Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоматика => Topic started by: avalox7 on 30.10.2020, Friday, 21:58:48

Title: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: avalox7 on 30.10.2020, Friday, 21:58:48
Може да се избере еден од овие сензори:load cell,сензор за мерење притисок,оптични сензор,ултразвучни,капацитивни,енкодер,од актуаторите се избира од следните:термистор,серво мотор,сензор за мерење забрзување и маг.поле.Она што треба да опфаќа покрај мерење на количината на вода во едно шише е:да може да се прикажат две точки на мерење на пример да прикаже целосната количина на вода во шишето и некоја рандом точка(на пр. На средина од шишето),како да се намалат грешките заради нелинеарноста на системот,да се идентифицираат границите на самиот систем(до каде точно може да мери,кои се слабости итн.),да може да ја измери количината на вода и за неправилни облици на шише.Ми треба само концептот(принципите) на самите мерења од избраните материјали(се избираат неколку од горенаведените не сите), и самиот начин на изведба за мерења.На пример конкетно ако изберам ултразвучни сензор една од неговите слабости е што е ограничен со дијаметорот на шишето,кога е помал звучниот сигнал што оди во шишето,се одбива од самите “ѕидови на шишето” и дава погрешни резултати.Значи како да се искомбинираат самите компоненти за да може да се дојде до успешен мерилен систем.Ми треба значи само точна дефиниција на концептите на системот во однос на избраниот сензор(добро дефинирана идеја) и оформувањето на самиот мерилен систем(при што ќе опфаќа и другите каракт.:да се прикажат две точки итн.тоа што го имам напишано што треба да опфаќа покрај успешно измерена количина на вода).Самото програмирање и поврзување го правам сам.Фала однапред за секоја сугестија.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: GigaWatt on 31.10.2020, Saturday, 01:23:11
Јас лично би избрал мерач на потисок. Ако се мери само вода (како што е поставена задачата), густината е веќе позната на водата, наједноставно ќе биде за мерење. Недостаток - нивото ќе важи само за вода, освен ако не се смени параметарот густина во системот за мерење, тогаш ќе важи и за други типови на течности ;).
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: avalox7 on 31.10.2020, Saturday, 11:05:47
Само проблемот е што мораш да избериш сензор кој што на прв поглед нема никаква врска со задачата,на пример ултразвучни кој мери растојание,се бара некое поиновативно решение.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: GigaWatt on 31.10.2020, Saturday, 11:59:40
Епа толку од мојата иновативност :P :D. Не сум иноватор, барем не на ова поле :D.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: avalox7 on 31.10.2020, Saturday, 12:20:55
Хаха,во секој случај фала ;D
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: bicikle on 31.10.2020, Saturday, 12:36:37
Пресостат. Нз сензориве за бензин кај моториве како работат, може со пловак ? Не знам, може шишето да го ставиш меѓу две плочи од кондензатор, ама не знам која е диелектричноста на водата. Да беше масло нанпример би можело, зашто  има изразени диелектрични својства. Па ќе мериш проток на струја на разни фрекфенции
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: mikromk on 31.10.2020, Saturday, 22:51:10
Здраво,
Ево еден предлог ако добро го сватив барањето.
Нивото на вода се мери со мерач на притисок (висина на воден столб).Мерачот на притисок може да се замени со вага.
Формата на шишето треба да е дефинирана во 3д(волуменот на шишето во однос на висината)
Софтвер кој притисокот (  висината на водениот столб) ќе го  компарира со дефинираната форма на шишето и ќе тресметува во секој момент колкав е волуменот .

Во софтверот можат да се стават променливи за тип на течност(густина),моментална температура и дерги параметри.
Важно е да се знае со колкава точност треба да биде мерењето.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: avalox7 on 31.10.2020, Saturday, 23:40:01
А каде би можел и како да ги искористам еден од следниве актуатори:термистор,серво мотор,сензор за мерење забрзување и маг.поле.Пошто вака само мерачот на потисок го користам.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: bicikle on 01.11.2020, Sunday, 16:39:56
Сензор за маг. поле слично како кај примерот со кондензаторите, или ќе стајш еден на двата вертикални краеви, или 2 пара во самото шише па ќе мериш пермеабилност на средината.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: mikromk on 01.11.2020, Sunday, 17:32:34
Како што предходно напишав за точно одредување на волумен потребно е и мерење на температуре,термисторот ќе го искористиш замеренње на температура на течноста.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: GigaWatt on 02.11.2020, Monday, 08:52:52
Сензор за маг. поле слично како кај примерот со кондензаторите, или ќе стајш еден на двата вертикални краеви, или 2 пара во самото шише па ќе мериш пермеабилност на средината.

Тоа е за јачина на електрично поле, не за магнетно поле ;).

Како што предходно напишав за точно одредување на волумен потребно е и мерење на температуре,термисторот ќе го искористиш замеренње на температура на течноста.

Да, ова до некаде има логика ;). Мада... што знам... не знам колку се менува волуменот на течностите со менување на температурата... кај водата се менува релативно малку, освен ако не замрзне, тогаш е нешто повисок волуменот, ама во распон од околу 80 степени (на пример, 5 степени до кај 85 степени), волуменот и е релативно константен. Не знам како оди ова за други типови на течности (масла и слично).

А каде би можел и како да ги искористам еден од следниве актуатори:термистор,серво мотор,сензор за мерење забрзување и маг.поле.Пошто вака само мерачот на потисок го користам.

