Author Topic: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?  (Read 23160 times)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Opened on 13.07.2013, Saturday, 18:19:50 (Edited 13.07.2013, Saturday, 19:10:02) »
Не верувам многу на мерења во списанија.

Зашто не веруваш?
Си измерил изобличење на некое појачало,па не било исто со измереното изобличење на истото појачало у некое списание?

Не, едноставно не верувам. Не ме прашувај зошто бидејќи пак ќе влеземе во дискусија во која не сакам да влегувам ;). А и темава не е за тоа ;).

Стартував тема за тоа.
Зашто не веруваш?

Прво во такви часописи обично написите * се купуваат*.Производителот посредно или непосредно му плаќа на авторот на написот,

Се купуваат?  ???
Сигурен си у тоа?Тоа го знаеш од лично искуство,или само онака си мислиш?

Никој будала во такви часописи не пишува статии ,ако нема ќар.

Никој не е будала да пишува ако нема ќар од тоа,авторите имаат ќар, примаат хонорар од часописот.
Ќарот на часописите е од претплатата и од продадени примероци на читателите и од рекламите на фирмите.Никој не е будала да прима поткуп за „улепшавање“ тестови,кога знае дека истиот уред сигурно ќе биде тестиран и у некој друг часопис каде не било платен поткуп.

Второ,појачувачите кои таму се * обработуваат* се скапи * чудовишта*,

Со ова признаваш дека за скапите појачала ипак не лажат на тестовите?

Второ,појачувачите кои таму се * обработуваат* се скапи * чудовишта*,а ако сретнеш некое евтинко,да знаеш дека не е тоа случајно избрано,ами е малку *фризнато* па дадено на мерење!

Ти ова го знаеш од лично искуство,си го отворил тој истиот тестиран уред да провериш?

Се десило неколку пати две серии од истите појачувачи ( марка,тип) да немаат исти печатени плочи ,деловите да се различни и тие да звучат поинаку.Не треба да мериш,само на уво да слушнеш и ке ти биде јасно! Е,сега едното е наменето за  UK ,а другото за * Западен Балкан*.Што мислиш кое е полошата варијанта???

Прашањето е:
Дали појачалото тестирано у часописот (истиот модел,наменет за UK а не за Западен Балкан) си го измерил,па си сигурен дека излажале за мерењата?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #1 on 13.07.2013, Saturday, 19:40:48 (Edited 13.07.2013, Saturday, 19:42:30) »
Џабе ќе ти наведувам контра аргументи за се што пиша бидејќи, како што пиша, станува збор за поткуп... и не само во аудио техниката, тоа е најмал дел од „мозаикот“. Тоа се мали суми, да знаеш само колкави суми се вртат во „популарните“ технички науки и стандардизирање на истите (онаа технологија која носи навистина голема сума на пари бидејќи има огромна побарувачка за истата), како на пример, мобилна телефонија, Wi-Fi, компјутерски технологии, итн. Поткупот не се заведува во книги и ретко има докази за него, така да, џабе ќе полемизираме околу ова. Ти веруваш дека нема, јас апсолутно верувам дека има.

Некаде online мислам дека прочитав, некоја мисла, не знам кој ја има кажано, гласи: покрај легалниот свет, оној кој официјално постои и се заведува во логови, книги итн., постои исто толку голем нелегален свет (подземен) за кој нема докази (или има многу малку докази), но сепак, постои. (Не беше вака напишано од збор до збор, малку слободен превод е, а и не ја паметам баш на памет реченицата, но поетната на авторот, барем јас колку што сватив, е таа). На крајот на краиштата, огледалото има две страни ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Џабе ќе ти наведувам контра аргументи за се што пиша бидејќи, како што пиша, станува збор за поткуп...  Поткупот не се заведува во книги и ретко има докази за него, така да, џабе ќе полемизираме околу ова. Ти веруваш дека нема, јас апсолутно верувам дека има.

