Да,*микрофоничност* така звучи на чешки.Ама само на чешки.Ако сакаш да го преведеш на енглески ќе видиш дека превод едноставно - нема!! Веројатно некој Чех го има * пролупано*.Има и кај Русите такви * небулози*,дури и во званичните упатства и мануали. Дури паметам дека имаше во руски часописи и израз * дрвен микрофон*,а во основа е микрофон направен од дрво со конструкција во која само калемот имаше бакарна жица.
Дури и меѓупрстените беа дрвени,правени на дребунг ( знаат некој на Форумов што значи од дрво да направиш дрвен цилиндер со навој со дебелина 3 мм!). Е,сега дрвениот микрофон беше рекламиран повеќе во европските,одошто во руските часописи.Но на крај испадна дека *дрвениот микрофон* испадна навистина *дрвен*.
Резиме: дајте пример од стручна литература ,а не од чешки ,руски или српски форум.Во ниеден светски признат технички речник на изрази од аудио техниката таков израз дефинитивно не постои. Секој може како сака да си коментира,ама дома за себе или со друштво,ама за некоја стручна ( званична) употреба се знае како се вовеуваат термините.
Се на се,зборот ми беше ,кој сака навистина стручно и концизно да коментира технички работи,да внимава со изразите,бидејќи навистина сме *тенки* со технички изрази и секое вметнување на некој нов технички израз треба внимателно да се прави ,со објаснување и коментар.
Споено мислење: 20.03.2015, Friday, 23:48:01
Што би рекол КилоВолт "Држи вода". И јас така велам.
Абе Атанас,ти и Киловолт најдобро водата да си ја држите во уста,најсигурно е да не се истури.
Не знам (само претпоставувам) чие појачало* подобруваше* Лордзи.Убаво би било и газдата да даде коментар што и како се промени во *микрофоничноста* после оваа преправка.Јас лично би ги ставил електролитите позади ладилниците,веднаш до грецовите. Нема потреба од долги водови од грец до електролитите,напротив подобро е да бидат што пократи и подебели (можеби бакарни ленти или подебела лицна спровната низ проводни кондензатори).И нешто друго- гледам дека ова е само излез,па не би играл со пин-ови,ами со квалитетни BNC или џекови 6,3 мм малку поквалитетни.И обавезно влезовите би ги одвоил со метална преграда од остатокот од електрониката.Умасувањето се знае- ама овде не го гледам баш тоа школски направено ( можеби грешам!),но од сликата не добив таков впешаток.