Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: ivananastasov on 27.11.2011, Sunday, 23:20:10

Title: Citroen ax- остранување на шалтабла
Post by: ivananastasov on 27.11.2011, Sunday, 23:20:10
Дали знае некој како се вади шалтаблата на цитроен ах и дали е потребно да се извади воланот за да може да се извади и шалтаблата??? ???
Title: Одг: Шалтабла за цитроен ах
Post by: DX-er on 27.11.2011, Sunday, 23:22:29
ivananastasov бидејки си нов член нема да ја затворам или избришам темата, затоа среди го насловот према правилата!
Title: Одг: Шалтабла за цитроен ах
Post by: stefanjanevski on 27.11.2011, Sunday, 23:39:20
За шалтабла на било која кола, треба се да извадиш, вклучувајќи го и воланот. Треба да се извади тоа што е за брзина мерење, за обртаи, километраша..., зашто и позади тие ситни работи има штрафови што ја држат цела шалтабла.
Title: Одг: Шалтабла за цитроен ах
Post by: batka on 27.11.2011, Sunday, 23:54:51
Дали знае некој како се вади шалтаблата на цитроен ах и дали е потребно да се извади воланот за да може да се извади и шалтаблата??? ???

Абе какви прашања почнавте да поставувате! Ова е прашање за автоелектричар или автомеханичар.Ова е сепак Форум за електроника! И прашањето ти е малку незграпно - исто како да прашаш - дали некој знае како се вади заб??? ;)
Title: Одг: Шалтабла за цитроен ах
Post by: ivananastasov on 28.11.2011, Monday, 00:08:36
Еве јас како што гледам на точно место сум ја поставил темата
Македонски форум за електроника > Побарувања > Автоелектроника
Title: Одг: Citroen ax- остранување на шалтабла
Post by: batka on 28.11.2011, Monday, 00:14:43
Прво - насловот не ти е доволно адекватен. Второ - самото побарување  не е формулирано за да ти одговори електроничар.И вака гледано не верувам дека некој ке ти даде прецизен одговор ,а тоа да не биде напишано  во вид на реферат.Подобро е да побараш директен одговор на Гугл,можеби има некоја страница која се занимава со таква проблематика.

Нешто вака:
Code: [Select]
http://wiki.answers.com/Q/FAQ/4219-1
Споено мислење: [time]28 Ноември 2011, 00:44:28[/time]
И да не мислиш дека не сакаме да помогнеме ,еве овде сигурно нешто ке најдеш

Code: [Select]
www.filecrop.com/manual-citroen-ax.html
Code: [Select]
http://thepiratebay.org/torrent/4589388
Title: Одг: Citroen ax- остранување на шалтабла
Post by: GigaWatt on 28.11.2011, Monday, 01:29:22
Еве јас како што гледам на точно место сум ја поставил темата
Македонски форум за електроника > Побарувања > Автоелектроника

Таму ти ја преместив, ама не ти беше таму ;). Еве каде ти беше ;).

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7144 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=7144)
Title: Одг: Citroen ax- остранување на шалтабла
Post by: maci on 28.11.2011, Monday, 10:37:33
читајќи вака премногу се потенцира како членот ќе го напише правилно литературно на македонски со кирилично писмо насловот и да се потенцираат интерпункциските знаци да се на правилно место отколку модераторот тоа да го среди на негов начин како што мисли и дискусијата да продолжи.
имајте во ум дека сите немале 5 ка по македонски.
забелешка:
и забелешките од модераторите може да му ги пратите на пп на членот ,така би останала темата по чиста за читање.

п.с.чисто како забелешка е овој пост.избришете го покасно од кога ќе прочитаат модераторите.
Title: Одг: Citroen ax- остранување на шалтабла
Post by: GigaWatt on 28.11.2011, Monday, 13:21:44
читајќи вака премногу се потенцира како членот ќе го напише правилно литературно на македонски со кирилично писмо насловот и да се потенцираат интерпункциските знаци да се на правилно место отколку модераторот тоа да го среди на негов начин како што мисли и дискусијата да продолжи.

Тоа го правиме премногу често, затоа и потенцираме на членовите да ги почитуваат правилата и да се изразуваат правилно и литературно Македонски (се разбира, каде може, не инсистираме ако очигледно е дека не е возможно во определената ситуација да се изразат членовите литературно, на пример, име на некој дел кој народски има преземено збор од Англискиот или Германскиот јазик, а официјално зборот не постои во Македонскиот јазик, но во интерес на „побрзо разбирање“ меѓу членовите, се разбира дека нема ништо да спомнеме ;)).

имајте во ум дека сите немале 5 ка по македонски.

