Аналогна електроника > Антени

Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување

(1/6) > >>

batka:
Најдобар засилувач е АНТЕНАТА !!!!!Дечкиве имаа добар дипол .

DX-er:
Збориме за дипол не-насочена антена која нема никакво засилување... ама и да речеме антената да засилува, џабе ке ти е ако имаш сигнал само од осцилатор :) па ке имаш релативно мал домет

batka:
Да,ама ако ја подесиш добро и антената ја израчи барем 80 % од силата,тогаш дометот,во зависност од пропагациите може да биде кај УКТ предавателите зачудувачки! ::)Диполот е насочена антена,дефинитивно.Впрочем ,не очекувај од два транзистори донет од десетици километри.Ова е Македонија,имаме многу планини и ридови,

DX-er:

--- Quote from: batka on 09.09.2010, Thursday, 22:07:37 ---Диполот е насочена антена,дефинитивно.

--- End quote ---
Ај баш ме интересира што ке кажат другите ?




--- Quote from: batka on 09.09.2010, Thursday, 21:31:10 ---Најдобар засилувач е АНТЕНАТА !!!!!Дечкиве имаа добар дипол .

--- End quote ---

--- Quote from: batka on 09.09.2010, Thursday, 22:07:37 ---не очекувај од два транзистори донет од десетици километри.

--- End quote ---
Сепак најдобро појачало е транзисторот а АНТЕНАТА НЕ ГО ЗАСИЛУВА СИГНАЛОТ дефинитивно.

ivica.s:
Диполот е насочена антена во смисла дека зрачи најмногу во правец кој е нормален ( под 90 степени) во однос на диполот. На пример ако диполот е вертикален, најмногу ќе зрачи во хоризонатлна ( паралелна со земјата) насока, а најмалку во вертикална ( нагоре и надолу).

Но ова зрачење во хоризонтален правец е подеднакво во сите насоки па во таа смисла диполот не е насочена антена.


Јаги антената може да има значајно појачување на сигналот но само во една насока, додека во другите насоки има многу помало зрачење, оти таа е пасивен елемент и неможе да има засилување во вистинска смисла на зборот.

Таа само ја концентрира израчената енергија во една насока.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version