Author Topic: Спроводници и кабли  (Read 2530 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Спроводници и кабли
« Opened on 24.05.2013, Friday, 21:25:59 »
Малку предговор, голем дел од ова што пишувам не е мое авторско дело, од скрипта е (како и цела останата стручна литература), за жал скриптава почнува од 29 страна па иде 50 и некоја и завршува со 67, односно фалат огромен број од лисјата, оти некој сметал дека тоа е непотребно  :-\ .
Со сигурност да тврдам кој е или се авторите на скриптата не можам, така да само ќе им се заблагодарам што го напишале.

Изолирани спроводници

Конструкција

 Делот што е наменет низ него да тече ел. струја, заедно со изолациониот материјал се нарекува жила. Изолацијата на жилата е обоена според стандардот 37, предвидени се боите: кафеава, црна, светлосина и зелено-жолта.
Според членот 11 од правилникот за техничките нормативи за ел. инст. за низок напон, боите зелено-жолта и светло сина се користат само за означување на заштитно-неутралниот проводник (заземјување), а светлосинта боја за неутралниот проводник, односно овие две бои не смее да се употребуваат за кое било друго означување.

 Според стандардот 38, пресеците на изолираните спроводници се стандардизирани и се искажуваат со големината на плоштината на напречниот пресек изразена во квадратни милиметри.
Стнадардни пресеци се: 0,5; 0,75; 1; 1,5; 2,5; 4; 6; 10; 16; 25; 35; 50; 70; 95; 120; 150; 185; 240; 300; и 400 mm2


Ознаки
 Ознаките се дефинираат со стандардот 36 и нивната примена е задолжителна во цела преписка и техничка документација. Стандардизираната ознака на изолираните спроводници се состои од група симболи.

  • Прва група
Со овие симболи се означува посебното подрачје на употреба на спроводникот. Општото подрачје на употреба не се означува (иако најчесто е со буква Р).
Посебното подрачје на примена се означува со една од следниве букви:
  • А- Автомобилски
  • B- Бродски
  • D- за дигалки
  • S- за светилки
  • Z- за заварување
  • Ž- за железница

  • Втора група
Во оваа група симболи влегуваат ознаката на материјалот употребен за изолација на спроводникот и ознаката на материјалот употребен за плаштот.
  • P- Поливинил-хлорид
  • E- теромопластичен полиетилен
  • X- умрежен полиетилен
  • G- гума на база на природен или стирен-бутадиенски каучук
  • Ev- етилен-винилацетат
  • Ep- етилен-пропилен гума
  • N- полихролопрен
  • Pu- полиуретан
  • IP- импрегнирана хартија
  • NP- особено импрегнирана хартија
  • H- слабоспроводлив слој
  • h- слабоспроводлив плашт
  • T- текстилен оплет

  • Трета група
Оваа група симболи дава информација за особините на конструкцијата, значајни за примена на изолираниот спроводник. Оваа група се одделува со коса црта од втората група на симболи. Ако изолираниот спроводник нема посебни особини нема да постое третата група симболи.
  • A- отпорен на атмосфери
  • F- финожичен
  • J- зајакнат плашт
  • K- калаисан спроводник
  • L- полесен плашт
  • M- многужичен
  • N- не поддржува горење
  • O- самоносив
  • R- со раздвоени жили
  • S- особено погоден за свиткување
  • T- отпорен на топлина
  • U- со паралелни жили
  • V- високонапонски
  • Z- со електрична заштита од метал

  • Четврта група
Ако изолираниот спроводник содржи и жила со зелена и жолта боја на изолацијата, во неговата ознака ќе постое и четвртата група на симболи. Оваа група се состои само од буквата Y, која е со цртичка одделена од претходната група.

  • Петта група
Оваа група на симболи дава информација за материјалот од кој е направен спроводниот дел и за обликот на неговиот напречен пресек.
Ако материјалот е од бакар, во петтата група симболи не се користи никаква ознака за означување на материјалот. Исто така ако напречниот пресек е кружен, не се користи никаква ознака за означување на обликот.
  • A- спроводник од алуминиум
  • S- повеќежилен спроводник со секторски пресек
  • SJ- едножичен спроводник со секторски пресек

  • Шеста група
Оваа група претставуваат симболи кои даваат информации за бројот на жилите и нивниот номинален напречен пресек. Оваа група се пишува зад претходната со оставање едно празно место (колку за еден карактер). Доколку спроводникот е од бакар со кружен напречен пресек, не постое петта група за означување, после четвртата со празно место се пишува шестата група, ако пак не постое ни четврта група (жила со зелено жолта боја), се пишува после третата група и тн.
Оваа група се состое од два броја, пр. ако шестата група симболи е 3х6, тоа означува дека јадрото го сочинуваат трижили и спроводниот дел на секоја жила има напречен пресек еднаков на 6mm2. Не се означува мерната единица со која е изразена номиналната плоштина на напречниот пресек, таа е стандардизирана единица и е mm2.

  • Седма група
Оваа група дава информација за висината на номиналниот напон за кој е граден изолираниот спроводник. Висината се изразува во волти. На крајот на оваа група задолжително мора да стое и единицата во која е изразен номиналниот напон.


Примери за ознаки на кабли:

SP 2x0,75 380V - Изолиран спроводник за светилки. Изолација на жили од поливинил-хлорид. Спроводникот е со две жили од бакар со кружен напречен пресек, секој со номинална плоштина од 0.75mm2. Спроводникот е за номинален напон од 380V.