Ја не напишав дека станува збор за поткуп,тоа го напиша batka.Имало поткуп или немало,не е толку битно.
Прашањето е дали може да им веруваме на мерењата дадени у часописите,дали мерењата одговараат на стварните перфоманси на појачалото или звучникот,или мерењата се „фризирани“? Само ако докажеш дека мерењата се фризирани,тек онда може да веруваш дали имало поткуп или не. Најзад,некој може да ги фризира мерењата не затоа што добил поткуп,него затоа што му се свиѓа комшиката што е секретарка у фирмата што ги прави тие појачала.   ;)  Или некој може да земе поткуп,па ипак да ги отштампа стварните мерења и да си ги задржи парите.У овој случај имало поткуп,па што?Гледаш дека не е битно дали имало поткуп или не,битно е дали мерењата се фризирани или не.
А за поткуп не можеш апсолутно да веруваш осим ако немаш сигурен доказ барем за еден случај за поткуп у некој часопис..А ти таков доказ немаш.Али тоа не е битно,не сме дошле до првиот чекор: Дали мерењата у часописите се фризирани или не?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #3 on 13.07.2013, Saturday, 22:49:10 (Edited 13.07.2013, Saturday, 22:56:27) »
Маки не знам колку години си и дали си испаднал од Македонија надвор,ама очигледно и да си бил ,си бил само туриста.Јас  сум работел надвор и тоа во фирми * глава да те заболи* и сум видел и доживеал некои работи кои се врзани со техниката,продажбата и * финтите* со неа.Прво пак извртуваш работи - јас зборот * поткуп* никаде не го спомнав.Очигледно е твој *изум*.Имав еден шеф кој постојано ,со години,летуваше во Шпанија по еден месец,а пара не плаќаше! Се му беше однапред платено,бидејки ја снабдуваше фирмата со резервни делови од една шпанска фирма.Или за она ЕУ/Западен Балкан.Има томови да се пишуваат за тоа ,ама ти веројатно не си ни запознат со тоа.Пример од неодамна : истиот лап топ од ACER купен кај нас и истиот лап топ купен во USA се разликуваат 100%- од матична,хард,до мемориите:Се работи за ист производ ,со исти карактеристики ( така барем пишува).Имав прилика да ги отворам во ист момент!! Разликата-Шар планина!!Ти ми зборуваш за докази!? Кому да му се жалам и докажувам? Увозникот сигурно појма нема,дури ке рече- да,мојот е оригинал!
За часописите не ми кажувај - за да опстанат денес се врзуваат со спонзори кои им наоѓаат муштерии кои трошат таква и таква роба и благонаклоно намигаат да се форсира таква роба.И во фирмата 1-2 луѓе знаат,не сите.Ама јавна е тајна дека некои фирми делат бесплатни ајфони,супер скапи телефони....летувања,пстудиски патувања.Тоа е познато.И никој тоа поткуп не го вика!? Тоа се се *репрезентативни трошоци* ,во кои освен ручеци,вечери,спаѓаат и крстосувања.излети со брод,авион.....се и сешто.Малку се оддалечивме од темава- да,не треба 100% да им се верува и на оние*препишувачи* кои секоја трета статија ја започнуваат со * фантастичен модел,најдобар досега,за тие пари не можете слично да купите...* Тоа ти е батка- маркетинг! Така во светот се работи.А ти дали веруваш на тоа или сакаш да слушнеш прво,тоа е друга работа и зависи колку пари имаш во џеб и дали ти сам си ги заработил.

Споено мислење: 13.07.2013, Saturday, 22:56:27
Бидејки очигледно не ги читаш постовите до крај,поготово твоите,еве кој го стави во текст зборот * поткуп:
Цитирано од Маки:
*Никој не е будала да пишува ако нема ќар од тоа,авторите имаат ќар, примаат хонорар од часописот.
Ќарот на часописите е од претплатата и од продадени примероци на читателите и од рекламите на фирмите.Никој не е будала да прима поткуп за „улепшавање“ тестови,кога знае дека истиот уред сигурно ќе биде тестиран и у некој друг часопис каде не било платен поткуп.*

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #4 on 13.07.2013, Saturday, 23:23:55 (Edited 13.07.2013, Saturday, 23:28:12) »
Маки не знам колку години си и дали си испаднал од Македонија надвор,ама очигледно и да си бил ,си бил само туриста.Јас  сум работел надвор и тоа во фирми * глава да те заболи* и сум видел и доживеал некои работи кои се врзани со техниката,продажбата и * финтите* со неа.Прво пак извртуваш работи - јас зборот * поткуп* никаде не го спомнав.Очигледно е твој *изум*.Имав еден шеф кој постојано ,со години,летуваше во Шпанија по еден месец,а пара не плаќаше! Се му беше однапред платено,бидејки ја снабдуваше фирмата со резервни делови од една шпанска фирма.

