Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Микроконтролери => Topic started by: Devil on 05.07.2010, Monday, 23:26:45
-
Токушту го завршив проектов, се на се 2 сати работа, можеше побрзо ама незнма нешто кочеше растворот за нагризување на плочите >:(
Инаку проектот се базира на PIC16F628 микроконтролерот и плус неколку компоненти ( гледаш на сликата)
(http://i34.servimg.com/u/f34/12/64/31/28/th/dscn0110.jpg) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=153&u=12643128)
На сликава прикажан е поглед од долу, при цртањето мака ми беше и не обрнав големо внимание и затоаа имав 1 грешка и тоаа кондензаторите од кристалот не ми беа на маса поврзани ( црната жица од долу )
(http://i34.servimg.com/u/f34/12/64/31/28/th/dscn0111.jpg) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=154&u=12643128)
има 4 седумсегментни дисплеи и кога нема ништо приклучено прикажува само на едниот дисплеј нула ...
повеќе информации тука
http://www.qsl.net/dl4yhf/freq_counter/freq_counter.html
-
Браво браво, вака супер изгледа ;).
-
Супер корисна работа :), а која е најмалата фреквенција што може да ја мери? Исто ме интересира дали и како го калибрираше?
-
Мислам дека нема калибрација, колку што е точен кристалот толку ќе биде точна и мерената фрекфенција :)
-
Па би требало да биде од 1Hz па нагоре, не верувам да може да мери фреквенција помала од 1Hz. А за калибрацијата, да, не би требало да се калибрира, а колку што видов од плочката, нема елементи за калибрација на плочката (тримери, променливи кондензатори) ;).
-
нема калибрација, на страната пишува дека мери од 1Hz па нагоре се до 60MHz максимално, ама требало некој измени, вака мери до кај 50MHz
корисна работе, да е , ама поубаво е со LCD дисплеј ;D
сега таков ќе си направам ова колку да не седам за џабе дома да лежам, деловите сите се рециклирани од стари плочи ми се вадени :)
-
Имаше еден се сеќавам софтверски се подесуваа накнадно, нешто се мереше па се внесуваа некои вредности во програмот и се правеше нов hex фајл, мислев да не е такво нешто и ова...
-
деловите сите се рециклирани од стари плочи ми се вадени :)
Добро, од каде ги вадиш 13mm-тарските LED дисплеи ??? ;D
-
На пазарот под Кале имаш еден куп плочки со дисплеи на нив за џабе пари... ;)
-
од каде, не имам малку стари ТВ-ња, ресивери, видеа, матични плочи, растурени дискетни единици ....... :)
-
Еве, и јас го направив, ама верзијата со 5 дисплеи :). Иначе, направив некои измени, наместо отпорниците 1к ставив од 470 ома за да биде посјаен дисплејот и на влезот му ставив предзасилувач, пошто без него мереше само појаки сигнали (отприлика над 2V).
Предзасилувачот е според оваа шема
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/VF_PP.gif)
А еве го склопен во кутија :)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0001-4.jpg)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0002-4.jpg)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0003-4.jpg)
Точноста му е сосем задоволителна, ова е кристал од 8MHz
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0005-3.jpg)
-
и како се покажа прецизен е, не е
бега многу малку дај нешто повеќе инфо пошто јас тогаш го составив испробав на брзина и го растурив ми притребаа деловите :)
-
Иако не може да се очекува некоја огромна прецизност, пошто има само 5 цифри, ден-два си играв со него ;), правев разни осцилатори, од десетина херци до триесетина мегахерци и видов дека прецизноста му е многу солидна за аматерска употреба, мултимерот што го имам мери до 20kHz и до оваа фреквенција баш ги споредував, потполно исто покажуваат, со тоа што овој со пикот е попрецизен од мултимерот пошто има една цифра повеќе. Пробував и разни осцилатори со кристали, од еден па до триесетина мегахерци, со сите покажуваше точно како вредноста на кристалот, плус-минус некоја бројка, на пр. на последната слика има прилкучено кристал 8,000MHz, фреквенциометарот покажува 7.9956 :)
Иначе може едниот кондензатор 22р да се замени со тример и многу точно да се наштелува, ама јас немав некој точен фреквенциометар према него да го штелувам па го оставив вака, за аматерска употреба е повеќе од добар, а и така планирам да правам некој попрецизен со лцд... ;)
-
Oooo aj честито LordZi,со здравје да си го користиш фреквенциометарот ;) :D
-
Одлична изработка LordZi :), со здравје да си го користиш фреквенциометарот ;).
