Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: totii on 13.05.2019, Monday, 13:26:55
-
Здраво колеги проблем со овој телевизор е тоа што несака да стартува т.е. на старт лед диодата трепнува од црвено во зелено два до три пати стартува добива растер една секунда и се гаси.Ги проверив сите електролити со esr метар,го заменив и IC800-44608p40,го заменив и Q603 огриналнот беше C5388 бидејки немав таков ставив BU808DFX и заедно со него го променив електролитот C613 од 10uF на 22uF.Кога лед додата преминува од црвена во зелена два до три пати тогаш и напонот на B+ варира но окако ќе светне зелено и ќе почне да се вклучува тие неколку секнди додека да добие растер од една секунда B+ е стабилен и е 144V.
-
Дали го провери инфраред сензорот или некој копчиња да прават спој ?
-
Не би ми текнало ;).
Во секој случај, ако е само далечинскиот управувач во прашање, може да ја блокира IR диодата со рака и така да провери ;).
-
...додека да добие растер од една секунда B+ е стабилен и е 144V.
144V не стабилен туку е многу висок .
Треаба да е во граници од 117V до 124V, па според тоа реши го прво тоа, а проблемот со стартувањето, затоа, потоа!
-
Бидејки немам далечински не сум го проверил ни инфраред сензорот јас го стартувам од копчињата и тие се во ред, B+ напонот и мене некако ми е висок но на шемата е 150V :-\ Денес пробав и го извадив тиристорот MCR 22 и телевизорот се стартува без пумпаља и трепкане на led диодата но не добива растер,следно што направив е го откачив B+ и врзав сијалица према маса кога ќе пробам вака да го стартувам светнува зелено led диодата сијалицата зажарува и се врака во stand-by led диодата останува да свети црвено.Потоа ја окачив сијалицата и со така откачен B+ ги измерив следниве напони:
power stand-by
D803 8.3V 9.2V
D805 14.4V 1.3V
D806 8V 0.6V
D808 154V 12.2V
D810 16.3V 0.9V
C827 8.3V 9.2V
Да и за секој случај ги заменив елетролитите на B+ C826 и C823 од 47uF 160V.
Што следно да направам дали проблемот е во хоризонталата или во мрежата ?
-
...следно што направив е го откачив B+ и врзав сијалица према маса кога ќе пробам вака да го стартувам светнува зелено led диодата сијалицата зажарува и се врака во stand-by led диодата останува да свети црвено.
Што следно да направам дали проблемот е во хоризонталата или во мрежата ?
Врз база на ова што кажуваш, проблемот е во напојувачката секција.
Провери со товар како се движат ниските напони (сите кои не се B+). Стави ја сијалицата и мери пред да се изгаси телевизорот како се движат овие напони, односно, дали се во нормала ;).
-
Вака со откачен B+ и закачена сијалица како што кажав предходно не стартува односно лед диодата преминува од црвена во зелена на секунда и повторно се врака во црвена stand-by,а сијалицата замо зажарува.Ова време е многу кратко за да се извршат мерења на напонте но откако ке го извадам и тиристорот D889 MCR 22 е тогаш стартува но на старт сијалицата трепнува два до три пати(пумпа) и потоа свети ,а led диодата свети зелено и во оваа ситуација напоните се следниве:
D803 9.5V
D805 16.2V
D806 9.2V
D808 152V
D810 16.8V
C827 9.5V
-
Проблемот е во блок кондезаторот во примарниот дел од напојувањето
-
Проблемот е во блок кондезаторот во примарниот дел од напојувањето
Филтерскиот? Пред грецот?
-
не има два кај мосфетот не ги знам точно вредностите
-
не има два кај мосфетот не ги знам точно вредностите
Те молам биди така фин ;) па погледај ја шемата ;) и напиши ги вредностите и ознаките на тие два кондензатори ;).
-
Ок нема проблем кондезатоите се C811(47n/630v) и c812-(471p/1kv)
-
Ок нема проблем кондезатоите се C811(47n/630v) и c812-(471p/1kv)
Извини колега ама не ми е јасно што значи тоа 471p :-[
-
470пикофаради 1киливолт
-
Ами зошто тогаш е напишано 471, од каде да се најде толку прецизен кондензатор од четиристотини седумдест и еден пикофарад :o
-
Ц ц ц македонска работа е затоа нема да не бидне од тоа наше мудрување.Отвори ја шемата и види како е напишано
-
Најверојатно 471 е ознаката на кондензаторот т.е 470pF или грешка во пишувањето.
-
Ц ц ц македонска работа е затоа нема да не бидне од тоа наше мудрување.Отвори ја шемата и види како е напишано
Еве ја отворив шемата и на неа пишува C812 470p 1kV
Мене ме збуни тоа што си напишал
c812-(471p/1kv)
(https://i.postimg.cc/jjzV1rRw/039002022.png)
Извини колега.
-
Кај мене на шемата не е така ја пишува ознаката од кондезаторот 471
-
Кај мене на шемата не е така ја пишува ознаката од кондезаторот 471
Која шема ја имаш гледано не знам ама јас што ги имам за таа шасија секаде стои C812 470p 1kV.
-
Извинете, ама се фативте за небитна работа.
Ако има 1 на крај, значи има една нула по бројките, т.е. 470p е исто што и 471p.
-
Па тогаш не треба после 471 да стои р, или само 471 или 470pF.
Да, изгледа небитно ама за некој почетник ќе има забуни, а и' што ќе научи!
