Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: GigaWatt on 23.01.2019, Wednesday, 04:08:25
-
ТВ шасија CY-PH2529PD (перница) деформација O-W или E-W
Да не експериментирам, ме интересира дали некој можеби има корегирана шема која овозможува корекција на перница деформација кај оваа шасија. Знам дека овие две компоненти се одговорни за формата на пилестиот сигнал, ама не сум сигурен како да ја извршам корекцијата :-\... мислев да додадам потенциометар во паралела на C401, ама, како што кажав, не сум сигурен дали ова ќе функционира и колкава вредност треба да се стави.
(https://i.postimg.cc/9XKPTxNw/SHOT8747.png)
-
Прво замени го C307 od 4.7 uF (NP ili BP) со блок конндензатор од 2-10 uF од 50-100V.
-
Мхм... ОК ;). Мислиш дека со тоа ќе се среди проблемот?
Заборавив да напоменам, менував електролити во телевизорот, мислам дека C401 го заменив со некој од 220uF... треба да проверам ама се мислам дека поголема вредност му ставив. Ако ставам електролит со декларираната вредност, би требало да се среди ситуацијата, така?
-
Прво замени го C307 od 4.7 uF (NP ili BP) со блок конндензатор од 2-10 uF од 50-100V.
C307 97.63% треба да е проблемот околу Исток-Запад (O-W, E-W)
-
Хахахаха ;D ;D ;D... ама си ме изнасмеал со ова 97.63% ;D.
ОК, ќе пробам, па ќе пишам ;).
-
Бидејќи првпат го гледам таканареченото "перница деформација" ме интересира всушност што е?
-
https://www.google.com/search?q=crt+tv+barrel+pincushion+distortion
(http://www.mediafire.com/convkey/aaea/ned2w1w3wrdfl8gzg.jpg)
-
Бидејќи првпат го гледам таканареченото "перница деформација" ме интересира всушност што е?
Како што секој ТВ има корекција Север-Југ така има има и корекција Исток-Запад.
На страна 91-92 од книгата од линкот го имаш објаснувањето.
https://emiter.com.mk/kniga/14540
-
Го погоди Toma! Од прва :).
Инаку, не сум го сменил C401 туку сум го сменил C307... и тоа со вредност од 220uF :-\. Изгледа не сум пазел кога сум читал, сум исчитал 47uF наместо 4.7uF. Прво го сменив со 47uF електролитски и деформацијата се подобри, си реков, добро, го погодив, ќе да е тој, ама некако местото ми изгледаше многу големо за кондензатор од 4.7uF/50V (50V-ен сум ставил од 220uF, а обично гледам да ги запазам напонските декларации, особено на места кои имаат импулсен режим на работа, така да, претпоставувам дека и оригиналниот бил 50V-ен), ама си вика, ај, ќе го сменам, со 4.7uF електролитски, па што биде нека биде :P... и, се се оправи, никаква деформација :). Не можев да најдам пластичен од 4.7uF по дома (требаше да врзувам во паралела 5 од 1uF, а искрено, ме мрзеше :P :D), така да, нека тера со овој електролитскиов, па ако треба за 10 години, нека оди во ѓубре :P :D.
Фала уште еднаш ;).
-
C307 не е класичен електролитски кондензатор со плус и минус туку е електролитски ама „нонполар“ , така да овој класичниот не би терал долго, додека со блок од 1-3 uF има да тера додека е жив телевизорот.
-
ОК, ти го послушав советот ;). Добро што не го склопив, го оставив малку да работи, да видам дали ќе направи нешто „кабум“ :D.
Му ставив 1uF/100V пластичен. Пак се јави мала деформација на долните краеви, ама не е критично, можно е така да беше и пред да го сменам, не знам, не гледав во него кога го исклучив ;).
Како и да е, има слика, се гледа, сликата е далеку од многу деформирана, како што беше претходно... се на се, според мене барем, завршена работа ;).
Инаку, да, можно е да беше биполарен (неполаризиран), затоа можно е и да бил поголем... ама па зошто имаше штампа за негативен пол на плочата ???... кој знае, Кинеска работа :D.
-
...Му ставив 1uF/100V пластичен. Пак се јави мала деформација на долните краеви, ама не е критично...
Оваа треба да се корегира со тримерите VR311 и VR312.
-
Мислиш на R313 и R312?
(https://i.postimg.cc/pLs64qWD/SHOT0041.png)
Не ми текнува дали и на шасијата имаше тримери од страната на HOT... имаше два од страната на MCU, ама не знам кои ознаки ги имаа.
-
Мислам на VR311 50k и VR312 10k одма десно од обележаните во горната слика .
(http://www.mediafire.com/convkey/11bd/6mk3k65kuna66m9zg.jpg)
-
Ау да... не сум ги забележал ::).
Добра информација, ама за жал, го имам склопено веќе телевизорот, така да... можеби некоја друга прилика.
А со нив се корегира и ширината на сликата? Бидејќи е малку поширока од што би требало да биде (дел од логоата на телевизиите се делумно видливи... не сите, но кај некои, да), па би го отворил пак ако можам да го корегирам и тоа со нив :P :D.
-
Да. Со едниот од нив се корегира ширината а со другиот хиперболата (перницата) на сликата.
-
Ах бе Toma, ме тераш пак да го отворам :D.
За среќа лесен е за отворање ;). И да, со тие два ја дотерав сликата супер ;). Ни деформација, ни неадекватна шинирина, сега е таман ;).
(http://www.mediafire.com/convkey/2a7b/3c6g12dpai6vu0bzg.jpg)