За тие што немаат прочитано, ја барав сервисната шема за овој монитор во следниот topic.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6360.0
Во тој topic има и слики од шасијата на мониторот, SMA222F.
Најверојатно го лоцирав проблемот, еден од отпорниците во хоризонталата прегревал, па целиот лем се стопил, дури и дупки направил на штамптата, а поради прегревањето некои од водовите беа прекинати (или тука некаде) па ги преспојував со краткоспојници, но подалеку од местото каде што отпорникот прегревал (ќе го забележите тоа на сликите
). Како и да е, се јави друг проблем, не можам да ги исчитам вредностите на отпорниците (конкретно два се проблематични), а не можам ни да ги измерам бидејќи не знам дали се содема зезнати (малиот, на сликите, тој од 1/4W не може да се измери а и да се исчита, јавува отворено коло кога е врзан за унимер, а поголемиот, тој од 1W, јавува некоја отпорност од 190 ohm, но искрено, според ознаките на него, не ми се верува да е таа вредност, инаку боите од ознаките му се избледени од прегревање, на пример, бојата за толеранција е црна, а изгледа била златна :S, како и да е, останатите бои се избледени или сменети и ако ја исчиташ вредоста според тие бои, некако не прават никаква логика :S).
Еве и слики од тој дел од шасијата, „чурнатиот“
, како и слики од двата отпорника. Отпорниците се означени со R417 и R424. Ако некој случајно има идеја како може да ги најдам кои се вредностите на отпорниците, или ако евентуално знае кои се, нека пише
. Сервисна шема од овој монитор немам, иако ќе напоменам дека сервисната шема од моделот 447ZA Pro (шасија 447О) е многу слична на шемата од овој модел, но сепак, немав среќа да откријам кои се вредостите на отпорниците, очигледно се разликува во определени работи, а како што можев да забележам и во хоризонталниот излезен степен.