Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: cika on 27.02.2011, Sunday, 12:27:29

Title: Проблем со Sony Ericsson K550i
Post by: cika on 27.02.2011, Sunday, 12:27:29
еј дечки како можи да се напрај сони ериксон к550и секогаш кога звони некој да се слуша на звучникот од напред шо е над дисплејот.

(оти имам некој спој на матичната ми падна еднаш има спој НОНСТОП се уклучени слушалките и ако сакаш да го слушаш треба СПИКЕРО да го уклучиш   :(  

е сеа зато прашвам како можи да се напрај така  ::)
Title: Одг: Проблем со Sony Ericsson K550i
Post by: GigaWatt on 28.02.2011, Monday, 07:36:21
Прво, ќе те опоменам за насловот и дел од post-от, името на брендот производител е Sony Ericsson, а не сони ериксон. Можно е некој при пребарување на форумот да го има истиот проблем, па да не може да го најде твојот post бидејќи на подруг начин ќе пише да се пребара нешто во пребарувачот низ форумот и да не му извади резултати. Затоа, ги замолувам сите членови, во иднина да ги пишуваат насловите со проблемите на уредите правилно, односно со латинична поддршка и на правилен начин (значи, пример, името на брендот е Panasonic, а не Панасоник, моделот на уредот е KX-TG6512, а не КХ-ТГ6512, или нешто слично на ова).

Ќе преминам на советување како да го решиш проблемот со телефонот. Расклопи го целиот телефон и пробај склопи го пак назад. Телефоните во денешно време имаат многу малку водови (кабли/flat кабелчиња) во нивните куќишта (најчесто само за дисплејот на телефонот), па поради тоа, шансите да настанал спој на кабелчињата се многу мали. Доколку има настанато спој, најверојатно е поради изместен контак за звучник, моторчето за вибрации, конекторот за полнење, или нешто слично. Овие периферни конектори/компоненти најчесто се врзани за плочата на телефонот преку федерчиња (кои треба да изведат добар контакт со плочата на телфонот одкако ќе се склопи телефонот) или со „лебдечки одстојници“ (искрено, не знам како се викаат тој тип на контакти, кај други типови а удери најчесто се користат за поврзување на масата на уредот со металната шасија, за да не мора производителот да става додатни жизи за поврзуавње на масата ;)). По расклопувањето на телефонот, провери дали дел од контактите на периферните уреди/конектори се изместени или искривени (не се во нивната оригинална позиција). Доколку се, врати ги контактите во нивната оригинална позиција. Потоа склопи го целиот телефон пак назад и пушти го во работа. Доколку се е во ред, би требало се да се врати „во нормала“ ;).