Електронски уреди > Сè останато

LED драјвер за панел 150W

<< < (2/3) > >>

bacto:
Со друго позајмено напојување немаат проблем панелите, работат беспрекорно, одлично се дизајнирани, со еден кулер со топлотна регулација панелот е млак на допир и после 15 саата работа.

Не даваат знаци на треперење, работен век на ледовите им е наводно 30.000 часа  кај мене немаат работено поише од 2300+- часа.
Мислам дека се  Cree 80% и можда по некој Осрам, знам дека ги упдејтуваа пред некоја година со нова генерација на ледови, поефикасни и со малку друг спектар, а умол вредностите ги покачија за минимум 20% без редизајнирање на панелот, само со апгрејд на ледовите, дури и напајањата останаа исти.
Типот што ги дизајнираше даваше 5 години гаранција, но за несреќа почина пред две години, и тие што ја превзедоа фирмата ја сменија и политиката на користење и сега даваат само 2 години фул гаранција.
Не дека е 2 год малце ама ликот стоеше позади производот 100%, а не е Кинез  :)

Кога почна да трепка напојувањето го прашав  на маил што би можел да е проблемот, ме праша за серискиот број на напајањето и го снема, не ми одговори на другиот емаил.

Ја научен со наши искуства да не одговараат воопшто на емаил, дури ни за банално прашање а камоли да ти уважат рекламација си викам ми го бапна  овој, ај не ми е сефте огуглав кај нас по мобилариве и по Техно маркет и Нептун за ситни кварови во гарантен рок, не ги признаваат како да им брцаш у нивни џеп.


После 4-5 дена на врата ми стига ново напојување со извинување за непријатноста што сум ја имал и поклонче од 5-6 евра.

Да не рекламирам со дата шит, ако некој го интересира панелов за "лалиња" нека зирне на бонсаихеро дот ком или гугл ханс панел 150ват.

Ке проверам како што рече колегата, ке се потрудам да најдам и мултимер да ги измерам вредностите, ако даваат останатите знаци на живот тогаш ке бараме чаре, или некој колега од форум што си ја знае работата а не мава по уши со цени или Логинг, ке видиме, здравје.

Како и да е симнав некоја интересна литература од секцијата за почетници па еве како иде, ај уште малце ај уште малце од 21h до пред малку читав.
Нема крај, ми се спие а се викам ај уште ова уште ова, а тек станува интересно.

Поздрав!

GigaWatt:

--- Quote from: bacto on 23.02.2021, Tuesday, 03:37:26 ---Кога почна да трепка напојувањето го прашав  на маил што би можел да е проблемот, ме праша за серискиот број на напајањето и го снема, не ми одговори на другиот емаил.
--- End quote ---

Можно е да е серијата во прашање. Ако е ист модел, тоа ништо не значи, Кинезите знаат да менуваат шеми и да пишат дека е ист модел, а практично не е ::). А дури и ако не е менувано ништо од серија до серија, различни компоненти се користат во една серија и во друга (набавиле кондензатори од еден, после набавиле од друг).


--- Quote from: bacto on 23.02.2021, Tuesday, 03:37:26 ---Ја научен со наши искуства да не одговараат воопшто на емаил, дури ни за банално прашање а камоли да ти уважат рекламација си викам ми го бапна  овој, ај не ми е сефте огуглав кај нас по мобилариве и по Техно маркет и Нептун за ситни кварови во гарантен рок, не ги признаваат како да им брцаш у нивни џеп.
--- End quote ---

Ехеее, стара приказна е ова ::). Еден другар има одличен метод за решавање на овие проблеми ;).


--- Code: ---http://elektronika.mk/index.php?msg=132831
--- End code ---


--- Quote from: bacto on 23.02.2021, Tuesday, 03:37:26 ---Нема крај, ми се спие а се викам ај уште ова уште ова, а тек станува интересно.
--- End quote ---

;D ;D ;D... така е ;D.

Bojan:
јас со прашање едно...димерот каде ти е поставен??? на влез од трафото или на излез??? зашто ако трафото е димабилно обично тоа го пишува на него и тие се обично поскапи. Ако е обичен ЛЕД драјвер со константна струја од 4А можеш да побараш во Тим Електро Плус (они носат Meanwell напојувања па можеш да се договориш ако постои да ти го нарачаат), Лира (имаат мали напојувања, ама пробај си ја среќата), Блаком (блаком незнам дали имаат малопродажба), Електро Анастасиади. А за поправање чим е IP67 тие се целите залиени во пластика што поправањето е невозможно (барем јас до сега сум имал такво искуство)

bacto:
Пробав у Лира и Логинг немав среќа, а колку што најдов на нет МВел ке ме кошта ѓавол и пол, околу 2 кг по комад е.
Ке се јавам кај другиве, да видам ама чисто сумњам дека ке поминам со некоја реална цена.
У Логинг имаше некое со слични спецификации, ама го нема на лагер, 5900.

Инаку димерот е горе на панелот, еве фотка од нет најдов, моите не ми се при рака, ги стаив у кола да ги однесам кај еден пријател, имаат Торкс штрафови за отварање, ако се отвараат уопште.
Инаку овие на прв поглед изгледаат релативно квалитетни што не мора ништо да значи.

Имам впечаток дека освен тоа што трепка другите две функционираат затоа сакам да ги види некој што си ја знае работата.

Ке видиш на сликата каков е влезот на панелот, треба такво женско да се залемат жиците што идат у панелот(тој скинатиот) а тој што не покажува ништо ми се чини дека е одлемено едната жица и нема контакт(на првата фотка што ја ставив го има крајот што влага у панелот.
Можда тој со скинатиот кабел функционира(треба да се провери напонот, како што напишав со фазомер покажува дека има струја, ама ништо не ми значи без измерени вредности).
Барем едно да склопам дур не видам што како понатаму.

Сваќам што кажуваш, дека се водоотпорни, ама па од друга страна не гледам логика што би ставале штрафови по 4 комада од двете страни.

А, да одоздола има еден круг дијаметар 4-5 цм како излиена пластика, веројатно е некако излиено цело по страни, кој ги знае Кинезите што праеле.
Инаку немам таков Торкс штрафцигер таа големина па утре ке земам од пријател да пробам ако се отвара да видам барем визуелно како што ме посоветуваа погоре, па ако успеам да ги отворам ке најдам некој пријател со мултимер да измери напон и да види дали ке може директно да ги залеми на панелот, и со бужир убаво да ги изолира за секој случај.
Добар си беше кабелот со шрафче фиксиран(ке видиш на следнава фотка позајмена од нет) ама морав да ги протнувам низ дупки каблите и ги извадив и после едниот го скина кучето а другиот почна да трепка, третиот или почина или ке воскресне  :)
Фала за помош ке пишам што сум направил.

Bojan:
И работа што ме буни за напојувањево, обично на лед драјвери ги пишува дека се за константна струја (700мА пример) и напон од (пример) 20-60V а на ова твоево не пишува дали е за константна струја или константен напон. Ако е константен напон мислам дека може поевтино да се помине и полесно да се најде такво трафо него со константна струја. Ако успееш да дознаеш дали е CC или CV супер ќе биде

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version