Author Topic: Барам помош за стробоскоп за штелување палење  (Read 792 times)

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Барам помош за стробоскоп за штелување палење
« Opened on 06.04.2011, Wednesday, 01:14:11 (Edited 07.04.2011, Thursday, 00:03:56) »
Најдов едно стробоскопче за штелување палење но не ми е баш јасно како да го поврзам овој давачов за индуктивитет(мислам така го викаат што се поврзува за да земе сигнал од првата свекица). Сите до сега што сум ги видел се закачуваат само на кабелот, а овој има некој федер или намотка незнам што е. Еве слика па некој ако знае нека кажува:

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
тоа се врзува помеѓу свеќичката и кабелот што оди на неа.
Би ти препорачал да го ставиш во цефче пластично или гумено.

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Значи низ него да тече струјата што оди до свекичката?
Дека на друг форум ми рекоа да го врзам крај со крај како геврек она кругче и околу кабелот така да се стави

Offline ljup4o

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 155
Дале ке може и да објасните како се прави тоа како се штелува палењето со чудово и дали може да се направи нешто вакво ако е корисно за штеловање

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Различно е на секоја кола. Треба да знаеш на колку степени се мести палењето и каде се ознаките. Кога го знаеш ова стробоскопот се закачува на + и - на акумулаторот за да зема напон а сигнал за кога да светне се зима од првата свекица. После приклучување се пали возилото се остава да постигне работна температура. Кога ке постигне се вперува стробото кон ознаките со секое негово светкање ке ги видиш ознаките. Значи треба да имаш литература кај се ознаките и колку степени изнесува палењето за тоа возило и на толку го местиш. Се мести со благо ротирање на разводникот.
Цело ова погоре напишано е за постари возила, новите возила со нивно ЕCU самите го местат аголот на палење. Тоа е тоа во кратки црти