Прво и прво:
Имало поткуп или немало,не е толку битно.
Прашањето е дали може да им веруваме на мерењата дадени у часописите,дали мерењата одговараат на стварните перфоманси на појачалото или звучникот,или мерењата се „фризирани“?
Друго:Ниту си работел у некој часопис,ниту фирмата у која си работел плаќала на некој часопис да ги фали шпанските резервни делови. Оф топик си за ова.

Или за она ЕУ/Западен Балкан.Има томови да се пишуваат за тоа ,ама ти веројатно не си ни запознат со тоа.Пример од неодамна : истиот лап топ од ACER купен кај нас и истиот лап топ купен во USA се разликуваат 100%- од матична,хард,до мемориите:Се работи за ист производ ,со исти карактеристики ( така барем пишува).Имав прилика да ги отворам во ист момент!! Разликата-Шар планина!!Ти ми зборуваш за докази!? Кому да му се жалам и докажувам? Увозникот сигурно појма нема,дури ке рече- да,мојот е оригинал!

Уопште не спорам да ли се различни или не се.Прашав:
Прашањето е:
Дали појачалото тестирано у часописот (истиот модел,наменет за UK а не за Западен Балкан) си го измерил,па си сигурен дека излажале за мерењата?

За часописите не ми кажувај - за да опстанат денес се врзуваат со спонзори кои им наоѓаат муштерии кои трошат таква и таква роба и благонаклоно намигаат да се форсира таква роба.И во фирмата 1-2 луѓе знаат,не сите.Ама јавна е тајна дека некои фирми делат бесплатни ајфони,супер скапи телефони....летувања,пстудиски патувања.Тоа е познато.И никој тоа поткуп не го вика!? Тоа се се *репрезентативни трошоци* ,во кои освен ручеци,вечери,спаѓаат и крстосувања.излети со брод,авион.....се и сешто.

Немаш доказ за поткуп у часопис,ти само веруваш у тоа без ни еден доказ,не си видел директор на часопис да летува у Шпанија безплатно.А и прашањето е друго:
Имало поткуп или немало,не е толку битно.
Прашањето е дали може да им веруваме на мерењата дадени у часописите,дали мерењата одговараат на стварните перфоманси на појачалото или звучникот,или мерењата се „фризирани“?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Извини,ама се повторуваш веке три пати.Не можам да ти докажам нешто што сите го знаат,барем оние што професионално работат во некоја фирма и кои го познаваат маркетингот. Освен тоа,кога веке прашуваме: како би опстанал некој часопис во ова време,макар се викал Стереофил или како сакаш нека се вика,без спонзори и реклами.Ако мислиш дека само од читателите и 5’ -те долари кои ги плаќаат за весникот - тогаш си во дебела заблуда.Зад секој весник стојат спонзори ( читај ко-сопственици ,инвеститори,гуру мајстори ...) кои ја одредуваат политиката и насоките по кои оди весникот и уредувачката политика.Ако се јави некој озбилен спонзор од Русија,на пример, и им понуди пример 5 милиони долари ако пишуваат за некој си ххххх руски систем,да видиш како ке се сменат сите тестови и написи и Русите ке бидат бр 1 во светот.Ако некој не сака да пишува за тоа ,ќе добие клоца и ке најдат друг кому нема да му биде тешко да ги * филува* мерењата и да го фали новиот * бренд*.Но доста ти држев предавања за маркетинг,најдобро е да земеш некој средношколски учебник за маркетинг и го прочиташ!!За другиве твои *согледувања* нема да трошам зборови,остани си убеден во тоа дека се е така како што велиш,дека козата нема рогови и дека сите зајаци се розови....

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #6 on 13.07.2013, Saturday, 23:37:40 (Edited 13.07.2013, Saturday, 23:46:26) »
Прво пак извртуваш работи - јас зборот * поткуп* никаде не го спомнав.Очигледно е твој *изум*.

Зборот „поткуп“ не го спомна,али исто како да си го спомнал,ево што си напишал:

Прво во такви часописи обично написите * се купуваат*.Производителот посредно или непосредно му плаќа на авторот на написот

Ако ова твоево „се купуваат“ и „му плаќа на авторот на натписот“ не се вика „поткуп“..