PP/R-Y 3x2,5 380V - Изолиран спроводник за општо подрачје на употреба, изолацијата е од поливинил-хлорид. Жилите се раздвоени но обвиени со заеднички плашт, од трите жили една е со зелено-жолта боја на изолацијата. Сите жили се со спроводен дел од бакар, со кружен напречен пресек, плоштината напречниот пресек на спроводниот дел на секоја од жилите изнесува 2,5mm2. Спроводникот е за номинален напон од 380V.

Во прилог има Pdf документ кој успеав да го најдам со табели за трајно дозволена струја, во зависност од номиналниот пресек на кабелот, за општа употреба тоа полињата A/B/C... не ве интересираат, тоа ќе ве интересирате кога сакате малку попрофесионално да се занимавате и кога ќе поставувате кабли во зидови/тавани и слично. Исто да напоменам дека една лицна од лицнаст кабле издржува до 5А струја :D.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Спроводници и кабли
« Reply #1 on 23.06.2013, Sunday, 07:53:04 »
Quote
Стнадардни пресеци се: 0,5; 0,75; 1; 1,5; 2,5; 4; 6; 10; 16; 25; 35; 50; 70; 95; 120; 150; 185; 240; 300; и 400 mm2
се си е така како што си напишал само имам една замерка до производителите на ел. кабли бидејќи незнам дали сте приметиле дека дебелината на проводниците е некаде за 10-15% помала од декларираната (ова особено се однесува на погоре означените со црвена боја), на пр. ако купуваш 10мм2 и го измериш дијаметарот и пресметаш ќе добиеш дека си добил <9 мм2. само не ми е јасно како поминува ова пред инспекциите освен ако нема некоја толеранција +- во % па овие одат на долна дозволена граница и те крадат легално  >:(.


инаку формулата за пресмтка е: ер на квадрап по пи.

Offline warmaster81

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Одг: Спроводници и кабли
« Reply #2 on 08.10.2013, Tuesday, 11:43:50 (Edited 08.10.2013, Tuesday, 12:35:16) »
Quote
Стнадардни пресеци се: 0,5; 0,75; 1; 1,5; 2,5; 4; 6; 10; 16; 25; 35; 50; 70; 95; 120; 150; 185; 240; 300; и 400 mm2
се си е така како што си напишал само имам една замерка до производителите на ел. кабли бидејќи незнам дали сте приметиле дека дебелината на проводниците е некаде за 10-15% помала од декларираната (ова особено се однесува на погоре означените со црвена боја), на пр. ако купуваш 10мм2 и го измериш дијаметарот и пресметаш ќе добиеш дека си добил <9 мм2. само не ми е јасно како поминува ова пред инспекциите освен ако нема некоја толеранција +- во % па овие одат на долна дозволена граница и те крадат легално  >:(.


инаку формулата за пресмтка е: ер на квадрап по пи.

Во врска со ова еден колега сега поставуваше инсталација и реагираше за дебелината и продавачот се јави во неготино и таму одговорниот убедуваше дека одело според други пресметки кои ние не ги знаеме.  ??? Јасно е како оди пресметката но изгледа инспекцијата тешко поминува. Ито пример кај нас на работа новите жици може комотно да ги вметнеш во клеми со еден број помалав. Најверојатно не одат со поскапување тук усо намалување на пресекот.

Инаку во врска со темава сега еден колега ме извести дека има некој си нови означувања покасно ќе видам кои се измените па ќе пишам...

Споено мислење: [time]08 Октомври 2013, 11:30:47[/time]
тука има за означување на кабли и водови
Code: [Select]
http://www.elteh.net/el-instalacije/oznacavanje-kabela-i-vodova.html
А тука за енергетски кабли
Code: [Select]
http://www.elteh.net/el-instalacije/oznacavanje-energetskih-kabela.html

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Одг: Спроводници и кабли
« Reply #3 on 08.10.2013, Tuesday, 14:50:23 »
Една лицна, од лицнас издржува 5А, ама од кој пресек на кабел, пошто има разлика во дебелината на лицните од скоро сите пресеци, или не. И ако можи да ми кажиш ова шо го напиша во кој семестар се учи?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Спроводници и кабли
« Reply #4 on 08.10.2013, Tuesday, 17:08:34 »
4 семестар електроенергетски системи, мислам дека сите се прават со иста димензија, зборуваме за некои кабли кои би можеле да се најдат лесно сегде со (културни) стандардни димензии, од 1.5,2.5,4 и слични
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Спроводници и кабли
« Reply #5 on 08.10.2013, Tuesday, 20:34:53 »
Quote
Во врска со ова еден колега сега поставуваше инсталација и реагираше за дебелината и продавачот се јави во неготино и таму одговорниот убедуваше дека одело според други пресметки кои ние не ги знаеме.  Молам?

Какви нови и други пресметки кога јасно и гласно уште во основно научивме дека формулата за пресметка е следната ЕР на квадрат по ПИ !!!.

Плус кога јас купувам кабел јасно стои на декларацијата дека кабелот е пр. 1,5; 2,5; 4; 6; 10 мм2 а не дека кабелот што го купиувам е за 20,30,..... ампери ТАКА  ДА НЕ КРАДАТ И ЛАЖАТ ВО ОЧИ (и не прават мајмуни) а никој не го заштитува потрошувачот кој плаќа едно а добива друго.

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Одг: Спроводници и кабли
« Reply #6 on 12.10.2013, Saturday, 14:39:01 »
Блиску сум бил значи, незз јас имам забележано еве на пример има разлика меѓу .75 со 2.5 во лицните или којзнај можи така ми се видело.