Заменив комплетно неисправен инвертер во LCD монитор со друг инвертер и сега ми треба едноставен склоп кој ќе го исклучува инвертерот кога ке се исклучи мониторот. За таа потреба мониторот си има PW ON сигнал, 0 и 5V (во вклучена состојба е 0V, а при исклучена 5V).
Се обидувам со едноставен транзисторски прекинувач со PNP
http://www.kpsec.freeuk.com/trancirc.htm#pnp
транзистор - BD136 и отпорник, ама не ми успева. Пробав со различни вредности на базниот отпорник, ама не можам да го добијам она што ми треба.
Инвертерот влече струја од 500mA.
Некоја идеја каде грешам?