Да, но сите сме учеле Македонски во школо и е наш мајчин јазик, па мислам дека е во ред да знаеме барем на кои места треба да стојат интерпункциски знаци. Има членови кои воопшто не ставаат интерпункциски знаци (пред се мислам на точка и запирка) и најчесто не можеме да се разбере со нив. Како на друг начин ќе се разбереш на форум кој користи пишано писмо како начин на комункација ако на правилно место не се поставуваат интерпункциските знаци? Еве, на пример и во твојов post немаш никаде напишано голема буква, па никој не спомна дека неправилно ти е напишан post-от. На правилно место имаш искористено интерпункциски знаци, се е читко и разбирливо. Зошто да опоменувам некој кој иако не ги користи сите правила од граматиката (поточно синтаксата) сум го разбрал што сака да каже.

А опомените ги правиме со цел да им дадеме до знаење на членовите дека ова не е FB и дека не може тука се да се објасни со три точки или десет прашалници. Некогаш гледаме и такви post-ови, затоа. Некои членови знаат по некое време да се „опуштат“ и почнат и така да се изразуваат во нивните post-ови, или само да пишат „ми треба шема за појачало“ или „телевизорот не ми работи“ без додавање на никакви детали, во насловот на темата нема наведено што точно бара (или нуди) во темата, нема наведено никакви детали... па како да му помогнам ???. Затоа ги опоменуваме (пред се новите членови), за да се навикнат дека треба да ддадат опис на тоа што го бараат, а не само да бараат. Ова не е пазар па „тука да има се“. Треба насловот на темата да има детален опис за да можат останатите членови на форумот веднаш да може да увидат за што станува збор во темата.

Како што реков, ретко сме опоменувале (иако сме корегирале) ако нешто не е напишано на латиница како што треба (на пример „Панасоник“ наместо „Panasonic“) или доколку не се користат големи букви на правлно место (на пример „самсунг“ наместо „Samsung“). Опоменуваме само ако навистина не се разбира што е напишано во post-от или премногу е краток описот (не поради друго, не можеме да му помогнеме на членот ако е премногу краток описот).

и забелешките од модераторите може да му ги пратите на пп на членот ,така би останала темата по чиста за читање.

Така правевме еден период (таква беше „политиката“ тогаш) и видовме дека нема ефект (или има многу мал). Членот или не враќа назад на пораката и ја игнорира или враќа назад „аха, ОК, да, ќе пазам во иднина“ и пак си тера по старо :S (чест на исклучоци, ги имало, не дека ги немало, но најчеста појава е пртеходно споменатата). А ако јавно се опомене членот (барем за овие работи), друг психолошки момент е во игра, па ни се покажало дека поголем процент од членовите почнуваат да ги почитуваат правилата. Плус, јавната опомена има и додатен ефект, идните членови ќе прочитаат дека некој друг член бил опоменат за „тоа и тоа“ и (се надевам барем) ќе сватат дека не треба да го прават тоа ;). Со тоа на нас ни се скратува работата, а верувај, никој од нас не е платен за ова што го прави (баш напротив, во зијан сме), а го правиме чисто од љубов кон науката, така да, се разбира, гледаме да бидеме колку што можеме (и знаеме) поефективни.

Не дека ние сакаме да „глумиме дежурни џандари“, баш напротив, иако изгледа дека се почесто и почесто опоменуваме, реалноста е дека се повеќе и повеќе членови има форумот, па така изгледа, а и голем дел од нив не знаат дека секој форум си има правила, така да, мора на некој начин да им ставиме до знаење дека треба да пазат што пишуваат, како се изразуваат, дали се разбирливи или не и дека ова не е FB.
Title: Одг: Citroen ax- остранување на шалтабла
Post by: batka on 29.11.2011, Tuesday, 07:59:55
читајќи вака премногу се потенцира како членот ќе го напише правилно литературно на македонски со кирилично писмо насловот и да се потенцираат интерпункциските знаци да се на правилно место отколку модераторот тоа да го среди на негов начин како што мисли и дискусијата да продолжи.
имајте во ум дека сите немале 5 ка по македонски.
забелешка:
и забелешките од модераторите може да му ги пратите на пп на членот ,така би останала темата по чиста за читање.

п.с.чисто како забелешка е овој пост.избришете го покасно од кога ќе прочитаат модераторите.

Постојано и секаде се бориме и ке се бориме за јазикот.Не реков дека некој треба состав за 5-ка да направи,ама сепак треба да личи на нешто дописот.Ако напишете пет-шест реда,а при тоа не ставите ниту точка,ниту запирка и при тоа секој втор збор ви е некоја кратенка,тогаш имаме проблем.Во личната комуникација помеѓу членовите,во приватните пораки,на чет-от - како сакајте пишувајте! Ама,кога прашувате,одговарате или званично поставувате некоја тема,тогаш тоа нека биде сепак на некое ниво.Се се учи,некогаш е потребно само да гледате како другите тоа го прават.