Електронски уреди > Сè останато

LED драјвер за панел 150W

(1/3) > >>

bacto:


Проблем број 1. Напајањето од Кина кошта 30-40 еу а деливери до Македонија 70еу.
Не сум во можност да нарачам поквалитетно од типот на Мeanwell, успеав да најдам во Англија со шипинг од 35 фунти по комад.

Проблем број 2.со драјверот, кога ке се загрее после едно саат два почнува да трепка.
Дали некој што има искуство би можел да даде претпоставка  евентуално дали се исплати да се прави или не.
Се работи за dimmable или пригушлив по нашки.
Спецификациите се на сликата за секој случај ке ги напишам и овде.

Инаку имам 3 напојувања, едниот трепкач кога ке се загрее го спомнав, на второто напојување кучето ми го искина кабелот од страната на ледот, среќа изби автоматскиот осигурач а кабелот е неупотреблив без тоа со 2та пина што влегува во лед панелот.
Кога ке го уклучам и пробам  со фазомер покажува напон, но немам мултимер да измерам вредности.

Третото напајање работеше без никаков проблем и не е користено 2 години +-, стоено е во соба на нормална температура но кога пробав да го уклучам не функционира.
Има можност и еден од контактите што влегуваат во ледот да се одлемени па затоа да не се пали панелот.
Инаку имам два панела и двата функционираат одлично со едното полуфукнционално напојување.

Не ми текна да го намалам на помала вредност и да видам дали ке функционира т.е дали ке почне да трепка после извесно време.
Веројатноста дека се лошо изработени е исто голема, иако гаранција на панелите и напајањата беа мислам 2 години, а во коресподенција со други корисници на истите никој немал  проблем со напојувањата, а имам познаник кој го користи 4 години.

Еве ги вредностите(во Логинг немаат вакво) а веројатно ке ме чини ѓавол и пол накај два.

Model SV-150-36
Input: AC 170-250V 50/60 Hz 1.08-0.72A
Output: DC 37.5V 4A 150W

Чаре кај да барам?Логинг сервис дали се скапчии или се коректни со цени?
Знам дека не се баш ефтини со делови, барем кога сум имал потреба, ама биле коректни во секој случај.

Нема да е лошо да купам еден мултимер од пазарче, и така имам доста прегорени лед сијалици, ке се скрпи некоја, као нес 3у1  :)

п.с
Извинете на опширниов пост, прво па машко.
Исто делот со кодирање не го сватив најдобро, ако сум згрешил при аплоад на фотката корегирајте ме, пробав со инсерт код и линк од фотката ама без успешно.

LordZi:
За почеток, отвори ги и прегледај ги визуелно сите три драјвери. Прилично голем процент од кваровите кај модерните уреди се предизвикани од ладни лемови, затоа убаво со лупа прегледај ја плочката од страна на лемовите, посебно кај физички поголемите делови и оние што се греат, гуглај како да препознаеш ладен лем (dry joint), ако ти е нешто сомнително расклати го делот и види дали мрда нешто. Особено овој драјвер што работи па почнува да трепка ми личи дека е некој ваков дефект. 
Пред да чепкаш по плочката прво краткоспои ги со шрафцигер изводите на сите електролити и кондензатори во мрежниот дел, да не држат уште напон па да те пецне.

bacto:
Ладен лем, знам како не, ми се враќа филмот колку беа тепани Горењците или Нишлиите ради тој ладен лем  :)
Одличен совет, ке ги отворам, само немам моментално Torx таа големина.
Ке побарам и на Јутуб како се празнат за секој случај иако ми објасни едноставно и јасно, фала друже.

Уште едно под прашање.
Дали димерот евентуално би можел да го скрати работниот век на драјверот?

LordZi:
Не би требало.

GigaWatt:

--- Quote from: bacto on 22.02.2021, Monday, 19:00:37 ---Проблем број 2.со драјверот, кога ке се загрее после едно саат два почнува да трепка.
--- End quote ---

Тоа што пиша LordZi, но ако не успееш да најдеш визуелно каде е проблемот, сепак ќе треба унимер да се користи и да се мери, што тоа точно се случува со излезниот напон од LED напојувањето за да почнат диодите да трепкаат... а можно е да се проблематични и панелите, почнуваат да трепкаат пред да почне некоја диода да умира, познат ефект е тоа (проведува, па престанува, проведува, па престанува - многу брз мигавец ефект).


--- Quote from: bacto on 22.02.2021, Monday, 19:00:37 ---Исто делот со кодирање не го сватив најдобро, ако сум згрешил при аплоад на фотката корегирајте ме, пробав со инсерт код и линк од фотката ама без успешно.
--- End quote ---

Само за обични линкови важи тоа, не и за линкови до слики ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version