Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: LordZi on 20.07.2017, Thursday, 19:36:11

Title: Струен лимитер за AC напојување
Post by: LordZi on 20.07.2017, Thursday, 19:36:11
Повеќето од нас имаме дома еднонасочни извори за напојување, најчесто со напонска и струјна регулација, меѓутоа понекогаш се јавува потреба и од АС извор за напојување. Регулацијата на наизменичниот напон може да се врши на повеќе начини (со автотрансформатор/вариак, повеќе изводи на секундарот итн.), а за ограничувањето на излезната струја ќе се погрижи овој склоп.
Комплетниот проект е од списанието Електор и е прикачен подоле. Уредот го изработив и добро функционира, кај мене регулацијата може да се подеси од околу 0.17А до 3.5А. Во прилог ја има и мојата верзија на плочката која ја изменив малце според релето што го имав.
Напомена - тастерот за ресетирање мора да е push to break, значи да го прекинува колото кога ќе се притисне, иначе уредот нема да работи.
Слика од готовиот уред:

(https://s25.postimg.cc/blw9qayyn/WP_20170720_002.jpg) (https://postimg.cc/image/6n8rbrv5n/)