Ние Велешани празникот го започнавме синоќа од 20,30 до 01 часот сабајлето и добро го прославивме.
За жал,никој од Форумашиве не се појави иако сите беа известени за лозинката која требаше да се каже.Не бев до миксерот,бев горе во публика кај светлото,бидејки ми се повреди сабајлината светло-мајсторот,па јас палев и гасев!
Поминаа над 30 -мина на сцената,малку се развлече свирката (беше во живо),ама беше успешно изведена .Дури имаше и незадоволни музичари кои *во 5 до 12 * се пријавиле и не им беше дозволено да настапат (немаше време!)
Од оние кои настапија ке ги спомнам : Ноне Неделковска,Петре Штерјов,групите * Соната*, *Зрак*,*Кактуси*,*Лебеди*,*Триумфи*
*Перкашн бенд*,*КГБ*,*Ла Манш*,- нека извинат другите не ми текнуваат во моментов,Трио Мексикана како поединци Миле Павароти, Крсто Џгуро,Иле Црното(ама имиња!?) и најстариот Тошо Шерифот ,кој беше најстар учесник со 67 години!!!! Драго ми беше што натерав некој кој не пеел 30 години да застане на сцена -тоа беше мојата другарка Марина Чурувија (сега Димова) која во далечната 1978 година во Суботица на Младинскиот фестивал (за вас младите - најголем поп-рок фестивал тогаш во Југославија!!!) одвои прво место и тоа точно на денот на Матурата.Поради неа Матурската се повтрои уште еднаш,а од собраните пари и поклонивме музички систем(со дупли дек!!!)
На крај,извинете што ве изгњавив да читате,штета што ве немаше,ама сепак нека ни е вечна МАКЕДОНИЈА!!! Наздравје !
Споено мислење: [time]08 Септември 2010, 16:04:33[/time]
За известување на Форумов : Целата наша екипа ке биде на прием и честитање вечер од 20.30 часот во *Моја Кафана* во Центарот на Велес ,спроти Коњот.Тоа ви е ресторан во староградски стил,со амбиент од старите Велешки куќи,со велешко мезе, скара,специјалитети .Ако некој сака повелете,се дружиме со секој што ке дојде на маса.Питите -пастрмајлии уште не почнале да се прават,жешко е уште,ама за специјални гости... ;)Значи,продолжуваме со славењето,културно ,без многу помпа,ама со добра (жива )музика,гитари.Имаме добар спонзор - Винарија *Изворно* кој обезбеди вино за мерак.
За друго- ке се снајдеме- битно е да се дружиме!!!
Споено мислење: 08.09.2010, Wednesday, 16:17:33
На крај една графика од Центарот на Велес,кафаната лево на цртежот