Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Озвучување => Topic started by: batka on 07.01.2011, Friday, 17:26:51
-
Набавив нов Соундкрафт М8 миксер и со задоволство им го препорачувам на сите кои сонуваат за добар и релативно евтин миксер.За карактеристики не би говорел многу,еве ке ставам слика и една рецензија,ама ми се чини дека рецензентите сепак биле премногу љубоморни кога го нарекле - миксер со * англиска* (тврда) еквилизација.Едноставен е за ракување,ги има сите функции кои ви требаат,без ефекти, чист звук,продорен,без колорит ,јасен,прецизни басови,добри средни,супер високи... Да не испадне фалење овакво нешто сум немал досега и да ви кажам деновиве малку ме имаше поради миксеров( пробав да врзам се што можев да најдам,за да чујам како звучи! :)). Го платив со попуст некој 680 долари,ама вреди секоја пара! Ке го пробам на Водици,кога крстот ке се фрла од Мало мовче! ;D
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=3542.0;attach=2316)
-
Епа, ајде со среќа да си го користиш ;) ;D.
-
Баш сега го тестирам во салава! Пинк Флојд го поминавме, сега свири Сантана лајв ,а го спремив и Жан Мишел Жар и Стенли Кларк.Се е од ЛП плочи ,а имам и некое оригинално ЦД,ама слаб ми е ЦД репродукторот,па ке видиме како ке звучи. Ако си слободен - повели! :D ;)
-
на колкаво појачало ти е поврзана миксетата?
-
Имам врзано 3 стерео појачувачи( сите вкупно 3Квати),еквилајзер 16 канален Соундкрафт и тросистемска активна свртница со 6 бас-среднотонци и две 18-ки во бас бин варијанта по канал(под сцената се!) ,ама го слушам на 1/3 од силата ! ;D
-
Баш сега го тестирам во салава! Пинк Флојд го поминавме, сега свири Сантана лајв ,а го спремив и Жан Мишел Жар и Стенли Кларк.Се е од ЛП плочи ,а имам и некое оригинално ЦД,ама слаб ми е ЦД репродукторот,па ке видиме како ке звучи. Ако си слободен - повели! :D ;)
За жал, не сум, а и да сум, пари немам :S. А баш имам ќеиф малку да го пробам да ти кажам искрено ;D. Ај, можеби некогаш, ако сум во Велес ќе ми дадеш да го „пипнам“ ;D. Инаку, јас да имав ваков, немаше дадам никој да го допре ;D.
Имам врзано 3 стерео појачувачи( сите вкупно 3Квати),еквилајзер 16 канален Соундкрафт и тросистемска активна свртница со 6 бас-среднотонци и две 18-ки во бас бин варијанта по канал(под сцената се!) ,ама го слушам на 1/3 од силата ! ;D
WOW, а паѓа напон во маало? ;D
-
Батка си има свој трансформатор дома,па што сака си поврзува на него.
Треба да го пријавиме на ЕВН :P ;D
-
Не бе ,си имам јас своја сала за проба! :D ;)
Споено мислење: 07.01.2011, Friday, 18:06:34
Абе Гига, дојди кога има *журка* ( на 19-ти на Мало мовче на Вардар во Велес се фрла крстот - 10-11 часот веројатно ) ке ти дадам да ги озвучиш поповите,барем * каро* ке ги има! :D :D ;)
-
Абе Гига, дојди кога има *журка* ( на 19-ти на Мало мовче на Вардар во Велес се фрла крстот - 10-11 часот веројатно ) ке ти дадам да ги озвучиш поповите,барем * каро* ке ги има! :D :D ;)
Штета :S, на 19-ти и 21-ви полагам :S. Ахххххх, многу работи ми кочи fax-ов, ама тоа е тоа, сум го почнал, ќе го завршам ;). И нова година планирав да славам малку подалек од Скопје, ама ништо, ем слабо со финансии, ем време многу ќе утепав (ќе требаше дури во вторник да се вратам :S).
Убаво да си поминете, и се надвам во некоја друга прилика ќе бидам послободен, па ќе можам да дојдам и да ја видам, во живо ;D. Животна желба ми е барем малку да работам на Neve и Soundcraft SSL миксета ;D.
-
Ако си толку заљубен во Саундкрафт,имам во салата еден спирит 16 канала,па ке ти јавам кога ке има некој добар настап кај мене(обично навечер од 18-19 часот!) па тркни,макар и со воз- не е далеку железничката станица!! :D :D

Повеќе сум во Neve заљубен, ама нема везе, и Soundcraft се топ ;). Spirit само еднаш во живо ја имам видено, но не смеев да пипкам ;D (кога бев на праква во МТВ, еден од mastering и mixing од радио работеше на неа на едно снимање, но дека бев на пракса, само смеев да гледам и да прашувам, не и да пипкам ;D).
Ај, кажи кога некогаш ќе има концерт, ако сум слободен, доаѓам ;). Само не сега во сесија ;D.
-
Можеби за 8-ми Март!?
-
Можеби за 8-ми Март!?
Можеби, ако не ми се погоди некој испит во Мартовска блиску до тоја ден (најчесто ги ставаат на крајот од месецот, така да мислам дека нема да се погоди да имам некој испит на почеток на месецот ;)), нема да има проблем ;).
-
Имам некоја најава за 8-ми Март - Голема журка -250 жени + гига и Батка мажи -- ее!!
-
Имам некоја најава за 8-ми Март - Голема журка -250 жени + гига и Батка мажи -- ее!!
хахахахахаха ;D ;D ;D... да не биде после како вицот ;D.
Се караат маж и жена дома на ручек, и после некое време, мажот удира со тупаница на трпезариската маса и се дере:
- Добро, кој е маж во куќава бе !?!?
На ова, жената се завртила и му врзала еден шамар. Мажов си ја наведнал главата и рекол:
- Добро ма, само прашав.
-
На такви собири жените не знаат дури што прават,дури сум видел мават со флаши по музиката,ама добро е кај мене кабината се заклучува! ;D ;D ;D ;D ;D
-
На такви собири жените не знаат дури што прават,дури сум видел мават со флаши по музиката,ама добро е кај мене кабината се заклучува! ;D ;D ;D ;D ;D
Јас во оклопно возило ќе си седам во тој случај, хахахахахаха ;D ;D ;D.
Ај, ептен забегавме од темата, да се вратиме назад на дискусијата ;).
-
may i come??? ::)
-
may i come??? ::)
batka одлучува ;).
-
Добра миксета си земал batka нема што ;) и со среќа да си ја користиш :), а можам да замислам како ќе звучи во комбинација со DJ batka ;D.
-
Добро,еве да резимирам.Миксерот е добар за жива свирка,има добри регулации,можности за правење 4 суб-а,разделување по групи,звучи чисто,јако,има добра корелација со излезните слејвови.Нема брум,исправувач посебно скоро 500 гр. свич е.Слушав разна музика : од џез,класика,рок,блуз и диско,панк,рап....Значи ,ги помина сите тестови и доколку имате некоја пара,ОК е за работа.Моја препорака за него.
-
So zdravje da si go rabotis mikserot batka :) ...Sum imal moznost da rabotam na nekolku tipa na soundcraft mikseri i site se pokazale odlicno .Garantiram deka nikoj ne bi zgresil ni so ovoj mikser.....izvinete za fontot,pisuvam od mobilen
-
Миксерчето го помина на најдобар начин тестот на Водици во Велес:прашајте за звукот некој друг што бил таму,освен нашиот Претседател,кој го пофали звукот ( му верувам !) ;D ;D ;D