smart Line 500 - поврзување на акумулатор

(1/6) > >>

mariovo:
Имам UPS Smart Line 500, input 220-240V, 50/60 Hz, 2.8A, output 220-240V, 50/60Hz, 1,8A. Користи батерија (акомулаторска) GP1245, 12V, 4.5Ah. Истиот го користам за пумпата на парното греење во случај да има прекин на електричната енергија.
 Бидејќи Батеријата е ослабена и треба да ја заменам, ме интересира дали наместо батеријата можам на UPSот да поврзам акомулатор од 12V, 45Ah, 330A, а при тоа да не предизвикам некоја штета на електроноката на UPSот.
Ги молам сите што знаат нешто околу овој проблем да ми одговорат.

LordZi:
Како прво, нити темата ти беше поставена кај што треба, нити насловот ти чини - види ги правилата и смени го...
Во врска со прашањето - негде читав дека може да се стави 45Аh акумулатор, само што ако има чести прекини на мрежата никогаш нема да се наполни до крај, пошто струјата на полнење кај УПС-от е предвидена за мал SLA акумулатор. Исто така не е лошо да ставиш вентилаторче да ги дува транзисторите ако подолго време работи на акумулатор...

Jovicar:
И јас така ми работи парното со 55Ах акумулатор. Нема гајле! само ако ти се испразни акумулаторот не се обидувај да го полниш со УПСОТ. тој дава 6Волти каде што се жичките за акумулаторот кога ти е приклучен на мрежа односно кога има струја.

Toma:

--- Quote from: LordZi ---...негде читав дека може да се стави 45Аh акумулатор, само што ако има чести прекини на мрежата никогаш нема да се наполни до крај, пошто струјата на полнење кај УПС-от е предвидена за мал SLA акумулатор...
--- End quote ---
Ако има чести прекини на мрежата, по некоја логика и малиот акумулатор ќе се испразни толку многу што UPS-от ќе го нема „времето“ кое е потребно да го надополни и постоечкиот акумулатор со таков капацитет до наредното исклучување на „градската мрежа“.
Така , според мене може да стави било каков акумулатор од 12V со поголем капацитет (Аh) од постоечкиот!

nsu:

--- Quote ---Ако има чести прекини на мрежата, по некоја логика и малиот акумулатор ќе се испразни толку многу што UPS-от ќе го нема „времето“ кое е потребно да го надополни и постоечкиот акумулатор со таков капацитет до наредното исклучување на „градската мрежа“.
Така , според мене може да стави било каков акумулатор од 12V со поголем капацитет (Аh) од постоечкиот!
--- End quote ---
.Многу убаво кажано тома стави акумулатор со поголем капацитет од постоечкиот во ампер часови кој е  12 волти нели али немој никако 45 амперчаса оти ако има често прекини у мрежата баш и како што кажа тома нема да може да го наполни така лесно 8) 8).Јас мислам воопшто нема да го наполни ако е празен под нивото. ;)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version