Здраво на сите. Се викам Александар од Куманово.
Сакам, да поставам прашање во врска со лаптоп.
Имам лаптоп на кој му е скршен и изгорен влезот за полнач, така да нема никаква опција да го вклучам да почне да работи.
Имам идеја но ви пишувам на сите
за да ми кажете дали е изводливо или воопшто да не се трудам. Па вака... Бидејќи батеријата од лаптопот е со 4 - ќелијни батерии (MH12210)
тие се со 3,6 V со 2600 mAh, така да се распределени на 4 волтажи и тие се: 14.4, 10.8, 7,2 и 3,6V.
Дали постои опција на излез од оригиналниот полнач со 14,4V да се распредели напонот на предходно наведените напони, (на некој начин да се раздели) и истите напони да се поврзат наместо батериите па така батеријата напојувана со полнач од лаптоп да се врати пак назад во лаптоп.
Благодарам однапред!!
Со Почит,
Александар Димитриевски