Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: Otpor on 21.07.2015, Tuesday, 17:35:50

Title: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: Otpor on 21.07.2015, Tuesday, 17:35:50
Значи ,како што напомнав,ми треба мотор кој ќе работи под вода (езерска),на 12 волти (акумулатор), па би ве замолил за предлози и мислења.
Инаку се работи за погон на чамец со носивост од 3 лица (можи и 2) така да снагата да биди соодветна на носивоста .Ке треба и контрола на брзина за него

Доизладување на сите

Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: Atanas on 21.07.2015, Tuesday, 18:06:35
Па, немора да бараш таков мотор. По мое, можеш да направиш преносен механизам за перките. Така што, само перките ќе бидат долу (под вода), а моторот ќе си биде на чамецот. Не знам колку е добра оваа идеја, но сепак е идеја.
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: Otpor on 21.07.2015, Tuesday, 21:36:25
Идеата ти е добра а и веќе видена.Комерцијалните мотори работат на тој принцип ама зглобниот пренос,а можи и ланчан,  е она ,,вистинското (потешко за изведба)

Electric motor on kayak (http://www.youtube.com/watch?v=ATlaJdIEFtQ#ws)

Нeшто како ова треба да биди
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: Atanas on 21.07.2015, Tuesday, 22:57:36
А да земиш мотор со моќност од 800 W и да му наместиш перки. Потоа, некако да го изолираш од водата и да можат перките да се вртат, мислам дека ме разбираш за како ти велам.
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: Otpor on 22.07.2015, Wednesday, 11:14:24
Јас би зел ама кажи од каде и од што...
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: Atanas on 22.07.2015, Wednesday, 17:50:12
Можеш преку интернет да купиш на пример преку АлиЕкспрес.
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: batka on 22.07.2015, Wednesday, 18:40:50
Погледај некоја слика од Тајланд,ке видиш како тие го решаваат тоа.И не 12 ,ами 24 волтен мотор од камион (сканија) врзи го на 12V преку претварач 12/24V ( ги има и фабрички).Моторот е во воздух на самиот управувач,а на неговата осовина настави некоја дуралуминска цевка со пропелер метален на крај.Сакаш  брзина ја нурнуваш перката во вода и вози.Ако имаш дарба со сајла се прави  на држачот *гас* рачка за менување на брзината,како кај скутерите.Има на Тиквешко езеро 2-3 модела направено. ;D

Code: [Select]
http://www.featurepics.com/online/Thai-Long-Tailed-Boat-1472479.aspx
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: Z31GH on 22.07.2015, Wednesday, 21:55:37
Не знам колку сум компетентен да коментирам на оваа тема, но сакам да кажам кое мислење на клипот кој е постиран од Отпор.
Господата кои го правеа клипчето не го дадоа крајниот резултат. Со други зборови не се виде кајакот во вода како се движи со човек во него. Според мене тој кајак ќе помине само неколку метри за еден час, и за 10-20 метри ќе се испразни акумулаторот.  Пропелерот е многу мал, а просечна тежина на човек ај да речеме е 80 килограми, плус 20-30 килограми кајакот. Пропелерот би вртел речиси во место, едвај придвижувајќи го кајакот кој сега се на се би тежел над 100 килограми. А да не правиме муабет за 2-3 души повеќе.
@Otpor
Подобра е идејата @Batka што ти вели. Најдов и јас интересни примери

Code: [Select]
http://stat.ethz.ch/~meier/galleries/Thailand/picture-0044.jpg
Code: [Select]
http://www.cmflyfishing.com/wordpress/wp-content/uploads/2009/04/long-tailed-boat-sml.jpg
Доколку го прифатиш предлогот на @Batka, односно ако набавиш камионски мотор и го монтираш на чамец или кајче, пропелер јас ти давам гратис од масивна бронза, отпорна на корозија и во морска и во езерска вода

