@bicikle: На твојата слика: црната е минус, црвената е плус, жолата е RPM feedback, портокаловата е PWM.
Последната слика од post-от на Toma е Intel stock кулер за LGA1150/1151/1155/1156. Црната е минус, жолтата е плус, зелената е RPM feedback, сината е PWM.
Кај кулери за PC со 3 и 4 жици, распоредот е скоро секогаш како на следните слики, освен ако не станува збор за некој „лев“ кулер од brand name машина. Тогаш можно е да немаат RPM feedback, туку тој пин да е за PWM. Ако сакаш да замениш кулер во некоја таква „лева“ машина (бидејќи дел од нив не се ни палат ако немаат се врзано како што било предадено од производителот, дел негодуваат дека им фали ова или она, па теба да стиснеш некој од F-овите за да продолжи со boot, на некои треба да им гасиш детекции во BIOS, итн.), најди било каков кулер со PWM контрола (Intel stock кулерите со 4 жици се одлична замена
, ball bearing се сите
) и замени ги местата на PWM пинот и RPM feedback пинот на конекторот, ќе проработи
. Практично ќе виси RPM feedback пинот, но нема везе
.