Електронски уреди > Сè останато

Батерија за рачен циркулар

(1/3) > >>

MKD-Boy:
Здраво,
Да прашам, имав келии од лаптоп батерии.. ги одбрав исправните, најдов добра bms, и направив еден склоп од 18в батерија(или реални 19.4/5в)
Е сега, проблемот е што келиите неможат да го стартуваат моторот (со четкици е)
Некој да даде солуција, за некоја исправка или слично, да може да го стартува моторот(бидејќи на стартот веројатно влече повеќе).

LordZi:
Мислам дека во алати ставаат ппосебни батерии што може да дадат многу поголема почетна струја него ли обичните 18650, јас пробав да преправам батериска бормашина со батерии од лаптоп и не ми успеа, исто не стартуваше.

MKD-Boy:
Да, отворив од една бормашина батерија, има други поинакви келии..
Ама некако гледам по Јутјуб, има многу видеа каде што прават батерија за бормашина со такви келии од лаптопи...
Незнам дали да пробам со некој кондензатор.. или некој склоп/засилувач веројатно треба само за почетниот вртежен момент

MKD-Boy:
Никој нема искуство околу тоа?!

ace1903:
За да понудиме помош секогаш ни требаат прецизни информации во вид на бројки.
Има ли циркуларот некаква информација за моќност или за струја?

Од 18650 келии од лаптоп без проблем можеш да извадиш и до 5А струја или од 5 келии негде 100вати моментална моќност.
Дали циркуларот со 100вати ќе може да исече  нешто е дискутабилно.
Обично рачни циркулари користат многу повеќе келии за да добијат 48В или 60Волти.

Претпоставувавм дека BMS плочката има многу низок струен лимит. 
Втора работа, циркуларите обично за да бидат употребливи треба да имаат висок број вртежи што пак се коси со употребата на мотор со четкички.
Претпоставувам дека се работи за кинеска играчка наречена циркулар.

Можеби и келиите што мислиш дека се исправни и не се така исправни. Дали измери колкав напон даваат под некој пристоен товар?

Затоа стави тука слики и информации за циркуларот и BMS плочката па ќе видиме дали може да се прилагодат за да добиеш пристојна алатка за работа. 

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version