Термисторот, веќе пишаа. Серво моторот... навистина не би знаел за што да го искористам :-\. Сензорот за мерење на забрзување, па ич па :P :D. Сензорот за мерење на јачина на магнетно поле... и тоа, искрено, не би знаел за што да го искористам.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: bicikle on 02.11.2020, Monday, 10:44:02
Quote
Тоа е за јачина на електрично поле, не за магнетно поле ;).
Два калеми ќе стајш, низ едниот ќе пучтиш струја а во другиот ќе мериш индуцирана струја. При различни средини би требало да добиеш различни резултати. При променлива струја и фрекфенцина.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: avalox7 on 02.11.2020, Monday, 11:12:31
Ги користам само компонентите кои ми се дадени.Немам воопшто дадено два калеми.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: mikromk on 02.11.2020, Monday, 18:01:03
Количина на течност ако се сложиме дека е еднаква на волумен може да ја дозираш со степ моторот.
Треба да имаш пумпа со константен проток и со помош на степ моторот полниш колку сакаш волумемн. Дали ова може да помине.
Искрено задачата не е најдобро објаснета.
За точно да се измери волуменот во шишето(подразбирам за секоја форма на шише) треба да се знае површината на шишето во функција од висината и само така може да се измери волуменот.
Точно волуменот малу е зависен од температурата,затоа и трашав колкава точност се бара.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: bicikle on 02.11.2020, Monday, 18:49:48
Со цилиндар со ппзнат волумен, придвижуван од степ мотор мојш да дозираш посакуван волумен на течност. Слично работат бензиските пумпо, со таа разлика што тие ја мерат позивијата на цилиндарот преку друг сензор, но пошто е степер можеш да ја серираш нулта точка и крајна точка.
Со што мериш магнетно поле ? Забрзување, па да го ставиш садот на диск, да го заротираш со одредена брзина и да мериш центрифугална сила. Би ја пресметал масата така.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: GigaWatt on 02.11.2020, Monday, 19:12:31
Не ми е јасно... нели треба да се мери, а не да се држи константно нивото на водата ???.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: avalox7 on 02.11.2020, Monday, 19:13:55
Како со серво мотор би го дозирал волуменот на течноста?Маг.поле би мерил со сензор за маг.поле но само ако се одлучам за капацитивниот сензор,па потоа би ја мерил пермеабилноста.Инаку повеќе сум за ултразвучниот сензор кој би го поставил горе под капачето,па би се измерило растојанието од одбиениот звучни сигнал и пуштениот звучни сигнал,би го искористил исто ултразвучниот сензор така што би измерил и висината на шишето,најпрво сензорот најдолу поставен,потоа горе кај капачето и разликата веројатно би значела висина на шишето.Инаку за точноста не е дадено ништо каква мора да биде,веројатно се бара преку самите мерења да се одреди колкава е точноста(и кои се границите(слабостите) на самиот избран систем).Во комбинација со ултразвучниот сензор па би додал и термистор(NTC) кој би ја мерил температурата и со тоа да се одреди точно волуменот?Дали ова изгледа добро?
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: avalox7 on 02.11.2020, Monday, 19:14:51
Сензор за маг. поле слично како кај примерот со кондензаторите, или ќе стајш еден на двата вертикални краеви, или 2 пара во самото шише па ќе мериш пермеабилност на средината.
.Сензорот да го ставам на двата вертикална краја од кондезаторот или?
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: avalox7 on 02.11.2020, Monday, 19:21:17
Не ми е јасно... нели треба да се мери, а не да се држи константно нивото на водата ???.
Да се мери само количината,не мора да се држи константно ниво на вода.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: avalox7 on 02.11.2020, Monday, 19:38:43
Еве на пример кој актуатор би можел да го искористам да го намалам бранувањето на водата кога ќе дотурам вода во шишето,оти ултразвучниот сензор е претератно сензитивен.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: bicikle on 02.11.2020, Monday, 21:57:51
Сензор за маг. поле слично како кај примерот со кондензаторите, или ќе стајш еден на двата вертикални краеви, или 2 пара во самото шише па ќе мериш пермеабилност на средината.
.Сензорот да го ставам на двата вертикална краја од кондезаторот или?
Не, не, не ги мешај едно со друго.
Ако го користиш капацитетквниот сензот, го ставаш на некое максимално ниво што би требало да го има течноста. Кога течноста ќе го потопи сензорот, ќе се смени пермеабилноста на средината ( ова треба да се провери за која течност е така ) и ќе знаеш дека шишето е наполнето.

Околу степ моторот, пумпа за гуми за во кола како работи? Им цилиндар да речиме од 5цц^3 и мотор кој преку механизам го движи клипот. Пошто имаш степ мотор знаеш за колку се поместил цилиндарот и колку течност истиснал. ( ова не е линеарно). Но ова можеш да го користиш само за дотур, на пример да измериш колку волумен течноср си турил, односно претурил од некој сад во шишето.
Title: Re: Мерење на количина на вода во пластично шише
Post by: GigaWatt on 02.11.2020, Monday, 22:31:05
Еве на пример кој актуатор би можел да го искористам да го намалам бранувањето на водата кога ќе дотурам вода во шишето,оти ултразвучниот сензор е претератно сензитивен.

Ама дотурање, одржување на ниво на води и слични работи нема спомнато во задачата ???.