Електронски уреди > Компјутери и галантерија

PWM кабел за кулер

(1/1)

koki88:
Од поодамна го имам хубено овој ARGB и PWM хаб од Cooler Master, но бидејќи не ми требаше до неодамна, дремеше со месеци, па кога го отворив, открив дека недостига PWM кабелот - лево на сликата, за поврзување на хабот со матичната плоча.
 
ARGB кабелот за осветлување на кулерите - десно на сликата, си дојде со самиот хаб како што треба, но PWM кабелот го немаше, и иако хабот сеуште е под гаранција, во Сетек се прават наудрени бидејќи сум го купил од поодамна и одбиваат да ми дадат нов хаб со сите соодветни кабли кои фабрички доаѓаат со самиот производ, бидејќи поплаката не е за самиот хаб, туку за придружните компоненти кои - очекувано од фирма која си игра мајтап, велат дека можеби јас им се правам наудрен и можеби сум го изгубил или намерно ги залажувам дека PWM кабелот не дошол со самиот производ за да им изнудам да ми дадат уште еден PWM кабел. По која нивна мајтап логика доаѓаат до таков заклучок тие си знаат, но важно да не се заборави лекцијата за друг пат, секогаш отворај го производот директно во продавница кога го купуваш за да се увериш лично дека сите придружни компоненти доаѓаат со самиот производ.
 

--- Code: ---https://www.coolermaster.com/catalog/coolers/rgb-accessories/masterfan-argb-and-pwm-hub/
--- End code ---

 

 
Како и да е, ARGB не ми треба ама ич, но планирам месецов да го освежам куќиштето со 3 нови кулери и за да не ми се создаде џунгла од кабли планирам да ги поврзам сите кулери на хабот за полесно да ги менаџирам, а за тоа ќе ми треба PWM кабелот лево на сликата - 4 пински конектор на едниот крај и PWM конектор на другиот крај, иако во пракса кабелот користи само 3 жици, како што може да се види на сликата.
 
Во Логинг Електроникс пред 2 недели немаа од овој 4 пинскиот конектор најлево на сликата, ќе видам наредната недела дали нешто им стигнало, но во меѓувреме да прашам, дали некој воопшто се занимава со изработка на вакви кабли за полесно да го решам проблемов ?

Nikol4e:
Провери во Гац електроникс, и алфа електроник (битола). Пуштаат по карго од битола.

Bojan:
Има и во Ѓорче БДС електроник кај општината пробај си ја и таму среќата

Navigation

[0] Message Index

Go to full version