Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: Nikol4e on 21.07.2017, Friday, 23:56:00
-
Понудете, може и на пп. ;) :)
-
Bump :) :) :)
-
Подобро (и поефтино) ќе поминеш ако го составиш од десет кондензатори 4700uF... ;)
-
Точно...
-
Имам јас од 10000 uF на 80 волти ако ти вршат работа :)
-
@Hahaha
Не ми одговара, фала на понудата.
Лорџи, Бицикл-ми текна и на тоа, ама еден чини 130 денари, а 47000uF е 1500. Не ми се експериментира,крај краева кога нема опција ќе купам нов.
-
Па ако е 130 денари еден, тебе ќе ти требаат 5, значи ќе потрошиш 5 * 130 = 650 денари, што е помалку од 1500 денари.
И нема што да се експериментира, во паралела ги ставаш сите и толку, тоа е тоа.
-
Аууу, не сум знаел за тоа. Се ми се вртеше низ глава дека треба 10-комада.
Фала гига, добијаш ѓеврек. :)
-
10 парчиња ти требаат, не 5.
-
5 x 10.000 mF = 50.000 mF , 5 x 130,00 = 650 den.
-
Ако користиш 4700uF ќе ти требаат десет, врзани паралелно, еден кондензатор 4700uF/63V во логинг е негде 120ден. кај гац мислам беше околу 100ден., во алфа најверојатно се и поефтини, значи десет би те коштале отприлика 1000ден.
Значи за тие пари добиваш нови кондензатори, а не вадени кој знае од каде, кои ќе имаат помала ЕСР отколку еден од 47000uF/63V... ;)
-
Абе не знам што е нејасно. Ако купуваш од 10.000uF, ќе ти требаат 5, ако купуваш од 4.700uF, ќе ти требаат 10. Види колку чини секој од нив, направи ја математиката и терај.
И јас сум со LordZi за ова. Не дека се нови, може да начекаш и на старо квалитетни (користени, ама brand name), но без разлика какви ќе купиш, ESR-от ќе падне многу ниско. Во случајот со 5, ќе биде 1/5 од ESR-от на еден кондензатор (да земеме условно дека сите имаат ист ESR). Во случајот со 10, ќе падне на 1/10. Како и да е, ќе добиеш екстремно понизок ESR во споредба со еден кондензатор од 47.000uF. Единствена предност кај комбинацијата со еден кондензатор е просторот, помалку ќе одзема простор од 5 или 10 паралелно врзани.
-
Само есапот ти остана Nikol4e да си го направиш поред вакви колеги ГАЦ е најевтин за кондензатори да знаеш незнам за Алфа али и од БТ е поевтино е а Loging е скапичко али имаат квалитетна роба.Мада кај тој во БТ кога бев почетник стално му одев не сум јадел имаше душа ќе ти дадат попуст еднаш 220микро место 20 15 ми го даде. Ќе пуштеше цена некогаш али фискална во БТ не сум добил никад. А во Логинг и за два денари
-
Токму така, 5 или 10 ноубренд нејм кондензатори секогаш ќе работат подобро од еден бренд нејм кондензатор. Ретки се тие мултисекциски кондензатори ( а бога ми и скапи ) .
Во секој случај на секој кондензатор може да додадеш по уште еден мкп,мкт мица ( и сл ) кондензатор од 330нф-1уф со што значително ќе го подпбриш ефектоот а и векот на новиот кондензатор. Тие се по 20-30 денари а ќе имаат големо влијаније поготово ако се работи за аудио засилувач, осцилоскоп, апарат за швајцовање или друга прецизна опрема.
-
Во секој случај на секој кондензатор може да додадеш по уште еден мкп,мкт мица ( и сл ) кондензатор од 330нф-1уф со што значително ќе го подпбриш ефектоот а и векот на новиот кондензатор.
bicikle зошто ги ставаат тие кондензатори. Како го продолжуваат векот ме интересира блоковите на електролитот им помагаат при полнење. А ќе се подобрат ли и филтерските карактеристики она пеглање да речеме во напојувачкиот степен ако ги ставиш.
Ако бидеш љубезен малку да подобјасниш
-
Тие кондензаторчиња имаат многу помал еср за разлика од електролиите, крепат повисок напон и имаат поголем проток на струја во зависност од капациретот споредбено со ел.конд. Кога филтрираш мрежен напон, рано-разни шумови и пикови ќе помонат низ трансформаторот и диодите и ќе стигнат до електролитите. Сите овие работи ќе ги товарат електеолитите ( иако во мала мера ) а добар дел од ними ќе поминат и низ електролитите не исфилтрирани ради нивмата висока фрекфенција.
Слично, кога се вади максимумот од некој уред, први на удар се електролитите и индукторите што се користат како филтри ( ако ги има ). Овие мали кондензаторчиња се доста способни да се справат со тој удар бидејќи имаат добар проток на струја т.е. брз одзив, па товарот се споделува.
-
Благодарам кратко јасно и прецизно и ептен верно видиш така не размислив значи ќе си ставам во иднина. Благодарам уште еднаш
-
Нема провлем, за тоа сме тука.