Други технологии > Роботика

Дронови (Мултикоптери) и авиончиња - општа дискусија

(1/3) > >>

DX-er:
Знам дека многу од вас сакаат кога тогаш да купат дрон или мало авионче за забава и домашна употреба или пак за професионална работа. Од еден од друг слушнав дека во скоро време летањето на дрон или авион ке биде во ингиренција под цивилна воздушна пловидба. Исто така ке има полагање на испит, издавање на дозволи и сл. Дали имате некоја информација нешто повеке за ова ?

Исто така, дали има можност за предлози или забелешки при изготвувањето на регулативата/правилникиот за летање ?

nsu:
Си ме преварил друже баш сакав за ова да прашувам и јас на форумов. Немам многу информации но и мене ме интересира ова. Што нема да измислат веќе само да кркаат парички 8) ;D ;D 8)

DX-er:
Исто така мене ме интересира дали ние или тие што ке летаат дронови ке имаат некаква комуникација меѓу себе или со сите останати ? На пример тие што летаат дрон да имаа рачни радио станици и да имаат одредена фрекфенција само за нив. На крај краева може и Zello да заврши работа :)

MarkoMK:
Јас пред некое време летав дрон на Гази Баба, и ми дојдоа Алфи. Ме легитимираа и сакаа да ми го земат. Па се убедувавме еден саат дека нема камера, дека не снимам никого, дека не сакам да нападнам ништо (а мојот дрон уствари е со камера ама среќа не ми беше монтирана ;D ;D )
Па после ми бараа спецификации од дронот да видат колку далеку може да лета.
И ми рекоа дека имало некој закон за летање дронови да се распрашам во полиција.  :o :o :o

nsu:
Добро си прошол добро е не те казниле и не ти го земале  8)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version