Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: Josifosky on 10.09.2011, Saturday, 23:34:22
-
Како може наједноставно да се направи звукот да биде синхронизиран во светло односно во сијалица? Поедноставно кажано: Да трепка сијалицата на звук ?
Ако има некој направено или шема нека постира.
Се надеваам немие утната категоријата благодарам.
-
Па направи наједноставен лајт-шоу и ке добиеш звук преточен во светло и тоа посебно високи,средни и ниски тонови .Тоа ли ти треба ? Употреби триаци или тиристори и сијалици со влакно,па ке добиеш најдобар ефект.
-
Хм малце тапа сум во овие работи шема нешто ?! Иначе да во прицнип за таква сијалица ми треба. Од 3,5 мм џекче да не речамм од компјутер или мп3 :) благодарам .
-
ако си сеуште почетник не би ти препорачал да го правиш со конектор за во компјутер, него со микрофон некој да правиш, дека ако утнеш шемата може да ти се спржи уредот на што ке го уклучиш склопот...
-
Еве комплет шеми за лајт шоу,три канала со микрофон.Максимум 100 вати по канал
-
Еве комплет шеми за лајт шоу,три канала со микрофон.Максимум 100 вати по канал
А дали истово наместо микрофон може да се врзи mp3 плеер
-
Не експериментирај со тоа зошто можеш да го изгориш мп3 плеерот, а и ти да настрадаш од струен удар. Оваа шема што ја стави Батка ја имам правено, работи 100%, направи си ја и уживај ;).
-
Еве како би можело да се врзе МП3 плеер место микрофон,под услов секогаш нулата да биде на масата на уредот,а фаза на осигурувач!! Ако не си сигурен во своето знаење,подобро немој да пробаш или побарај помош од некој кој се разбира.Сепак,останува констатацијата дека е подобро овој уред да го работиш преку микрофон,независен од било каков спој со плеерот или друг уред!!
-
Благодарам :)))))
-
На втората шема од батка, на точките што се 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8 што се поврзува?
-
Очигледно,не знаеш да читаш електрична и монтажна шема.Се е убаво напишано,само добро гледај.Не ти советувам да ја правиш шемава,бидејки директно,без трансформатор, е врзана за 220 V и може да имаш проблеми.Ке се помачам да ти најдам нешто поедноставно.Еве вака:
-
последнава шема од батка е мој дизајн :)
-
Па само таа ми остана ;) ;D ;D
-
ОК, ај ќе видиме една ќе направиме, а каков микрофон треба да ставам, кондензаторски или има некој посебен?
-
патем, сијалиците со помала моќ подобро го следат ритамот, ради термодинамчкиот процес во влакното, т.е. побрзо се лади, затоа наместо една сијалица од 100 вати подобро е да ставиш 4х25 вати...
-
ОК, ај ќе видиме една ќе направиме, а каков микрофон треба да ставам, кондензаторски или има некој посебен?
електрет,кондензаторски - каков ке најдеш!
-
патем, сијалиците со помала моќ подобро го следат ритамот, ради термодинамчкиот процес во влакното, т.е. побрзо се лади, затоа наместо една сијалица од 100 вати подобро е да ставиш 4х25 вати...
Да да, и јас го имам ова забележано, на пример, сијалица од 25W многу побрзо се пали и гаси од сијалица од 150W. Прво мислев дека ми се чини, но кога размислив подобро, стигнав до истиот заклучок што го имаш пишано ;).
-
Ако најдеш 5w ни сијалички ( оние со мињон грло) можеш цел низ да наредиш.И брзината на палење расте со намалување на ватите.
-
ММ добро ќе пробам а со сијалички за новагодина ?! и тие мислам брзо се палат и гасат. ?!
-
Ако ти е за толку лесно еве:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2631.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2631.0)
ама тоа што го гледаш таму во постовите тоа е тоа, сега нека не те плашат ;D јас го имам пред некоја година правено или лани нз.. и добро е, е сега јас пак си ризикувам :D го лупнав на компјутерското апојување од компјутерот и директ на 3,5 мм џек за слушалки напред немам никаква заштита :( а и неам време сега да берам чаре за глупости тогаш ми беше интересно и затоа го направив а сега не ни го пуштам, ми се плеткаат каблите само :P
-
ММ добро ќе пробам а со сијалички за новагодина ?! и тие мислам брзо се палат и гасат. ?!
да може со нив, само имај предвид дека тие се среиски поврзани, значи не работат на 220 волти. секако з апроб абрка работа какова била сијалица, а и со 4 по 25 вати се добиваат солидни резултати...
-
Како вели Бицикле - стави 4 х 25 W по канал паралелно ( тоа се 12 сијалици) и ке работи како фабричко.
-
Јас имам 6 лед диоди од по 1 ват, можам ли тие да ги искористам?
-
Не,барем не директно на 220 V !!
-
Јас имам 6 лед диоди од по 1 ват, можам ли тие да ги искористам?
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=6586.0;attach=6678;image)
ако мислиш на оваа може!
-
Еве најдов една поедноставна шема за уред со ЛЕД.