Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: didy on 04.01.2015, Sunday, 23:31:40

Title: Енергетско штедење
Post by: didy on 04.01.2015, Sunday, 23:31:40
корисно и практично

Code: [Select]
http://tocka.com.mk/1/147166/eu-stedi-na-struja-i-modemite-ke-spijat
Title: Одг: Енергетско штедење
Post by: munja on 05.01.2015, Monday, 17:39:38
Глупо само излмислуват начини за штедење на малите потрошувачи а големите потрошувачи како да се заборавени или како да се неважни .
Title: Одг: Енергетско штедење
Post by: GigaWatt on 05.01.2015, Monday, 19:49:12
Има и за големите, не се секирај ;), само ќе треба сам да си ја довршуваш работата ;D... пошто штедат нели ;D. Пример е машината за перење на еден пријател ;D. Кога ги вадиш алиштата од машина, полни се прашок и треба сам да си ги домиваш ;D.

Е сега, рака на срце, стварно пере со многу малку вода и малку време пере, па ваљда и помалку струја троши ;D... кој знае, никој не мерел ;D. Ама па и никаде во упатството не пишува дека ќе треба да дотрошиш потоа ти на рака топла вода (значи и струја и вода ;D) и дека можеби и поскапо ти се фаќа ;D... а да не зборуваме за времето, имам машина, ама јас морам да и ја довршувам работата ;D ;D ;D. Е*ате машината ;D. Ама тоа е, битно штеди ;D. И најверојатно штеди... ама само додека она работи ;D. Не се рачуна во тоа домивањето на алиштата ;D.

Чоекот пробал да ја врати, нова, под гаранција, им кажал на сервисерите, дечки, нешто не е во ред со машинава, ми ги остава алиштата недопрани. Му се јавуваат по една недела (ваљда тогаш фатиле да ја прават) и му викаат дека машината си работи, се е во ред со неа. Он прашал, добро, ако се е во ред со неа, зошто недопрани ми се алиштата, му рекле, па штеди струја, green е, таков е софтверот во машината (ајдеееее ;D) и според дефиниција, машинава не е расипана, така да, дојдете да си ја земете. Пробал уште да се разубедува, му рекле, сте си купиле green машина за перење, повеќето се вакви, така да, тоа е тоа, машината е исправна, дојдете да си ја земете ::).

Ах, стари добри Gorenje... каде сте. На некој отпад ваљда ::). Никој не мислеше дека некој ден ќе дојде време кога старото ќе биде подобро од новото, ама тоа е ::).

Мој совет, држете си се до тоа што го имате и како од огин бегајте од green уреди ;).
Title: Одг: Енергетско штедење
Post by: Unforgiven on 05.01.2015, Monday, 21:14:09
целата идеја со green уредите е добра, и верувам дека ке биде од корист, али тука лежи и проблемот. финтата е дека никој не сака да троши пари и време на развивање на нова технологија, туку ја користат старата само и ги "скратуваат" можностите и ете од каде се штедливи. Истата приказна беше и со CFL демек штеделе, биле еко френдли итн. вистината е дека да може штедат али разликата меѓу таква сијалица и обичната е голема. не разбирам како е еко френдли а во неа има жива и уште што не...
Title: Одг: Енергетско штедење
Post by: didy on 05.01.2015, Monday, 22:38:47
Ова со пералната и мене ми е познато, па обавезно одат на додатно плавење. Мислам дека овие новите не тераат до 90 степени, туку помалку и постепено дотураат вода пред да ја исфрлат, јас ќе рекламирав дека воопшто не грее, ама тоа е, решение: овие прашоци не се за новиве перални, не се разградуваат - решение само течни детергенти и строго контролирана количина на средство инако нема убаво плавење, па одат на додатно.
Добро би било и со овие поефтини уреди кои се во стенд бај да се исклучат ноќе,или кога не се во употреба, бидејќи не е проблем сопственикот ќе си плати за потрошеното, но е проблем за државата да ги произведе и отидат во ветар неискористени, троши ресурси, кои не се наоѓаат на патот
Title: Одг: Енергетско штедење
Post by: GigaWatt on 06.01.2015, Tuesday, 06:24:40
@Unforgiven: Сметам дека идејата за штедење на електрична енергија е тотален промашај. Имам пишувано на форумов во други теми околу ова, да не се повторувам.

А истиот муабет и околу тоа дека се као демек green ::). Штеделе струја и биле green. А што имаат уште 300 различни хемикалии во нив (не мислам само на живата) кои се се освен пријатели на околината и што горат многу почесто од класичните сијалици, тоа нема везе ::).

Знајте една работа: ако е направено со цел да се продаде, не е важно што има во него, се ќе пишат и под секој слоган ќе го рекламираат, на што и да се „пали“ моментално популацијата... поентата е да се продаде ;).

Истиот муабет е и со новогодишниве попусти. Попусти има само на тоа што се продава: таблети, лаптопи, телевизори, телефони. Јас оваа година не видов еден попуст за PC конфигурација, ама тоа е тоа, не се продаваат и нема попуст за нив ;).

@didy: Решение, купи си стара машина за перење и одржувај ја во исправна состојба колку што можеш подолго. Не знам за тебе, ама за мене, многу поголемо замарање е да барам адекватен детергент за машината за перење отколку да си ја одржувам од време на време, да ставам што ми текне од детергент во неа и да платам за некоја стотка поголема сметка за струја. Не знам... едноставно немам нерви за замарање од стилот на „ова трошело, она трошело“. И ние трошиме храна, па ај да не јадеме ;D. Муабетов: таман го научив магарево да не јаде, ми умре ;D ;D ;D.
Title: Одг: Енергетско штедење
Post by: batka on 06.01.2015, Tuesday, 18:57:10
Ова тема за енергетска ефикасност е тотална демагогија: земете лепете стиропор и ставајте пластика прозори и врати! На тоа се се сведува,И сега уште без енергетски пасош не смееш куќата или станот да го продадеш!?? Абе забегано земање пари за проекти,за некакви такси ,агенции и други глупости.Ако сакате вистинско штедење,направете си куќа по шветски стандарди,ама ќе ве чини барем 50% повеќе од овие градби кои кај нас *традиционално* се прават.