Споено мислење: 13.07.2013, Saturday, 23:46:26
Извини,ама се повторуваш веке три пати.Не можам да ти докажам нешто што сите го знаат,барем оние што професионално работат во некоја фирма и кои го познаваат маркетингот. Освен тоа,кога веке прашуваме: како би опстанал некој часопис во ова време,макар се викал Стереофил или како сакаш нека се вика,без спонзори и реклами.Ако мислиш дека само од читателите и 5’ -те долари кои ги плаќаат за весникот - тогаш си во дебела заблуда.Зад секој весник стојат спонзори ( читај ко-сопственици ,инвеститори,гуру мајстори ...) кои ја одредуваат политиката и насоките по кои оди весникот и уредувачката политика.Ако се јави некој озбилен спонзор од Русија,на пример, и им понуди пример 5 милиони долари ако пишуваат за некој си ххххх руски систем,да видиш како ке се сменат сите тестови и написи и Русите ке бидат бр 1 во светот.Ако некој не сака да пишува за тоа ,ќе добие клоца и ке најдат друг кому нема да му биде тешко да ги * филува* мерењата и да го фали новиот * бренд*.Но доста ти држев предавања за маркетинг,најдобро е да земеш некој средношколски учебник за маркетинг и го прочиташ!!За другиве твои *согледувања* нема да трошам зборови,остани си убеден во тоа дека се е така како што велиш,дека козата нема рогови и дека сите зајаци се розови....


batka, пак оф топик си, прашањето е:
дали мерењата одговараат на стварните перфоманси на појачалото или звучникот,или мерењата се „фризирани“?
Не е битно дали имало поткуп или не,битно е дали измереното одговара на стварноста.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дали може да им се верува на тестовите во списанијата?
« Reply #7 on 13.07.2013, Saturday, 23:48:01 (Edited 14.07.2013, Sunday, 00:05:35) »
Овој последниов пост ти беше навистина *револуционерен*,дури и од тебе вакво нешто не очекував!! :D :D :D :D :D :D  Абе сите за ова ке ти се смеат што го напиша-*Ако ова твоево „се купуваат“ и „му плаќа на авторот на натписот“ не се вика „поткуп“..*Не се вика поткуп бидејки се вика купување и плаќање.Е,мој Маки ,не си во форма очигледно,немој веке да замараш бидејки на ова тема * падна* дебело,се лизна на кора од твоја банана. Ама,да беше во Судница ова некој адвокат дебело ке те *репнеше* што ги извртуваш зборовите . ;D ;D ;D

Споено мислење: 14.07.2013, Sunday, 00:05:35
Маки ,те цитирам:
Друго:Ниту си работел у некој часопис,ниту фирмата у која си работел плаќала на некој часопис да ги фали шпанските резервни делови.

Да ,не сум работел во часопис и навистина не познавам директор кој летувал во Шпанија на сметка на некој часопис.Овој мој бивши директор( во странство) летуваше бесплатно во Шпанија ,ама на сметка на една шпанска фирма која произведуваше електронски делови и немаше свој стерео-филски часопис,само рекламни флаери печатеше.

Цитирам:
Зборот „поткуп“ не го спомна,али исто како да си го спомнал

Ова е револуционерна доктрина кога некому мисли му читаш,браво,не сум знаел што навистина сум мислел,ако ти не ми кажеше!!

Цитирам:

Не е битно дали имало поткуп или не,битно е дали измереното одговара на стварноста.

Е,сега кога *поткупот *не е битен ,да ти кажам дека не знам и не ме интересира на која стварност одговараат мерењата.Уосталом,за кои мерења мислиш/Твоите или нивните??

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
batka,не бегај од прашањето:
дали мерењата одговараат на стварните перфоманси на појачалото или звучникот,или мерењата се „фризирани“?

А за другото..
Да „му плаќа на авторот на натписот“ може само директорот на часописот,а ако некој друг од надвор го плаќа тоа се вика „поткуп“ на авторот и тој ќе лета од часописот.
Исто,авторот може да „го купува“ само некој од надвор од часописот,а ако некој го фати у тоа,пак ќе лета од часописот.Директорот на часописот не „го купува“ авторот или текстот, него му плаќа хонорар.
batka,дај пази што пишуваш..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Маки,абе немам што друго пред спање да работам :D :D па ми е драго со тебе да се допишувам.Многу нејасен си ми вечерва,не знам што така.малку се губиш,ама по ред:
Зошто мислиш дека само Директорот на часописот може да му плаќа на авторот на текстот, а не може и некој друг без тој да знае??
Цитирам:
Исто,авторот може да „го купува“ само некој од надвор од часописот,а ако некој го фати у тоа,пак ќе лета од часописот.Директорот на часописот не „го купува“ авторот или текстот, него му плаќа хонорар.
Зошто мислиш дека Директорот  не може да го купи авторот на текстот,ако и самиот е *купен*.Едноставно- ке го * надуе* хонорарот на авторот за толку колку што ке се договорат.Се разбира Директорот го собира *кајмакот*

Мислам дека ти е доста за вечерва,да не отидеш во крајност.

