Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: MARK123 on 14.12.2015, Monday, 20:32:37

Title: smps напојување 12v
Post by: MARK123 on 14.12.2015, Monday, 20:32:37
Имам некое smps напојување кое на излезот дава 11.6v 12А АC ,работи само на оптеретување .
Сакам да го користам како напојување за лед лента односно ми треба еднонасочен напон .
На излезот му поврзав во серија брза диода BYV29,функционира , но се слуша некое пиштење од феритниот прстен.
Што би можело да прави проблем ?

Title: Одг: smps напојување 12v
Post by: MilerovEfekt on 14.12.2015, Monday, 20:40:47
Трансформаторот шуште :-) Земи течна пластика или силикон за високи температури и нашлакај го
Title: Одг: smps напојување 12v
Post by: MARK123 on 15.12.2015, Tuesday, 01:27:23
па не би рекол дека е тоа ,ова е некое пиштење од фреквенција некоја , бидејќи без диодата ако го оптеретам со сијалица на 12v си работи најнормално.
Title: Одг: smps напојување 12v
Post by: MilerovEfekt on 15.12.2015, Tuesday, 01:45:28
Quote
ова е некое пиштење од фреквенција некоја

Нормално дека е пиштење од „фреквенција некоја“ - секое пиштење е од некоја фреквенција. Ова е многу познат феномен на таканаречените loosely wound калемите. Жиците не се доволно зацврстени така што при осцилирање на осцилаторот (течење на струја во обете насоки) се создава осцилирачко магнетно поле, кое што физички го придвижува јадрото на калемот/трансформаторот. Ти го слушаш затоа што гарант фреквенцијата на осцилирање на колото е во аудио-опсегот или имаш феноменален звук :-)