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/propeler_zpsf7k4ffud.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/propeler_zpsf7k4ffud.jpg.html)
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: batka on 22.07.2015, Wednesday, 22:19:31
Батка,од Титаник да не е овој пропелер? :D Ова е за јахта или некој поголем пловен објект.За двајца луге и чемец до 5 м доволен е пропелер со промер 12-15 см.Има такви алумински за ладење мотори од компресори и слични направи.Значи не треба многу голем пропелер,туку мотор со поголем број обртаи( 3000-5000) ,добар пренос ако има моторот и ладење, едноставна регулација спрема потрошувачката(може и како гас педала на нога ( некој реглер во вид на папуча) итд. Значи.лостот на кој ке биде моторот да биде лесно подвижен,осовината да биде мин. 5 должини од висината на кој се наоѓа прицврстен моторот.Израчунај,според потрошувачката каков претворувач и колкав акумулатор ти е потребен.Она- мотор во вода во аматерски услови не оди,бидејќи е прво проблем со тежината на моторот,а потоа и можноста за продор на вода ,дефекти итд.
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: Z31GH on 23.07.2015, Thursday, 00:13:12
Е да, од поголем пловен објект е, но овој пропелер ако се монтира на камионски мотор има да корне, а и плус дека има поголеми лопатки, сигурно ќе се намали потрошувачката на гориво. :)
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: MURO on 23.07.2015, Thursday, 01:11:43
Према димензиите (споредени со капата) пропелерот би одговарал за транспортна баркаса - голем, широк, товарен чамец наменет за превоз на луѓе и материјал. Спор чамец но со голема носивост. Погонот е дизел од 18 до 40КС. Ова колку што се сеќавам од далечната 87 год. Кумбор -Херцег Нови, ЈРМ   :).
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: Otpor on 23.07.2015, Thursday, 14:47:11
Чамецот е Маестрал,од гумените,го зедов пред некој ден скоро за бадијала...така да идеата за преправки (маринизирање)на мотори одпаѓа.Потоа бучавате е голем проблем...Е, сега Томос  4 ама се многу скапи а и ги нема да ги купиш (а и да ги има ...).Ми текна на моторче за вода вадење Томос,така енего стои,кога прават картинг со него ото да не и погон за чамец,истата машина е со Томос 4,само преносот е решен..ама некако не ми фаќа мозоков.
Единствено останува електростартери од кола,мотор трактор...ама некако немам некое искуство со нив така да ако некој знае нешто повеќе нека кажи како би одело сето тоа

Z31GH-Подзасолниго тоа пропелерот,те држам за збор
Батка-ова идеава за пропелери од фрижидери е добра ама да не се тро слаби,друго е воздух  а друго вода ?
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: Z31GH on 23.07.2015, Thursday, 16:04:19
@Otpor

Доколку го прифатиш предлогот на @Batka, односно ако набавиш камионски мотор и го монтираш на чамец или кајче, пропелер јас ти давам гратис од масивна бронза, отпорна на корозија и во морска и во езерска вода

Зборот важи доколку набавиш мотор од камион, читај цитат.

Камионски мотори имаат и автобусите, можам да посредувам да набавиш еден од автобус, бидејќи работев во одржување во претпријатие кое има автобуси. Мислам дека купија еден за MAN автобус од Германија, но не пасоваше во каросеријата и така сега седи во магацинот. Колку што знам има скоро 500 коњски сили.
Title: Одг: Мотор на 12 волти кој ќе работи под вода
Post by: batka on 23.07.2015, Thursday, 16:06:46
Овој месингениов на Бубе тежи две кила сигурно!  ;D Знаеш колкав мотор ти треба?? Сум видел 12 см алуминиумски (ваљда е дур-алуминиум!??) пропелери од комори за замрзнување.Нема промашај со нив ,а и има еден Ташо на Тиквешко со таков направено моторче. :D :D Пробано е,ама со 24 V мотор од брисачи за *сканија*(така слушнав барем).Е,само претворуваш и регулација да си направиш.Не мора стално полна јачина на мотор да употребуваш. ;)