Други технологии > Роботика

Покренување на степ мотори

(1/2) > >>

batka:
Доста често се прашате дали некој степ мотор кој го имате е исправен или не ! Неколку од колегиве се интересираа како да ги проверат,па еве една шема која може да помогне.Треба само да одредите со инструмент кој изводи се заедно ,односно каков е распоредот на изводите на моторот,потоа еден блок конд. од 6,8 мФ и напојување 12 V наизменично од некое трафо.Еве ја шемата

GigaWatt:
Да, ама ова ќе функционира само кај двополни степ мотори, не и кај некои кои имаат повеќе од два пола.

batka:
И со два пола ке го покренеш моторот да видиш дали воопшто работи 8)

GigaWatt:
Ќе сврти само многу малку од кругот :S. Можеби ако се придвижи врз база на инерција да функционира и со два, ама ова е точно само ако бројот на полови не е преголем (на пример, 3 или 4) и ако не „заглавува“ роторот на секој од половите.

batka:
ОК! Можеш прво да пробаш два,па други два пола.а имаш опција со два кондензатори и четири пола да вртиш.Ова е сепак само за проба, а никако систем за да го погониш степ моторот и да работиш со него.Само за брза проверка.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version