Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Технологии => Topic started by: kill on 27.07.2010, Tuesday, 12:07:37
-
Се одлучив за оваа тема знаејќи дека недостасува на форумов, кога се работи за предаватели.
Се надевам дека ќе ви биде од корист.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1713.0;attach=725)
-
Супер. Имаш репутација плус од мене.
-
Одлично. Репутација+ и од мене.
-
еве и од мене :)
Иначе темава ке ја преместам.
Се мислев помеѓу технологии и општо па ја ставив во технологии, ако мислите дека подобро е во општо пишете.
-
Еве и од мене, доста корисно! :)
-
Дефинитивно корисна информациј, +rep и од мене ;).
-
+ и од мене :)
-
Еве едно програмче од мене со чија помош може да се пресметуваат калените.
Споено мислење: 28.07.2010, Wednesday, 16:33:36
Се извинувам падна интернетот.Еве атач.
-
Се надевам нема да ти пречи ако го post-ирам програмчево во секцијата „Софтвер за електроника“ ;).
-
значи исто треба да с енагласи дека тука се работи само за воздушни калеми, а не калеми кој се на феритно прстенче или јадро
пошто металот ќе им го зголеми индуктивитетот!
-
Го нагаласив тоа во темата каде што го ставив програмчето ;).
-
јас мислев за оваа тема, ама нема врска добро е да се знае и кај програмата тоа ;)
-
значи исто треба да с енагласи дека тука се работи само за воздушни калеми, а не калеми кој се на феритно прстенче или јадро
пошто металот ќе им го зголеми индуктивитетот!
Па... користење на феромагнет е најдобро затоа што со помош на неговата позиција внатре во калемот се променува и индуктивноста и може фино да се доведи до саканата. Ова најчесто се користи во радио техниката :)
Како и да е, доста корисни информации.
-
Да, но не е посакуван металот во индуктивитетите користени во аудио тхниката, особено во свртниците на звучните кутии, попожелно е да се користи подебела жица (за да се намали омската отпорност на калемот) и да се стават повеќе намотки, одколку да се користи феромагнетн материјал како јадро за калемот... мада во определени случаи може да се користи, ако калемот е наменет за филтер секцијата на нискотонецот (басот) ;).