Аналогна електроника > Антени

Изработка на универзална FM дипол антена

(1/4) > >>

BorceBT:
За да направиш „универзална“ FM антена таа треба да е широкопојасна, барем 10MHz [-3dB] центрирана некаде на 98MHz. За да направиш таква широкопојасна дипол антена треба да е направена од малку подебели цефки отколку оние што се вообичаени (на пример кај TV антените). Тоа значи дека можеш да ја направиш од бакарни цефки (за домашно парно) кои се дебели малку повеќе од 1cm. Вкупната должина на антената треба да ти е 153cm, значи 2 парчиња од по 76cm и 1cm растојание меѓу нив каде што ја поврзуваш антената. Како ќе ги поставиш и составиш дипол антената е до тебе. Најбитно тука е тоа дека за да имаш соодветна отпорност за приклучување кон FM предавател/приемник коаксијалниот кабел што доаѓа од антената треба на околу 25cm од каде што е поврзана на антената да направиш 5 намотки со самиот кабел (кабелот го моташ во 5 кругови и го врзуваш да не се одмота). Радиусот на круговите е околу 15cm. Исто така после овој „калем“ треба да има минимум 1.5m кабел кој потоа ќе се приклучи на FM предавателот/приемникот.

DX-er:
ама прачките за заварување не се алуминиум па да не има некаков проблем? Проблемот е што јас немам SWR и никако не можам да измерам :(
Не викам дека не се добри но еве од око ако видиме како изгледа прачка за антена таа е 0,5 или 1цм дебела а внарте е суплива а пак оваа прачката е полна внатре и е потенка.

BorceBT:
Прачката е направена од месинг. Ако добро паметам легурата месинг има во неа и бакар што би значело дека нема да е толку лош проводник и ќе работи добро.

Devil:
Еве за да ви пресмета должина на антената во зависност од фреквенцијата
не е нешто посебно ама ајде

--- Code: ---http://hotfile.com/dl/29814938/87a8473/duzina_antene1.rar.html
--- End code ---

GogoStip:

--- Quote from: DX-er on 23.02.2010, Tuesday, 12:35:18 ---ама прачките за заварување не се алуминиум па да не има некаков проблем? Проблемот е што јас немам SWR и никако не можам да измерам :(
Не викам дека не се добри но еве од око ако видиме како изгледа прачка за антена таа е 0,5 или 1цм дебела а внарте е суплива а пак оваа прачката е полна внатре и е потенка.

--- End quote ---

Значи вака, на алуминиум е скоро невозможно да залемиш со калај, додека бакрните цевки и месингените прачки се лемат 100% без проблем(пробано со прачките), дебелината не ти игра улога и нема врска што не е шуплива :D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version