Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: Gavro on 21.03.2017, Tuesday, 22:50:30
-
Здраво момци, ми треба ваша помош околу монитор кој пали али после 3 сек гаси.
Марка: Samsung
Модел: 943NW
Ќе почнам од самото вклучување. Се вкл. и после 3сек се гаси беклајтот поради некоја причина, од искуство (не многу големо)
знам дека се вклучува заштитата доколку дојде до оштетување на некоја од неонките, т.е прегорување. Тестирано сите 4 неонки посебно на тестер сите светат и сите се со ист интензитет. Кога се приклучени сите 4 неонки се слуша силно пиштење значи не е зуење туку пиштење. На матичната има 4 конект. нели 1-2..........3-4 (сликовито опишано ;D ) 1 го вадам само, а другите три поврзани е тогаш нема никакво пиштење. 1 го враќам го вадам 2 нема пиштење итн итн. Значи една ццфл да фали било на која позиција нема пиштење. Сите 4 поврзани свири у п.м
Прашањето гласи до што би можело да е. Што да мерам прво кои напони фидбеци делови од кај да почнам прво, стварно незнам :-[ :-[
-
Ова е инверторот?
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/P1060443.jpg)
-
За жал не.
Ова е плочата
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/8ac333901d5f.jpg)
-
http://sekepsehang.hu/wp-content/uploads/2015/02/SKSH1030.jpg
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/SKSH1030.jpg)
-
Точно таа Тома :D
-
Има ли подуени електролити на плочата?
-
Нема
-
Ај провери дали шемата за инверторот и напојувањето се како од 920NW.
https://elektrotanya.com/samsung_920nw_lcd_monitor_service_manual.pdf/download.html
-
Гига, значи вака. Шемата за напојувањето не е иста, но за инверторот се вклопуваат некои работи на пр. кај самите инвертори позицијата на која се наоѓа инверторот (Т501 и Т502) е со иста бројка и самиот инвертор (SPW-068). Кај мене на таа плоча драјвер е MP1009ES, а на шемата од која ти ми ја посочи драјвер е QZ9938G.
-
А дали се друго освен MP1009ES се поклопува (исто е) во шемата од инверторот?
-
Апсолутно не
-
Трафата и пригушниците провери ги. Да не има некое лававо/ напукнато трафо? Блок кондензаторите провери ги визуелно и омски, да не има некој пробиено
-
Баш прееска проверував за такви проблеми. Лабав контакт нема, напукнато трафо... хммм ме замисли сега :D
е сега вака, кога сме кај блок кондензаторите ги мерев омски е сега незнам колкава вредност треба да ми искочи али сите се со иста вредност. Е ако погледнете на сликата оној блок кондензатор долу над ВИСОК НАПОН/ ШОК логото што е, т.е одма позади, конекторот у чело му е, тој пишти тој го прави звукот... што не сум сигурен 100 % мада може е до трансформаторчето (Т501)
-
Сивиот кондензатор? Ако е тој, слободно можеш да го извадиш и да пробаш без него, дел од EMI филтерот е тој, може да работи и без него. Ако ептен сакаш да ставиш некаков, најди некој меѓу 100 и 470nF, 500V= (еднонасочен напон) или 275V~. Вакви кондензатори има во скоро сите уреди кои работат со SMPS напојување (LCD и CRT монитори и телевизори, напојувања за компјутери, лаптопи, итн.).
Пробај извади го и види дали тој бил причината или пак продолжува да зуи.
-
Благодарам гига за одговорот, еве тестирав не е до него, самиот инвертор свири. Кога ќе го налегнам пониска фрекв. се слуша а кога ќе го отпуштам свири со ептен висока фрекв. дури непријатна за слушање
Ништо, вадам една неонка ( било која ) и гасам заштита и би требало да тера. Јас можам да ја изгасам заштитата и со 4 неонки али ке свири цело време, така да највеќе ми се исплати како што пишав погоре
-
Епа тоа не ги разбирам LCD многу мониториве ќе ти тера ли сега ;D или 8)
-
Благодарам гига за одговорот, еве тестирав не е до него, самиот инвертор свири. Кога ќе го налегнам пониска фрекв. се слуша а кога ќе го отпуштам свири со ептен висока фрекв. дури непријатна за слушање
И кај двете трафа или само кај едното?
И не е баш паметно ова да го правиш со гола рака (да го допираш трафото). Генерира висок напон, ако не пазиш, може да останеш со Fanta фризура ;D.
Тоа најчесто се прави со шрафцигер и стискаш по феритот, не по самите намотки ;). Ако менува фреквенција на зуење при стискање и попуштање, 99% проблем е трафото.
Ништо, ако е ситуацијата како што ја опишав горе, треба да го премоташ трафото или да најдеш исто... или некое слично од некој друг LCD монитор. Не мора баш да се идентични, важно е да дава висок напон ;). А ако гаси со промена на трафото, како што пиша, изгаси му ја заштитата и види дали премногу ќе греат драјверите за трафоата. Ако греат, стави им некое ладилно тело (некако залеми го или прицврсти го), ќе тераат и така ;).
Епа тоа не ги разбирам LCD многу мониториве ќе ти тера ли сега ;D или 8)
Би требало да тера ;). Изгледа кај трафото некаде попуштила некоја намотка и сега прави проблем.
@Gavro: Има универзални драјери за неонки на ebay. Побарај, не се многу скапи ;). Е сега, можно е да изгубиш контрола за brightness преку мониторот :S, ама тоа може да се подеси и преку графичката, така да и не е баш некој голем проблем ;).
-
Гига, свири само Т501 трафото. И да, знам и веќе имам 2 ( модула ) инвертора за 4 неонки пробав и тоа најдов 12В на плочата, но како што кажа и ти го изгубив подесувањето на јачина на светчина. Го средив со вадење на една неонка и гасење заштита. Еве го 2 дена не е гасен, не велам дека не грее мониторот, грее али тоа е минимално земајќи во обзир колку може да грее ;D
-
Е е супер е тоа што не прегрева малце ако грее не е ништо вози Гавро или Мишко беше ;D 8) ;D
-
Ако можеш да ги држиш драјверите со гола рака, веднаш по гасење на мониторот, околу 2 секунди, нема проблем, ќе издржат ;).
-
Па не би требало чим членот Gavro рече дека два дена го држел уклучен не би требало и уште тоа после тоа ако можел со рака да држи неколку секунди три четири не е проблем 8) ;D