ARM како процесори се чудо. Скоро и да нема сериозен EMBEDDED уред што не користи ARM процесор, почињајки од мобилни телефони, вакви и онакви падови, e-book ридери, MP3 плеери, па дури и лаптопи. ARM процесорите се доста добри процесори и најдоброто е што ARM компанијата ги продава како библиотеки за изработка на чип и како VHDL библиотеки, па така кој сака може да си изработи каков сака контолер со овие процесори. Во денешно време постојат ARM процесори кои се рамни на core i7 па и во некои работи и подобри од него (сум имал чест и задоволство да работам со таков процесор). Значи ова е веке сериозна работа што може да врти windows, Linux и скоро секој оперативен систем. Секако дека има и послаби варијанти на овие процесори за помали апликации. Во денешно време од ниската класа најраспространети се микроконтролерите со ARM процесори од NXP (LPC1000, LPC2000, LPC3000 сериите). Библија за изучување на ARM процесори е LPC2148 кој е доста моќна машина, со која можат да се прават серизни проекти. Јасно е дека ни еден ARM па и најслабиот неможе да се споредува со најјакиот PIC, PIC-овите се едноставни играчка за ARM-овите. Имам направено неколку проекти со ARM базирани микроконтролери, и ако сака некој може и некое кратко курсче да организираме.