Дигитална електроника > Микроконтролери

Општо за микроконтролери и развојни околини

<< < (2/8) > >>

Devil:
Нема да може да програмира PIC, ама ќе добие развојна околина со програматор кој подоцна може да го користи и за други контролерии од таа фамилија (MSP430) нема да се замара со правење програматори и слично, едноставно добива нешто што сигурно ќе работи, плус има многу голема поддршка од TI, и од нивната заедница.

Според најновите анкети на EDN, MSP430 е пред атмел и пред пик, поточно на прво место е :D, така да вреди да се разгледа

GigaWatt:
Ако гледам така на работите, вреди да купам и развојна околина и за микроконтролер со јадро ARM Cortex-A15 (ако воопшто постои такво нешто ;D), ама што ќе ми е ;D. Колку за експериментирање, да вреди, ама реално, освен тоа што ќе научиш некои работи, за подготвување на проекти, не е адекватна алатка.


--- Quote from: Devil on 30.08.2013, Friday, 19:15:42 ---Според најновите анкети на EDN, MSP430 е пред атмел и пред пик, поточно на прво место е :D, така да вреди да се разгледа
--- End quote ---

Тоа е мода. Денеска се први едни, утре се први други. Добро, да бидеме искрени, не е само мода, сигурно има предности и затоа избил на прво место (преформанси, достапност, цена) ;). Но факт е дека во DIY заедниците, најкористени се микроконтролерите на ATMEL и Microchip ;). Најдостапни се, доаѓаат и во DIP пакување и најмногу книги (материјал) има за нив ;). Не дека не ги преферирам и другите производители на микроконтролери, но, да бидеме искрени, не се баш ептен наклонети кон DIY заедницата, односно, нивните микроконтролери гледаат пред се да ги пласираат на пазарот на сериозните производители (компании), а не на некој кој сака, на пример, да направи еден обичен термостат со ON/OFF функција кога ќе достигне определена температура сензорот. Доказ за тоа е и фактот што ретко кој од тие микроконтролери доаѓа во DIP пакување. Најчесто се во SMD или BGA, а да бидеме искрени, овие пакувања првично се наменети за индустриско производство, каде што лемат машини, а не луѓе. Тоа што се имаат пронајдено начини да се одлемуваат и залемуваат и овие пакувања на чипови и рачно, тоа е сосема друга приказна ;).

Е сега, ако планираш да експериментираш, да дизајнираш и да учиш, да, развојна околина е совршена алатка ;). Не дека не го поттикнувам ова, далеку од тоа, иако можеби јас не би купил развојна околина (сега за сега, задоволен сум со можностите на PICkit2 како debugger), ако некој планира да купи и учи, би го поттикнал ;).

Devil:
Овие за кој јас пишувам скоро сите ги има во DIL и во SMD пакување :D, со самата плоча добиваш 2 микроконтролери кои се во DIL, и се на подножје за да си ги менуваш по потреба :D
разгледај ќе видиш колку глупи и колку корисни проекти има.

Многу забегавме од темава, ќе ја поделам

Devil:
Се што не би можело да оди во другите теми, или пак од други теми се оддвоени одредени мислења (темата е поделена) би се нашло тука  ;)

MetallicA:
колку се исплака ова да го земеш незнам бидејки е 10долари, ама погледни на нет пример instructables повекето од проектите се со арудино и атмел, со пикови има малку а со ова сеуште немам сретнато ниту еден, мислам дека е подобр да го имаш ардуиното, и ке видам може ке земам едно.  ;D сепак дај кажи ти за што го користиш ова од TI, и уште едно прашање, сите ли производ од тексас инструментс имаат песплатна поштарина? :D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version