Електронски уреди > Сè останато

Заземјување паралелно на фаза во продолжен кабел?

(1/4) > >>

roliver:
Имам продолжен кабел од 50 метри на макара или моталица. Кабелот е 2х1.5мм2 и 1х0.75мм2 за заземјување (турска работа) повеќежилен или лицнаст.
Бидејќи има голем пад на напонот на 50 метри при оптеретување од 1400 вати (од 225 волти на околу 185 волти), а уредите кои се приклучуваат на него немаат заземјување, стари електричари предлагаат да се поврзи заземјувањето паралелно со фазата за да се зголеми фазниот проводник во пресек на 2.25мм2.
Дали би се добило нешто бидејќи нулата (масата) би останала 1.5мм2?

bicikle:
Незначително. Тие турските не се баш бакар каков што треба да е. Во ЛИРА, Меркур, Хубо, Електро метал би требало да најдеш каков што треба да биде. Пошто имам 3х1,5 20 метра и швајцоапарат си функционира без проблем на него , 3-4kw е. Да не речам фрли го.

roliver:
Пробано со врзување на заземјувањето на една од другите жици паралелно и испробан потрошувач од 1100 вати. Разликата е околу + 7 волти (на 50м должина станува збор). Се разбира колку поголем потошувач толку поголем пад на напон. На поголем потрошувач подобрувањето ќе биде поголемо.
Најверојатно ќе го поделам на 2 дела 20 метра + 30 метра, ретко ќе има потреба од 50 метра.
Сепак да кажам дека има подобрување бидејќи вкупниот пад на напон зависи од вкупниот отпор на проводниците (и на масата и на фазата заедно се земаат во предвид).
Како најголем дел од уредите што ќе се користат: бормашини, хилти, вапце, брусилица итн., немаат предвидено да имаат заземјување (кабелот најчесто е 2х1.0мм2 или и помалку), паметно е да се искористи и 3-тата жица заради големата должина. Секако треба да се преработи утикачот и штеќерот.

bicikle:
на 1400 вати пак ќе го имаш истиот напон. може подобро ќе ти е да напрајш еден кабел од 25 метра, паралелно да ги врзиш.

roliver:
Ќе ја испробаме и таа варијанта, како се работи за викендица каде секако нема заземјување и само монофазна струја, може и паралелно да се врзе. Видов на интернет како од два кабли со помош на три штеќери и утикачи (два влез, а еден излезен штеќер поврзува два потанки во еден подебел кабел), при тоа каблите може и секој посебно да се користат.
Сепак практично ќе се проба (заедно со мерење во живо со помош на ватметар, кој покашува и напон и струја) инаку вапцето од околу 1300 вати, работеше без проблем, но сепак колку помал пад на напонот подобро е за уредите кои се користат.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version