Македонски форум за електроника
Останато => Електронски компоненти => Topic started by: slidermc on 03.03.2015, Tuesday, 00:11:19
-
Пред некој ден правев активни свртници, и бев непријатно изненаден колку дисторзија имаше. Проверив се по плочка и шема, се во ред. Сигнал трасер, на секое место дисторзија ми покажуваше. Реков ајде не чини првиов чип TL074 (од TI). Го сменив со еден од ST, и како од ништо ја снема потполно дисторзијата.
Потоа видов дека на сите чипови, ако попуштам малку повеке волумен-напон, одма дисторзираат! Сите тие беа од демек TI производител но најверојатно се некоја бледа копија! Не се совпаѓаат високите дисторзии со правите чипови.
Внимавајте затоа! Оние чипови од TI TL074 може да бидат и некои евтини кинески копии! Затоа предложувам да земете TL074 од ST microelectronics, сите кои ги пробав се апсолутно исправни и се држат до спецификациите. Еве и измерени графици. Има дисторзија абнормално многу на повисоките ФР, а одзивот е ист!
TEXAS INSTRUMENTS fake!
(http://i44.photobucket.com/albums/f8/slidermc/Texas%20Instruments%20electronics%20TL074_zpseqcfvyqa.jpg)
ST MICROELECTRONICS
(http://i44.photobucket.com/albums/f8/slidermc/ST%20Microelectronics%20TL074_zps0gonwfmo.jpg)
-
Од каде го купи интегралецот?
-
Не е еден, туку 8 комада, едните купени пред 5 дена, а другите можда пред пола година. Сите исто, не се според спецификациите.
-
од која продавница ги купи?
-
Не се разбирам во овие графици што ги постира, но ако се купени од кина секако се фејк. Ако ги купе од тука, а продавачите го купиле од кина, пак се фејк. Кинезите направија полоши копии и од најлошите, нешто е ок, а нешто не. Имав лошо искуство со микрофон за радиостаница моторола, микрофонот не беше ни половина од тежината од расипаниот оригинален, а кога го приклучив не работеше.
-
Најверојатно од кина се купени. Со други интегралци не сум имал вака проблем, утре повторно ке испитам за сигурно.
-
Не мора да значи дека се копии. Многу непријатно ме изненадија оригинални 78XX и 79XX стабилизатори на TI од поновиве серии.
-
Значи и ти си имал некои такви проблеми? Што им беше?
-
Не го држеа стабилно напонот. Дур не загреат, варираше. Па и кога ќе загрееја, пак знаеше да шантра напонот.
-
А денес тешко оригинал... многу тешко. Едино ако начекаш... Али сепак дур ги плаќаш овде 3х поарно на али порачај си....
-
@bicikle:Има,се најдува по нешто ;).