Други технологии > Сè останато

Машина за виткање арматура

<< < (2/7) > >>

Nikol4e:
Не ми текна на ваков мотор. И мене ми рекоа исклучиво трофазен мотор, за среќа имам трофазна струја во работилницата. Дали самото вртење лево/десно, ќе влијае на моторот или склопката, од аспект на често расипување или прегорување?

GigaWatt:

--- Quote from: Nikol4e on 29.05.2021, Saturday, 23:48:25 ---Дали самото вртење лево/десно, ќе влијае на моторот или склопката, од аспект на често расипување или прегорување?
--- End quote ---

Па... што знам... да бидам искрен, овие мотори и не се наменети да се користат во континуитет по час или два, наменети се за „од време на време крени-спушти“... значи краткотраен голем товар... можно е да треба да ги ладиш дополнително (со кулери до нив, бидејќи телото им е метално/алуминиумско, со ребра, наменети за ладење).

Тоа од електричен аспект, а од аспект на преносот... се зависи од изработката... на крајот на краиштата, ако е на ново, сите доаѓаат со барем една година гаранција. Ако го преправаш, преправи го да можеш пак да го склопиш во првобитна состојба, па играј на карта на гаранцијата ;D ;D ;D. Ако во рок од една година континуирана работа, не се зезне преносот, најверојатно ќе тера долго ;).

bicikle:
земи мотор од машина за перење, ако имаш простор за брзината т.е. ако немаш одредено норма. редуктор се става накнадно. А може и ременицата да ја искористиш плус запчаник. Можда неопходно е куплунг да наместиш.

GigaWatt:

--- Quote from: bicikle on 30.05.2021, Sunday, 01:58:33 ---земи мотор од машина за перење, ако имаш простор за брзината т.е. ако немаш одредено норма. редуктор се става накнадно. А може и ременицата да ја искористиш плус запчаник.
--- End quote ---

Нема моќ тој мотор. Синхрон е, џабе. Треба екстремна редукција да се прави. Ременицата нема да брка работа, ќе шлајфува. Плус, не знам дали има контра за центрифугата.

Zan:

--- Quote from: Nikol4e on 29.05.2021, Saturday, 23:48:25 ---Не ми текна на ваков мотор. И мене ми рекоа исклучиво трофазен мотор, за среќа имам трофазна струја во работилницата. Дали самото вртење лево/десно, ќе влијае на моторот или склопката, од аспект на често расипување или прегорување?

--- End quote ---
Доколку имаш работилница и имаш редовно работа, тогаш вреди да инвестираш во квалитетен и моќен трофазен мотор.
Не би требало да има проблем со дефекти.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version