Аналогна електроника > Побарувања

Која е таа радио станица АТОМ 3?

(1/3) > >>

DX-er:
Дали некој знае која е таа станица Атом3. Била многу популарна во југославија.
Ако некој има шема нека прати.

LordZi:
Некаде 80-те години од прошлиот век беше објавена во неколку продолженија во списанието SAM и знам дека доста луѓе ја имаа направено. Не знам точно во кои броеви, би требало batka да ја има правено и да знае... ;)

batka:
Да бе,се Батка ви е крив. ;D ;D Да,во SAM svoj majstor 80-тите години се започна една самоградителска акција- само прво беше АТОМ 1,па АТОМ 3 и на  крај АТОМ 3 IC.Сите стари броеви на САМ му ги дадов на Лордзи и нека побара 81 година беше мислам..... 8) 8)
Иначе,АТОМ беше СВ станица 27 Мхз 1 до 3 W,првата верзија со АС и АF...транзистори,втората беше со ВФ предпојачувач на влез на приемникот,а третата она IC - имаше 2-3 ИК и мосфет на влез... Потоа дозволија увоз :D :D и се промовираше YUGO ( една KAISER верзија со 40 канала).
Немаше Алиекспрес како сега па сами си правевме.Со еден мој другар од Велес редовно *скедувавме* со Скопје преку две такви станици.Тој е сега професор во Средна поштарска и му беше класен на еден наш член  ;D ;).Веке ретко и по мобилен се слушаме..  ???
Споено мислење: [time]04 Јануари 2016, 11:02:24[/time]Еве најдов нешто.. 8)

nsu:
Ја имам видено таа станица лично батка од твојот пријател почитуваниот Петре Николовски кој го спомнуваш и дури сме дебатирале како работи со него го прашав еднаш и ми рече јас сум ја направил лично и ми раскажа околу тоа како функционира се.Има огромно практично знаење тој човек не само теоретско за разлика од многу други 8).Петре освен што бил класен на Даниел беше и мој класен и лани замина во пензија не не истера дури до крај нас набрзо и ние завршивме четврта година.Често ве поздравуваше и вас батка. ;D

batka:
Е,да.во пензија отишол! ;) Одличен пријател,самоградител,нишка школа. Тогаш проблем беше да се најде материјал,кварцови, транзистори.Вадевме стари делови.рачно цртавме плочки.бушевме со една бургија која си ја позајмувавме.Немаше каде да се купи! ???
За подесувањето - има цела серија да се направи! ;D ;D А првата антена кога ја намести Петре ,го фати половина двор.Јас ја ставив првата GP на кровот на зградата и ми ја растргна првото невреме . >:( историја ! Ама бевме среќни ,и тоа како,кога прв пат се слушнавме иако бевме едвај 200 м воздушна линија оддалечени. :D :D Поздрав до него ако го прочита ова или го видите лично!

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version