Станува збор за замена на SMR40200 (универзална мрежа) што во ниеден случај не се поклопува со твоите напојувања кој ги постави...Зборувам физички, но тоа не значи дека и тие не можат да се монтираат...
Изгледот на тој SMR е баш онаков како во првиот пост. Има на влез +/- 300 волти, а на излез напон од 120 до некој си 140 волти, најчесто тоа е 125 волти кога станува збор за Самсунг, 16 до 20 волти и маса. Кај овие напојувања кој си ги дал за пример има повеке изводи, кој во овој најпрост пример на универзално напојување има само 5 контакти кои погоре ги објаснив.
Снагата на напојувањата ќе зависи од многу фактори, но во овој случај како што кажав не...Бидејќи се става однапред соодветна замена на SMR40200.
Да не претерам но досега имам вградено помеѓу 50-100 универзални мрежи и поправено незнам колку...Рокот на траење кога е ново е од 1година до 2 години во зависност од моменталниот квалитет на деловите кој се вградени во нив, додека на поправените не се сеќавам искрено.
Поквалитетно напојување нема да може да се најде се додека не се поправи старата мрежа со оригиналниот дел, кој чини околу 30 евра
http://www.donberg.ie/descript/s/srm_40200.htm
па сега кој сака да дава толку пари бујрум + работна рака од најмалку 800 денари и пропратни елементи...Значи вкупна поправка за стар телевизор од 50 евра...
@Devil
Таков дефект предизвикуваат суви електролити најчесто.
Кај оригиналните мрежи заради дефект во примарниот дел од мрежното напојување односно електролитот од 22 микро или 47 микро, зависно од моделот, мрежата работи нестабилно и цркнува SMR-от, а со тоа и нагло се зголемува напонот и црка зенер диода 150V во секундарниот дел...