Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Bojan on 16.09.2013, Monday, 16:15:19

Title: Проблем со батерија од лаптоп
Post by: Bojan on 16.09.2013, Monday, 16:15:19
Колега на татко ми му дал батерија од лаптоп зашто батеријата од ништо одма цркнала (претходно ок држела), и мерев напон на краевите кај што се поврзани батериите има напон од 16,5V, а на батеријата пишува дека треба да дава 14,8V. После тоа ја оптоварив со струја 1А и напонот скоро ич не падна, па знаете ли што би бил проблемот???

иначе незнам батеријата од што лаптоп е, а мислам дека не е битно тоа, ако е битно кажете ке дознаам :D
Title: Одг: Проблем со батерија од лаптоп
Post by: batka on 16.09.2013, Monday, 16:53:56
Батка,а да ја оптовариш со 4,5А?? 8)
Title: Одг: Проблем со батерија од лаптоп
Post by: GigaWatt on 16.09.2013, Monday, 18:30:27
Како тоа „цркна“. Не ја детектира лаптопот, не ја полни, ја полни, ама не кажува колку е полна?

Врз база на ова што го имаш наведено (наеднаш „цркнала“), ми изгледа како контролерот во батеријата да е зезнат. Нека проба сопственикот со друга иста батерија. Ако и таа не ја чита лаптопот, проблемот е во лаптопот, ако ја чита, проблемот е во батеријата. Најверојатно ќе треба да се смени контролерот.

Отвори ја батеријата и на секоја од келиите мери им напон. Ако е во граници на нормала (од 3.3 до 3.7 или 3.8V на секоја од келиите), сомнежот паѓа на контролерот.
Title: Одг: Проблем со батерија од лаптоп
Post by: batka on 16.09.2013, Monday, 18:48:35
Да.во самата батерија има електроника која го контролира полнењето и празнењето на батеријата.Често пати иако е батеријата технички исправна ,лап топот не ја поолни,препознава и контролира поради неисправната електроника.Исто така,на празно може да работи (покажува  напон), ама при поголемо оптовареување веднага паѓа напојувањето !Затоа батеријата подобро пробај ја на лап-топ!
Title: Одг: Проблем со батерија од лаптоп
Post by: Toma on 16.09.2013, Monday, 23:42:11
Батерија со електроника.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/busted-laptop-battery.jpg)
Title: Одг: Проблем со батерија од лаптоп
Post by: Bojan on 18.09.2013, Wednesday, 02:42:03
@batka сега ја оптоварив батеријата со 5,3А и напонот од 16,3V падна на 14,6V


@giga лаптопот не сакал да се пушти да работи на батерија или да работи само на батерија, здравје утре ке го прашам човекот дали сакала да се полни или не

има електроника во нејзе (батеријата ми ја дадоа веќе отворена), ама скоро сите интегралци се замачкани со нешто и не се читаат што интегралци се...
Title: Одг: Проблем со батерија од лаптоп
Post by: GigaWatt on 18.09.2013, Wednesday, 04:32:58
Дај слика, модел и производител на лаптоп и батерија. Можеби online ќе најдеме слика од електрониката, па ќе видиме кои се интегрираните кола, па потоа datasheets ќе побараме (ако има да се најдат) и се останато ;).
Title: Одг: Проблем со батерија од лаптоп
Post by: Bojan on 19.09.2013, Thursday, 08:45:12
aj od ponedelnik ke go pisam sto e deka ne sum doma...

od mob