Дечки , отидовме премногу далеку , ептен надвор од темата. Тема е: модификација на кондензатори. Од тука излегува прашањето: Дали оваа постапка (модификација) го подобрува кондензаторот или не? - ништо повеке. Мое лично мислење е дека можеби постои, ама нема начин да се докаже, така да .... ко да не постои.
Јас многу повеке нешта би сменил во конструкцијата на засилувачот и распоред на делови , одколку да ставам кондензатор во восок , апсурд.
Зборот ,,микрофонија'' има смисла ... знаеме што е микро , знаеме што е фонија. Јас овој збор го разбирам вака: било какви други пречки различни од шум и брум, од било кој фактор, на било кој дел на засилувачот (влез , побуда , излезен степен и др) може да ги наречеме (микро)фонија. Точно е дека зборот го нема во стручна литература , ама сепак знаеме сите на што се мисли.
Го молам авторот на темата да каже дали засилувачот имал проблем со (микро)фонија и морало да се превземе нешто или кондензаторот е ставен во восок чисто онака , слушнало магаре дека коњот се потковува , па и магарето кренало нога.