-
Хахахахаах ;D ;D ;D, се на универзални плочки правиш ;D. Како и да е, супер е изработката ;). Мене барем ми се допаѓа ;).
-
Хахаха :), дури идев на работа ќе пуштев по некоја на принтер, сега како сум дома строго универзални користам... ;) ;D
Фала на сите, поубави да си направите ;D.
-
Малку не ми е јасно, како може да мери 50 Mhz кога пикот работи на максимум 20 Mhz, а инструкциите ги извршува уште побавно (бидејќи траат по неколку такта) ???
-
има еден дел на страницата со болдирани букви пишува How it works
читај тоа тука и ќе видиш како е можно, теоретски е можно до 60MHz ама практично тоа е невозможно
-
Супер изгледа како и внатрешно така и надворешно. Педантноста на прво место. Него ова RF појачалово (за 50MHz) се осеќа дека е ефикасно и засилува ?
-
Дефинитивно, со него има многу поголема осетливост.
-
ЛОрде од каде ги имаш најдено тие предните маски за кутијата.Дека ја имам кутија на што и требаат две маски(задна и предна)
-
Од исто место од кај што ја најдов и кутијата ;).
-
@Лордзи,дали може во предзасилувачот да го искористам NPN транзисторот BF240,наместо тој што е наведен?Дали ќе работи?
-
Би требало, пробај па јави... ;)
-
А еве го склопен во кутија :)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0001-4.jpg)
Каде можам да купам ваква црвена пластика (плексиглас, што и да е..) ?
Извинете за оф топик
-
Предната плоча е од алуминиум, само има залепено врз него проѕирна самолеплива црвена фолија, затоа така ти личи, иначе таа фолијата ја има на метро во графичарските дуќани позади автобуската КИМ и не е скапа.
-
Аа не не ми треба тоа, јас мислев дека е таа црвена пластика што се става преку лед диодите (само малце е потемна) и не се гледаат диодите само светлината од нив, во секој случај фала. Иначе супер е ова изработено :)
-
Аа не не ми треба тоа, јас мислев дека е таа црвена пластика што се става преку лед диодите (само малце е потемна) и не се гледаат диодите само светлината од нив, во секој случај фала. Иначе супер е ова изработено :)
До толку темна... можеби ако земеш кафена боја на фолијата... ама темно кафена, ако начекаш некаде, со неа не би требало да се познаваат LED дисплеите зад фолијата ;).
-
А еве го склопен во кутија :)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0001-4.jpg)
Каде можам да купам ваква црвена пластика (плексиглас, што и да е..) ?
Извинете за оф топик
А од каде ја купи кутијава?
-
Ја добив на поклон ;) :).
-
Ептен добро си ја составил. А можеш ли да ги ставиш плочките што ги имаш нацртано, зашто тие што се на линкот не се баш разбирливи ;)
-
Немам правено ППК, се е направено на универзални плочки со дупчиња ;).
-
Јас ќе почнам, па ако треба помош ќе те барам. Сакам оваа вежба да ја направам сега за до полугодие. Треба да направам склоп целосно со кутија.
-
Здравооо
дали може место ЛЕД да се замене со ЛЦД дисплеј овој фреквенциометар
некој да го промени хексот
благодарам
-
има на форумов и таква верзија, побарај тука негде е :)
-
Базиран на PIC16F628 фреквенциометар со лцд дисплеј ако може некој да направи
фала
-
Најбитното заборавив да ве прашам, а какви дисплеи треба, со заедничка анода или катода?
