Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: totii on 04.02.2019, Monday, 12:19:56
-
Здраво колеги проблемот со овој музички систем е што е мртов не се вклучува значи нема standby и нема ништо на дисплеј.Го отворив и го проверив напојувањето ги има напоните кон stk-то +-27V,ги има и +5V и +12V едино го нема -12V но како што ја погледнав шемата тој се артивира откако ке добие power-on од процеорот или се лажам?Процесорот LC866548 на пинот 81 power-on нема никаков напон,додека процесорот добива напојување +5V.Пршање е дали проблем е во самиот процесор или?Во attacment ја имате шемата и да сите електролити се воред и се проверени со esr metar.
https://cloud.mail.ru/public/DQMA/5cvDgnp2p
https://www.asuswebstorage.com/navigate/a/#/s/8F40E4C64F184EA59AFA2C712CE2FC17W
https://elektrotanya.com/samsung_max-b420_b450_zb450_sm.pdf/download.html
-
Провери дали на пин 24 од UCW1 имаш напон од 5.6V. Ако има, провери дали има напон од 5V на пин 90 (VDD2) на LC866548 (UIC1).
(https://i.postimg.cc/yVbCHRTC/SHOT0042.png)
-
На пин 24 од UCW1 има напон од 5.6V и потоа преку диодата UD13 напонот пага на 5.3V и оди на пин 72 VDD4 и на пин 46 VDD3,исто овој напон од пин 24 од UCW1 преку диодата UD21 оди на пин 18 VDD и на пин 90 VDD2 тука напонот после диодата е 4.7V.
-
Хммм... тоа е некако многу висок пад на напон за диода, скоро 1V. Пробај смени ја UD21 со 1N4001 (1N4001 ... 1N4007, било која) и види дали ќе се крене напонот на околу 5V. Исто важи и за UD13, слободно може да ја смениш со 1N4001 ;).
-
Ги заменив и двете диоди со нови 1N4148 напоните останаа исти 4.7V на UD21 и 5.3V на UD13,следно што направив е ги скинав водовите од овие две диоди кој одат кон пиновите за напојување на процесорот и тогаш послем двете диоди добив напон од 5.3V.Дали ова значи дека процесорот е проблем и тој го руши напонот на диодата UD21?
-
Дали ова значи дека процесорот е проблем и тој го руши напонот на диодата UD21?
Да, најверојатно.
Ај измери отпорност меѓу пинови 18 и 90 на LC866548 (VDD и VDD2) према маса и на пинови 46 и 72 (VDD3 и VDD4) и спореди ги резултатите. Се разбира, мери кога е се изгасено. Би требало да добиеш значително пониска вредност на пиновите 18 и 90. Ако добиеш некоја вредност блиска од нула (на пример 100, 200 Ohm-и), најверојатно е изгорен LC866548. Може уште еднаш да пробаш со две Шотки од 1A врзани во серија наместо UD13 и UD21 (би требало да добиеш некој напон близок до 5.2, 5.3V заедно со товарот), но ако и тогаш не почне да реагира LC866548... тоа е тоа :-\.
-
Како што предпоставував и на почеток проблемот е во процесорот го одлемив процеорот и помегу пин 90 VDD2 и GND има отпор од 150оми .Фала за помошта :)
-
Тоа е тоа :-\. Повеќе среќа нареден пат ;).