Исто така во практика кога некој би отишол да купува таков кондензатор , ќе добие со ознака 471.
(http://www.mediafire.com/convkey/b713/1dn9tvnu1o0aliwzg.jpg)
-
Последната буква може да биде толеранција, промена на капацитет во одреден температурен опсег или нешто друго , не пикофаради.
Доколку некој сака да научи нешто.
https://www.dummies.com/programming/electronics/components/electronics-components-how-to-read-capacitance-values-on-a-capacitor/
http://www.robotoid.com/appnotes/electronics-capacitor-markings.html
https://www.electronics-notes.com/articles/electronic_components/capacitors/capacitor-codes-markings.php
-
Според првиот линк оваа на сликата би значело 470pF со толеранција плус/минус 10%
(http://www.mediafire.com/convkey/f36c/rbmi8tvh5abhp5mzg.jpg)
-
Генерално земено, скоро сите кондензатори се со 10% толеранција.
-
Извинете, ама се фативте за небитна работа.
Ако има 1 на крај, значи има една нула по бројките, т.е. 470p е исто што и 471p.
последната бројка означива број на нули, така да ова е 470 пико...да беше 472 би значело 4700 пико или 4n7, а и да згрешиш за еден пикофарад, јака работа :)
-
Да де, истото го пишав и јас ;).
... а и да згрешиш за еден пикофарад, јака работа :)
Па... не е дека е баш еден пикофарад. Станува збор за 10*вредноста... тоа не е баш малку :-\. Има голема разлика меѓу 470 и 4700pF. Во конкретниов случај, тоа може и да не направи разлика, но во многу случаи, може да направи голема разлика.
-
Вака колеги ги заменив блок кондезаторите во примарот C811,C801,C802 елетролитите C810,C809 додека C812 го немаше залемено кај мене на плочата па го додавов и него.Послем ова се изгуби пумпањето кое го имаше при стартувањето значи сега веднаш стартува,Led диодата еднаш преминува од црвена во зелена но послем добивање на растер повторно оди во stand-by.
-
Gw да де за 471 и 470 ми беше зборот
-
@totii: Ај пробај смени ги и C858 и C859, види дали тогаш ќе гаси ;).
Не си морал да го менуваш C809, особено ако на C/ESR се покажал како исправен. Овие кондензатори скоро никогаш и не се расипуваат. Кај компјутерски напојувања знаат да се исушат, но тоа е само поради две причини. Првата е квалитетот на електролитските кондензатори, а втората е half bridge модот на работа (т.е. нееднаквоста на нивните параметри, а поставени се во серија), односно не е flyback, како што се изведени напојувањата кај телевизорите.
-
Ги променив и C858 и C859 а C809 го променив иако е добар на ESR додека капацитетот му беше малку паднат на 92uF но повторно се гаси :-[
-
... а C809 го променив иако е добар на ESR додека капацитетот му беше малку паднат на 92uF ...
Добро, тогаш е оправдано ;).
Ај провери го C826 (C/ESR) и смени ги C856 и C837... и на секундар нешто да не се случува откако ќе повлече струја... што знам :-\.
Ако и по промена на овие компоненти пак гаси, останува уште MOSFET-от да го смениш, да пробаш со тоа.
И ај мери по колку време гаси, дали е после точно определен временски интервал или не е фиксно времето по кое гаси (се менува за секунда, две, три).
-
C826 е заменет иакo беше доборар,C856 не е залемен на оваа шасија додека C837 се утепав барајќи го на плочата и неможев да го најдам :'( Гасењето е сегогаш по ист временски интервал од 10 секунди.Да и да не заборавам да кажам дека и MOSFET-от е заменет.Незнам што веќе да пробам некако овој B+ од 150V ми е висок како што кажа и toma во некој предходен пост но пак ме буни ова со го пишува на шемата.(https://ibb.co/MpDxW1v)
-
C837 треба да биде во близина на Q803 (BF423), R825 (27K) и R826 (22K).
Инаку, да, и на шемата е означен како B+ = 150V, така да... не гледам косење со она што е пишано во неа :-\.
Ај пробај откачи ја само намотката за хоризонтално отклонување (ќе добиеш вертикална бела линија) и пробај да видиш дали така ќе изгаси ???... да не е проблемот во намотката ???... мада ова не ми изгледа како проблем во намотката.
Хммм... ме замисли ова... ST92195 е одговорен за дигитална контрола, пин 2 му е reset. Ај види како се однесува напонот на тој пин откако ќе го пуштиш се додека не изгаси? Провери ги и останатите интегрирани кола, види дали имаат reset пинови и ако имаат, види како се однесува напонот на тој пин по пуштање на телевизорот во работа и откако ќе изгаси.
-
Имаш My Messages кликни! R817 99k треба да е 1% тоеранција.
144V не стабилен туку е многу висок .
Треаба да е во граници од 117V до 124V, па според тоа реши го прво тоа, а проблемот со стартувањето, затоа, потоа!
117V до 124V Без дискусија!
-
Вредноста на отпорникот R817 беше 117к го заменив со 100к 1% толеранција бидејки немав 99к и проблемот се реши сега стартува најнормално.Фала на сите кој се потрудивте да ми помогнете а најмногу на Toma.
-
Би било пожелно во насловот од темата да се напише Решено или нешто слично!
Според мене добар наслов би бил:
ТВ Quadro CTV-55F19 TXT 11AK30A14 проблем со стартување (Решено)
Нема потреба од модел и шасија (тоа се подразбира)!
-
Средено ;).