Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: sini6a on 01.01.2011, Saturday, 21:13:55
-
Здраво на сите. Направив на една табличка 10тина диоди и сега сакам да ја повржам на мотор, моторот вади 6в, но колку што знам диодите работаат на 3 или така нешто. Сега ме интересира како можам да ја намалам струјата од моторот да не иде со „трафо“ или како се викаше. И не само да ја намалам туку и да ја направам константна пример само 3в да не варира. затоа што мислам дека не работат на таква струја. Некој да ми појасни и да ми помогне ќе му бидам благодарен. Поздрав
-
Значи моторот сакаш како генератор да го користиш? Епа на изводите прво грец ке ставиш, после грецот отпорник околу 47 оми мисла ке брка работта и после тоа зенер диода од 3.0до 3.6 волти, а може и некое регулаторче со лм317, зависи со колку простор располагаш.
После грецот кондензаторче од 100 до 1000uF не ке е лошо, но не е неопходно
-
ееех...6В му е акумулаторчето, што ке му е грец...стави еден отпорник од 220 оми на секоја лед диода и шибај си...
-
........повржам на мотор.....
Значи пошто не знаема за каков тип мотор станува збор, не е на одмет грец а и не е скапа инвестоција- посигурно е
-
Ако ќе си средам со грец, незнам дали напоменав дека сум почетник во ова ама ај нема везе. (бтв. се работи за многу стар мотор Пух пони експрес :)) Сега се што ќе треба да порачам/купам се деловите што ми ги наброја така? и уште нешто, пошто диодите ми се сериски свржани дали ќе морам да ставам на секоја диода отпорници?
-
има ли моторот акумулатор??? (знам дека звучи прашањево глупо), ако има, земи со унимер и измери напон на акумулаторот кога работи моторот и пиши тука што напон е...
-
Нема акумулатор, работи на магнет, 6волти и колку што знам знае да варира, во зависност дали го возам или седи под лер гас. Дава 4,5-5-6 в. мислам дека тука некаде, немам измерено
-
аа значи ан веспа или слично сакаш... Епа тогаш иам две варијанти: да врзеш по 2 диоди сериски, со што кога е под мала туража нема да светат. Друга опција е сите да ги врзиш на 47 оми 10вати отпорни, после отпорникот 2паралелно врзани зенерки од 3в3(мислам дека се стандарни) од по 5 вати или 5 зенерки од помалите. најдобро би било со стабилизирач, со лм317 или со транзистори. на интернет има многу стабиливатори од 3-3.6волти со лм317....
Споено мислење: 02.01.2011, Sunday, 00:00:27
eve еден едноставен регулатор со лм http://www.circuit-finder.com/categories/power-supply/dc-power-supply/593/lm317t-variable-voltage-regulator
-
sini6a друг пат пиши добар насов (види го тоа со голему букви)
-
Бидејќи варира напонот, како што рече bicikle, ќе ти треба еден регилатор LM317, за да го држи напонот стабилен. Со правилен избор на отпорниците во напонскиот делител, подеси напонот на излез од LM317 да биде околу 4V.
Второ, бидејќи минималниот напон е околу 4V, не би ти препорачал диодите да се врзани сериски, премногу е мал напонот, или едвај ќе светат или воопшто нема да свтат (6 X 0.7V = 4.2V, па значи минимален напон на кој би требало да се пуштат диодите е 4.2V, и тоа во најдобар случај, некои диоди имаат и поглем пад на напон, дури и до 1V). Поради тоа, подобро е да ги врзеш паралелно со еден помоќен отпорник (на пример 1W, иако и ова е малку голема вредност, но нека биде предимензионирано малку) со вредност од околу 100 оми (експериментирај малку, ако прејако светат, зголеми ја вредноста на отпорноста, на пример на 220 оми). Така ќе се држи стабилна јачината на светлината која ја емитираат диодите ;).
-
Се извинувам за насловот, фала ви на сите што ми помогнавте, ќе пробам со регулатор, мене проблемот ми е тоа што табелата со диодите ми е во кутија и неможам да ги сменам тоа е еден цел ред, немам како да ги спојам паралелно, ќе морам да си набавам друга кутија?
-
а што ке ти е друга кутија, кога можеш само да ја отвориш и да ги прелемиш лед диодите....
-
Во кутијата е еден целе ред т.е. два реда со бакар, и јас тука ги лемам диодите неможем да ги прелемим осим да скратим тоа бакарот :)
-
Во кутијата е еден целе ред т.е. два реда со бакар, и јас тука ги лемам диодите неможем да ги прелемим осим да скратим тоа бакарот :)
Пробај и сериски, мада не верувам дека ќе светат како што треба :S. Пробај, ако не работат како што треба, ќе мораш да ги прелемуваш и паралелно да ги ставаш ;).
-
Ок ќе пробам утре, мора да појдам до зец електроникс. Ги има овие работи тамо или не?
-
би требало да ги има
-
во Зец нема,тоа е продавница за звучници,видео,ДВД,системи итн.Оди во Логинг,ГАЦ,БТ електроник.
-
Оф неам ништо тоа овде :(
Споено мислење: 03.01.2011, Monday, 17:17:03
Во зец нема како што рече 8). Најдов во прнц соунд кај нас, и сеа како треба да повржам, само ако може да ми појасните да не биде само со шема, заш немам поима со тие работи. Фала позз
-
lm317 нема ?
-
Оф неам ништо тоа овде :(
Споено мислење: 03.01.2011, Monday, 17:17:03
Во зец нема како што рече 8). Најдов во прнц соунд кај нас, и сеа како треба да повржам, само ако може да ми појасните да не биде само со шема, заш немам поима со тие работи. Фала позз
па знам дела нема :D
шема ќе се најде/нацрта некоја :)
-
... и сеа како треба да повржам, само ако може да ми појасните да не биде само со шема, заш немам поима со тие работи. Фала позз
Епа тогаш прво прочитај ги туториалите, научи барем основни термини и како да прочиташ шема и после полесно ќе ти биде ;). Шемите се универзалниот јазик на електрониката, ако не знаеш да ги читаш, малку потешко ќе се снајдеш :S.
-
Ок, се снајдов со оваа, работни, но сега ме интересираше и тоа дали ќе можам директно на мотор да го вржам?? и ако може некој туториали да ми дадеш за „читање“ шеми..
-
Ок, се снајдов со оваа, работни, но сега ме интересираше и тоа дали ќе можам директно на мотор да го вржам?? и ако може некој туториали да ми дадеш за „читање“ шеми..
Па прочитај ги туториалите во секцијата Туториали ;).
http://elektronika-mk.net/index.php?board=55.0
-
ок, фала ;D
Фала ви на сите, ги прочитав туториалите и сега ми е јасно како ден ;D сека почнав и да експериментирам, фала што ми покажавте каде да почнам и да завршам, дали би можел вака да ставам еден променлив отпорник наместо обичниот или и обичниот и променливиот, и да штелувам +, - отпор. позз
-
ке може земи некој тример до 500 оми и штимај кога како ке светат само не ги оставај на најјако(помалку од 100оми) брзо ке ти прегорат ;) позз
-
Како мислиш ќе може, нели диодите работаат само на еднонасочна струја? ???
-
sini6a друг пат пиши добар насов (види го тоа со голему букви)
а што ке ти е друга кутија, кога можеш само да ја отвориш и да ги прелемиш лед диодите....
Најдобро е секоја диода да има свој сериски отпорник бидејќи сите диоди немаат исти карактеристики па со еден отпорник за повеќе диоди диодите кје светат различно