-
ако памтам добро може со било какви лед дисплеи, различни hex има за различни дисплеи :) (пишува убаво на страната...)
-
еве кој го изработувам фреквенцметар:
http://www.py2bbs.qsl.br/freq_dl4yhf.php
ги изработив плочките,ги имам дисплеите и сите останати делови.Само треба да го склопам,залемам и пуштам во работа. ;D ;D Ја изработувам верзијата со заедничка катода
-
еве кој го изработувам фреквенцметар:
http://www.py2bbs.qsl.br/freq_dl4yhf.php
ги изработив плочките,ги имам дисплеите и сите останати делови.Само треба да го склопам,залемам и пуштам во работа. ;D ;D Ја изработувам верзијата со заедничка катода
Ај пиши дали ке ти проработи, па и јас да го правам :)
-
Еве го во кутија мојот фреквенцметар:
(http://img10.imageshack.us/img10/2873/photo0017bk.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/10/photo0017bk.jpg/)
-
Си требал да му направиш и убава предна плоча на компјутер... ;)
-
немав време и принтер >:( иначе може да се приклучи и бурмашинка на 12волти,за бушење на плочки.
-
Го направив фреквенцметарот како од девилл но со 5 дисплеи со заедничка анода проработе од прва но 5 -тиот дисплеј дисплеј никако да проработи како што треба со помал сјај и скоро не се познава која бројка е последна,го преправив со заедничка катода дисплеј, и се е во ред и со петтиот дисплеј,изгледа во хексот е проблемот за заедничка анода.
-
Еве една проверена плочка за овој фреквенцметар, верзијата со 5 дисплеи со заедничка катода. Не е којзнае што бидејќи ми требаше хитно, па е цртана, направена и склопена буквално за саат време, ама супер си функционира. На самата плочка е ставен и влезниот предзасилувач. Дисплеите (мултиплексирани) се наоѓаат на посебна плочка која ја имав од порано... ;)
(https://imageshack.com/i/pmrvOtrKj)
(https://imageshack.com/i/pnCd03jnj)
-
Wow па ова е супер проект за радиоаматери кои емитуваат на кратки бранови (1,8 - 29,9 MHz) а користат постари радио станици кои немаат дигитален тјунер.
Ке ни користи и на мене и на xantox, секако и на многу други!
LordZi дали имаш информација колкава е точноста на овој фрекфенциометар и колку децимали покажува. Има 5 дисплеи, вероватно до 9MHz првиот дисплеј е 0 а над 10MHz е 1,2,3,4 или 5 а последните 3 дисплеи се децималите? Поправи ме ако грешам. Ме интересира бидејки кај нас до некаде е важно е дали емитуваме на пример 7,123 MHz (и третата децимала е битна)
P.S. C1, C2, C3 и C4 кои вредности се, или пак тие ги оставаме празни места како на сликата ?
-
Деклариран е дека мери до 50MHz (мада мислам дека оди и нешто над тоа), при што има резолуција од три децимали (50.000MHz). Ако мериш под 10MHz имаш резолуција четири децимали (9.9999MHz). Ова е ако ја правиш верзијата со пет дисплеја, ако ја правиш таа со четири ќе имаш една децимала помалку.
Ако наместо еден од кондензаторите кај кристалот ставиш тример ќе може да го подесиш според некој точен надворешен осцилатор.
С1-5 се поврзуваат на соодветните катоди од дисплеите.
Иначе пошто овој фреквенцметар е дизајниран од радиоаматер и е наменет за вградување во рисивер, има опција во софтверот за додавање или одземање на офсет фреквенции, прочитај повеќе за тоа во оригиналниот текст... ;)
Споено мислење: [time]08 Април 2017, 17:58:44[/time]
Еве како изгледа поврзувањето со дисплеите...
(https://imageshack.com/i/pmv7IzjLj)