Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Развојни околини => Topic started by: MarkoMK on 30.11.2013, Saturday, 16:50:51
-
На страницава:
http://web.media.mit.edu/~mellis/cellphone/index.html
има инструкции комплет - хардвер и софтвер како да си направиш мобилен телефон сам...
Се прави околу Arduino GSM shield-от.
Што мислите околу изработката??
Планирам во иднина да го правам, ама плочките ќе мора да се нарачаат пошто се најверојатно повеќеслојни и коштаат 60 долари а исто треба да имаш и 3д-принтер за кутијата .. (или може подобра варијанта да ја направиш кај некој дрворезец:)))
-
Ова е многу скап потфат.Со среќа ;)
-
Со тие пари ек купиш корејски самсун галакси с4 :D патем со среќа :)
-
Да го пронајдам линкот ќе го ставам, пред некое време имаше некоја презентација на нешто слично вакво, малку подобро само и мислам деке е прилично поефтино, мислам дека се базира на Arduino
-
Ова не е нешто сложено, јас имам изработувано слични но далеку посложени работи со истиот овој GSM модул. Не е проблем изработката, за мене не е ни интересно. По интересно е ако треба да склопиш чип по чип а не да лемиш готов модул.

Што би можело да се направи далеку посложено со овој модул ?
-
GPRS/GPS уред за следење на лица и возила, сложеноста е и во тоа што во тој уред има и микропроцесори, флеш чипови со софтвер и др. работи.
-
Значи со ова Ардуното може кога ќе се надогради со микропроцесор да се направи и GPRS уред ту стварно оваа дигиталнава електроника е напредна ;)
-
GPRS/GPS уред за следење на лица и возила, сложеноста е и во тоа што во тој уред има и микропроцесори, флеш чипови со софтвер и др. работи.
Па исто и тука :)
Значи со ова Ардуното може кога ќе се надогради со микропроцесор да се направи и GPRS уред ту стварно оваа дигиталнава електроника е напредна ;)
Arduino-то е микроконтролер сам по себе :-) и тоа прилично моќен - AtMega328p
-
Не сум премногу инволвиран во дигиталнава електроника.Знам за некои дигитални интегрални кола.И имам изработено три,четири склопчиња со дигитални кола.Но со пикови тоест микроконтролери не сум работел прво и прво незнам да ѓи програмирам.Значи тоа било тоа фамозно Ардуно Тролко благодарам за одговорот. ;) ;D ;D
-
GPRS/GPS уред за следење на лица и возила, сложеноста е и во тоа што во тој уред има и микропроцесори, флеш чипови со софтвер и др. работи.
Па исто и тука :)
Не е ни од блиску исто, гледам на сликата колку компоненти има на плочкава, вакви телефончиња се прават релативно брзо, може за 1 час работа, а тоа што го имам јас работено се правело од сабајле до вечер, и уште половина ден од другиот... да не станеш од стол, само лемиш. Не се споредува ова со тоа. Не смеам да навлегувам во некои деловни тајни но ни од блиску не се исти.

Апсолутно се сложувам дека нешто од 0 кога се прави (дизајн, шема, плочка, лемење, тестирање итн) одзема некогаш и по 2-3 недели неспиење (знам мојот претходен проект беше таков)
Ова телефонот е направен колку што е можно пре-асемблиран за да немора корисникот да се зафркава со лемење и ствари, но до комплексноста на дизајнот, мислам дека е најкомплексно да се хендла GSM/Voice сообраќај, што баш и телефонот го прави :-)
No pun intended :-) Cheers~
-
дечки, ова не е направи сам мобилен или Do it yourselfe.... Ова е готово направен мобилен некаков си и на тебе останува да си направиш само кутија а тоа не го прави мобилниот да можеш да кажеш дека сам си го направил, може ќе изгледа така. Сепак од моја гледна точка е глупо тоа. Изгледа како цигла обложена во дрво.
-
Z31GH
E тоа точно така! Колку да се рече сам си направил мобилен, а се знае дека скоро цел мобилен е во она лимену кутивче. Ако земе некој GSM чип, RF засилувач, RF филтри, RF свич, Power Control (чип), процесор, флеш и сите попратни делови, и кога сето тоа ке го состави и направи телефон, во ред, тоа е веке, сам си направив телефон.
Trolko
Тоа дизајн, шема, плочка, лемење, тестирање одзема минимум 2-3 месеци макотрпна работа, плочката се прави повеке време, па се преправа, па не чинела, па има и подобра варијанта... шемата исто, од неа боли многу главата додека се направи. Лемењето е 2 цели дена. Кога ке го направиш прототипот тестираш а тестирањето е минимум 2-4 недели на терен и со инструменти. Ако се покаже како лош прототип или има некоја маана, чукај си главата уште минимум месеципол додека се преправи се наново. Па нарачувај плочки па пак леми, пак тестирај. Ако е фирмата со многу луѓр ова иде полесно ама ако е со 6 души, тешко на нив.

Yeah, тотално се сложувам, на професионален план работам како дизајнер на custom електроника, па знам колку макотрпно може да биде :-)
-
Поготово ако газдата е терсене табиетлија и вика ова мора да биде готово до утре и ти идеш дома земаш едно полсно креветче, перница и кебе и носиш на работа да поспиеш барем пола саат пред да почне новиот работен ден :D Ако е сериозна фирма со повеќе луѓе тогаш е порелаксирано.
-
дечки, ова не е направи сам мобилен или Do it yourselfe.... Ова е готово направен мобилен некаков си и на тебе останува да си направиш само кутија а тоа не го прави мобилниот да можеш да кажеш дека сам си го направил, може ќе изгледа така. Сепак од моја гледна точка е глупо тоа. Изгледа како цигла обложена во дрво.
Незнам дали го проичита текстот,.. не е само кутијата. GSM модулот е готов, ама плочката треба да да се направи, има и други делови копчиња дисплеј, пасивни елементи лемење.. стандардно :).. Па програмирање на ардуино,..
Сега нормално е дека некој во домашни услови нема да прави примопредавател за 1,9 или колку и да беа гигахерци со сите протоколи за комуникација и сл...
Инаку мене ми е интересен повеќе дека е оригинален, не толку да кажам дека „сам сум го направил“,... онака сите користат смартфони а ти имаш телефон од дрво со лед дисплеј ;)
-
Па, ок. Имаш право доколку сакаш да експериментираш. Јас имам исто експериментирано со многу работи и ете некакво искуство имам во електрониката, може не големо ама колку за мојте потреби да. Сепак 60 долари се многу за таа работа