Купи си серверски HDD, како што пиша stiffy, на 10.000 RPM. Многу побрз ќе биде од HDD на 7.200 RPM, а и постабилни се
.
И купи си квалитетни SATA конектори. Многу проблеми се направија со SATA конекториве, како со конекторите за напојување, така и со data конекторите. Ако не е квалитетна пластиката од која се направени, од греење на дисковите конекторите се прошируваат и потоа контактите не фаќаат. При оптоварување (подигање на оперативен систем, копирање на големи фајлови, итн.), дисковите паѓаат и мислиш дека нешто не е во ред со дискот. Смени data конектор и проблемот го снемува
.
Може и да ги поправаш проширените
. Загреј ги со запалка и почни да ги стискаш со прсти за да се вратат во првобитна состојба. И да ги сплескаш малку повеќе од тоа што треба, нема проблем, кога ќе го поставиш пак назад, он сам ќе си се прошири на потребната големина
. Ова важи и за data конекторите и за напојувачките. Поголем проблем се напојувачките бидејќи најчесто не може да се сменат, затоа и често мора вака да е „репарираат“. Потоа, прсни им малку контакт спреј PRF 6-68 и тераат, немаат проблем
. По половина година до една година, пак ќе треба да го направиш ова, ама барем некој период си мирен.
Квалитетните data конектори се направени од пластика како онаа што ја имаат конекторите за HDD на лаптопи. Не е црна, туку сивкаста и на светлина јавува некој блед одблесок, како да има ситни струготини од метал во неа. Изгледа е некој вид на бакелит или некој друг тип на тврда платика. Тешко се витка под дејство на топлина, тврда е
.
Имам многу проблеми средено со „наводно“ зезнати дискови со некои од овие методи и уште неколку други
. Ајде, може ќе направам еден туториал за најчести проблеми и решенија кај SATA дискови
.