Дигитална електроника > Логички кола

Едноставна електронска брава со 5 броеви

(1/2) > >>

BorceBT:
Ова е пример за едноставна електронска брава со 5 броеви и користи 2 х 7400 TTL кола. Значи на местото на LED диодата и отпорникот ставате минијатурно 5V реле кое после го поврзувате на електромагнетот на вратата (на бравата) и имате комплетна кодна брава.



Внатрешната шема на колото 7400 заедно со портите е дадена подолу:

DX-er:
Ме заинтересира темава. Како може да избереме кои да бидат тие 5 бројки ?
На пример сакам шифрата да биде: 35489
Ако може Борче или некој друг да стави монтажна шема бидејки вака од сликава не ми е баш јасно како да ги поврзам двата IC, каде да поврзам тастери и реле.

batka:
Лесно е : на место на тастерот означен со број 1 ( пред мултивибратор со N1 /N2) го врзуваш тастерот бр 3 од тастатурата за брава,на тастер бр.2 го врзуваш тастер бр 5 од тастатурата и така натаму.Ако сакаш да ја смениш шифрата треба сано да ги прелемиш соодветните тастери.
Споено мислење: 19.01.2016, Tuesday, 22:32:43Да биде појасно еве пример за првиот бр 3

DX-er:
Фала Батка за појаснувањето, иначе за 10 бројки потребни се 2 IC ? Бидејки едно IC е за 5 бројки. Како би ги поврзал двете IC во еден склоп? Уште ова ме интересира, дали точната шифра мора да ја напишам по реден број или броевите може измешано да се напишат?

batka:
Можеш и со две  ИК да ја направиш,со тоа што мултивибратотот со N1/N2 од второто коло  го спојуваш на тастер 5 ,а ги отфрлаш отпорникот 220 оми и ЛЕД ,а нив ке ги ставиш на крај на второто ИК. Само ке немаш комбинација со 10,ами само со 9  броеви  8). Но,мора да предвидиш и место за барем 1 транзистор и реле за да функционира бравата како што треба.Има брави и со лажни тастери кои ја ресетираат бравата и се потешки за *обивање*. ;D ;D
Еве една шема со 2 х CD4013,со комбинација и лажни тастери,како  и транзистор и реле за отворање на бравата ,која мора да биде електрична.


--- Code: ---http://web.vip.hr/g.ivanevi.vip/el,brava.html
--- End code ---

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version