Вака сега, го купив овој проводен лепак:
http://www.ebay.com/itm/Repair-DIY-No-Soldering-Iron-Solder-Wire-Glue-/370564995928?pt=BI_Electrical_Equipment_Tools&hash=item5647651b58
И функционира
. Супер си работи
. Ме чинеше околу 5 долари (250 денари) но си ја средив тастатурата
. Еве, сега со неа куцам
. Само што треба уште да се подмачкаат дирките, ама нема везе, тоа е лесна работа, ова беше потешката
.
Така да, кој си има проблем со вакви работи (нешто што не може да се леми), ако може нека нарача од ebay, лепаков е супер
. Одлично лепи и се суши, само што е кршлив, не станува како силикон на крајот туку станува кршлив :S. Се суши релативно брзо (за околу 5 мин), така да, не го оставајте отворено капачето, бидејќи ќе ви се исуши лепакот
. Проводноста му е голема, ама кога ќе се исуши, кога е течен не јавува скоро никаква проводност :S. Ќе почекате да се стврдне и тогаш мерете
. Мислам дека е на база на графит (иако во упатството за употреба пишува дека е на база на некои карбонски материјали, искрено, не ми се верува).
Ако лепите водови од тастатура, нанесувајте го лепакот со четкичка од римел (она што жените што го стваат на очи
), четкичката е многу тенка и ептен добро се нанесува со неа
, дури и на многу тенки водови (јас корегирав вод со дебелина од околу 0.2 или 0.3mm со четкичката без поголеми проблеми
).
Со лепаков можете да корегирате и графитни контакти (било какви), цената не му е превисока, а количината што ја добивате е голема (има доволно за 100 или 200 далечински управувачи да ги репарирате целосно
). Така да, ако некој има сличен проблем на мојот, топло му го препорачувам лепаков
.