За она по трет пат поставувано револуционерно прашање : дали мерењата се *фризираат*? Да ,постои голема веројатност.Постои голема веројатност бидејки знаат дека некој во МК кој ги чита тие часописи и мерења нема соодветна опрема,техника,услови,ниту пак го интересира на крај краишта дали некој појачувач од 2000 ЕУ има изобличување 0,0001% или 0,0000001% .со оглед дека таков уред само може да сонува.А ,ако некој случајно и набави такво нешто,не е ни битно -од страв дека податоците не се веродостојни нема ни да помисли да ги мери! ( а,на што да ги мери,тоа е друго прашање!)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Цитирам:
Не е битно дали имало поткуп или не,битно е дали измереното одговара на стварноста.

Е,сега кога *поткупот *не е битен ,да ти кажам дека не знам и не ме интересира на која стварност одговараат мерењата.Уосталом,за кои мерења мислиш/Твоите или нивните??

Ти тргнуваш од тоа дека сигурно постои поткуп па не те интересираат мерењата у часописот,претпоставуваш дека се фрисирани зашто „се платени“.А што ако немало поткуп?Ваљда некогаш има мерења без поткуп?Како ќе ги разликуваш тие реаални мерења од оние „платените“?
Не мислам на моите мерења,него на мерењата од чсописот дали се исти со оние кои некој друг „некупен“ може да ги измери на истото појачало. Па ваљда и тебе треба да те интересира какви се перфомансите на некој уред? Како ги испитуваш? Сам ги мериш?Онда дали и ја треба да сумњам дека твоите мерења се „купени“?   :D   :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Почнувам да се сомневам дека си ти некој Директор на стерео-филски часопис! ;D ;D ;D ;D ;D

Абе Маки,кога јас мислам да купувам некој појачувач - одам ,слушам, купувам ( ако ми се допадне!!) Друго ништо не е меродавно!! Дури некогаш ниту цената не ме интересира!!! Поготово ако некој уред ми треба за работа!

Ако јас чекам некој Стереофил да мери и објави мерења,па да споредувам дали се точни,не се- отиде свадбата!

Ти не треба во мене да сумјаш,доволно е батка што во себе сумјаш! 8)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
За она по трет пат поставувано револуционерно прашање : дали мерењата се *фризираат*? Да ,постои голема веројатност.Постои голема веројатност бидејки знаат дека некој во МК кој ги чита тие часописи и мерења нема соодветна опрема,техника,услови,

Најзад одговор!
Таа твоја голема вероватност се базира на тоа што си измерил нешто што било тестирано у некој часопис,па нивното се разликува од твоето па си сигурен дека ги фризирале мерењата? Или све останува само на твоите недокажани сумњи у поткуп?
Ако нема некој у Македонија да направи такви мерења,у странство сигурно има.Ево ти си работел у странство,си видел ли такви некои „непоткупени“ мерења да се разликуваат од оние од часописите?Или пак останува само на твоите недокажани сумњи у професионалноста и чесноста на часописите?

Offline Doca

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 275
    • Borina Amaterska Svastara
Raduje me sto vam nikada nije dosadno....  ;)
Kad je čovek sam, uvek je u lošem društvu!
****************************
Imati prijatelje, to znaci prihvatiti da ima lepsih, pametnijih i sposobnijih od vas. Ko to ne moze da prihvati - nema prijatelja!

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Абе Маки,кога јас мислам да купувам некој појачувач - одам ,слушам, купувам ( ако ми се допадне!!) Друго ништо не е меродавно!!

Поштувам ова,али тоа не беше прашањето.
Прашањето е: Од каде си сигурен дека мерењата у часописите се фризирани?Остај тоа твоите недокажани сумњи у поткуп.Имаш нешто конкретно?