Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: LordZi on 04.02.2019, Monday, 16:26:53
-
Го имам гореспоменатиот ТВ, купен нов, работеше 15-на години без проблем, почна периодично да не стартува, прво поретко, потоа почесто, на крај воопшто не сакаше, ги сменив сите електролити во примар и сега се пали нормално. Другиот проблем што остана е што се јавуваат некои разнобојни трепкања/флешови и бели линии преку екранот, не знам колку се гледаат на видеото (треперењето е заради камерата, го нема во живо). Би ги прашал поискусните дали е ова до екранот, ако е при крај или е нешто со електрониата. Како што реков сите електролити во примарот се премерени и сменети, на плочката од топот има само еден електролит и тој е добар.
Што понатаму?
(https://i.postimg.cc/D0X0w4MC/WP-20190204-004.jpg)
(https://i.postimg.cc/s1CXQDF3/WP-20190204-005.jpg)
(https://i.postimg.cc/NG5NB8gg/WP-20190204-008.jpg)
-
Не се гледа добро на видеото, но мене не ми личи на проблем со екран.
Прво би ја проверерил малата плоча (слика 2) за ладни лемови и контактите од таа плоча со екранот.
Ако телевизорот има AV влез, префрли без сигнал, би требало проблемот да биде подобро видлив.
-
И јас би проверил RGB плочка за ладни лемови... личи како да греела кај транзисторчињата за топовите.
Јас и цела плоча би ја прелемил, колку пати ми се има случено да не загледам некој ладен лем, ќе го загледам тек пред да го прелемам ::) :D... ова ако е за тебе, се разбира, инаку, не би се замарал многу, сепак CRT е... некако нема поента веќе да ги поправаш овие, освен ако не е за тебе :P :D.
И слободно може да ставиш електролити со повисока вредност во напојувачката секција, нема да има проблем ;).
-
Во ред, ви благодарам, ќе ја прелемам целата плочка па ќе пишам резултати.
Големите електролити во напојувањето веќе се дуплирани по капацитет... ;)
-
Ако е намалена бојата на нула, дали и тогаш ја имаш истата манифестација (мене ми личи и на PTC елементот).
е што се јавуваат некои разнобојни трепкања/флешови и бели линии преку екранот
.
За секој случај замени го C2612(4u7) од 6-ти извод од процесорот.
-
Тома, ќе пробам па ќе пишам резултати.
Ќе го сменам и кондензаторот што го посочи.
-
Мислам дека го оправив ТВ-то, на крај Тома беше во право со PTC-то... ;)
Прво неколку пати го извадив/ставив конекторот за екранот и ја прелемив целата плочка, ги снема проблемите, си викам тоа е. Сето ова беше со откачена намотка за демагнетизација, бидејќи кабелот е краток и ми сметаше при работа, кога го приклучив на следното пуштање пак почнаа проблемите. Го извадив и сменив PTC-то со друго што го имав дома, но по пуштањето целиот екран се магнетизира и стана шарен. Го сменив и тоа со друго но сега ми прегоре осигурувачот веднаш по вклучување. На сликата се сите што ги пробав, оригиналното е тоа во средина. При мерење од средниот извод кон едниот крај имаше голема отпорност, од редот на мегаоми, кон другиот крај беше добро, неколку десетини оми. Е сега, зошто со овие другите не работеше, дали и тие се неисправни или замената треба да се врши само според ознаките отпечатени горе, иако изгледаат скоро идентични?
(https://i.postimg.cc/Wp9zFb9n/WP-20190205-001.jpg) (https://postimages.org/)
Како и да е, го отворив оригиналното, ги размрдав и зачистив „пелетите“ внатре и сега работи како што треба, ќе видиме до кога... :)
(https://i.postimg.cc/7Yf6g8dy/WP-20190205-002.jpg) (https://postimages.org/)
Ви благодарам на сите за помошта... ;)
-
Колку мене ми познато во зависност од изведбата на шемата се користат NTC/PTC или само PTC.
Слика со NTC/PTC
(http://www.mediafire.com/convkey/8af9/8u69z73st7btrekzg.jpg)
слика со PTC
(http://www.mediafire.com/convkey/e7f8/k4szqgkg68kn0iyzg.jpg)
-
Ова се извадоци од шемата за конкретното ТВ или генерален пример?
Овие бројките на РТС-то значат нешто, напон, отпор, или се само фабрички броеви...?
-
Генерален пример!
Впрочем може да се провери. Унимерот на мерење отпор помеѓу средниот и левиот или десниот извод , го загреваш со лемилица, ако се намалува отпорот, значи NTC и обратно ако се зголемува отпорот значи PTC !
А бројките на РТС-то значат нешто а тоа се фабрички броеви за идентификација при купување од Philips-ови застапници (мислам на бројките во шемата).
-
Аха, значи во принцип не може да се користат вакви елементи вадени од расходувани монитори и ТВ, без претходно да се провери во шемата и даташитот дали ќе одговараат, иако изгледаат исто...? Не го знаев ова, мислев дека горе-доле сите се исти... :)
-
Искрено, и јас не сум знаел, ама затоа па секогаш прво сум проверувал ;). Запалката во раце и мери :D.