Електронски уреди > Монитори и ТВ приемници

Поправка на PC CRT монитор

(1/3) > >>

slobo_n:
Проблемот е следен. При мали потреси мониторот ја спушта сликата надолу. Доколку ја поткренам десната страна од мониторот (да речеме со некој предмет), сликата се враќа во нормала, притоа при потреси може сликата пак да се намали. Најверојатно се работи за ладен лем, бидејќи мониторот работи во одредени позиции без многу мрдање. Сакам сам да го поправам, но досега не сум отворил монитор.

* Малку прочепкав по нетов и забележав дека прво треба да го испразнам екранот од напон, бидејќи може да предизвика изгореници(ако не и полошо?) ако некаде го допрам. Како да го направам тоа?

* Дали има и некои други кондензатори кои чуваат во себе опасен напон и како да ги испразнам и нив?
*

Devil:
Значи се празнат влезните кондензатори од напојувањето
ќе видиш кај ти оди кабелот за напојувањето треба да има неколку поголеми такви кондензатори ним треба да ги испразниш тоа се прави со што се зема помоќен транзистро со некоја вредност повеке стотици оми и се допираат краевите на кондензаторите
вака ќе се испразнат
пред да почнеш со работа ќе фатиш со рацете за некоја чешма нешто цефка за водовод метална парно или слично за да се испразни електрицитетот од тебе пошто некои монитори се осетливи на тоа

LordZi:
Најбезбедно е со отпорник од околу 50к/5W да ги споиш плусот и минусот на сите електролити за висок напон (напонот го пишува на нив) и да го подржиш малце додека не се испразнат, а после обавезно со волтметар да провериш дали се празни. Можеш да ги спојуваш и директно, на пр. со штрафцигер (изолиран!!!!), ама вака е посигурно.

BorceBT:
Пази со методот со шрафцигер да ги спојуваш бидејќи се слуша гласно пукање од брзото празнење на струјата, шрафцигерот се оштетува а некогаш може да се расипе електролитот (да се краткоспои внатре или да прекине).

slobo_n:

--- Quote from: LordZi on 17.03.2010, Wednesday, 22:43:24 ---Најбезбедно е со отпорник од околу 50к/5W да ги споиш плусот и минусот на сите електролити за висок напон (напонот го пишува на нив) и да го подржиш малце додека не се испразнат, а после обавезно со волтметар да провериш дали се празни. Можеш да ги спојуваш и директно, на пр. со штрафцигер (изолиран!!!!), ама вака е посигурно.

--- End quote ---
Сепак се решив да ги испразнам со отпорник (најдов некои и со повисока вредност), со цел да го избегнам искрењето. Дали со празнење на горенаведените кондензатори, мози да се речи дека и катодната цевка е празна, и дали воопшто имам потреба да ја празнам истата (не дека ќе чепкам на неа).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version